Од последнава изјава дека не пошле плански со таква намера туку дека го сретнале случајно сфаќам дека ќе се истера добро до крај. пробуваат само да ги спасат од убиство со умисла. Ама дека од убиство ќе бегаат тешко.
Озбилни сте дека верувате на напишаново?ако е така тогаш верувајте дека и сам си барал да го убијат,верувајте и дека не го тепале,него паднал на тротоар и умрел. КЕ ВЕ ЗАМОЛАМ СО СЛУЧАЈОТ НИКОЛА-САЗДО,ПОВЕЌЕ НИКОЈ НА ФОРУМОВ ДА НЕ МЕ ЦИТИРА,ЗАТОА ШТО МЛАДОТО МОМЧЕ Е ПОЧИНАТО,И ВЕЌЕ НЕМА ПОЕНТА ДА СЕ ЗБОРУВА,ОСТАВЕТЕ ГО ДА СИ ПОЧИВА БАРЕМ НА ДРУГИОТ СВЕТ ВО МИР. ПОЗЗ
@forumce Ако јас застанам пред тебе и 100 пати ти речам во лице Глупа,глупа,глупа ( пример ) и ти ме удриш испровоцирана, кој ќе биде крив? Ти ќе одговараш законски, а и јас носам морална кривица т.е одговорност. И редно е да се застане тука. Казна соодветна ќе има, пошто испадна дека и записник имало од прв ден, и притвор имало одма и распит,престанете со филмови и фрст хенд информации, пошто се се, освен информации/
Кое било тоа време? Ние заборавивме да ја спомнеме наставничката од прво до четврто, па ни реагираа од школото, а не ваков вознемирувачки текст, срамота. Ама во врска со ситуацијава... ај да не се правиме слепи и глуви и да се криеме зад политичка коректност. Најмалку сум за поделби на база на националност, ама мислам дека сите знаеме што се случува.
Можеби и било така за алманахот, во ред. Можеби и не се сеќавам. Сакаш да кажеш дека само тој провоцирал?? Немој не ме .... Цвеќиња ги направивте
Dokaz deka si rekla glupa nema, zbor protiv zbor, ama dokaz od tepanje ima. Inaku ne smees ds udris kolku i da si isprovocirsn. Doma ti vlaga kradec, ne mu smees nisto, go drzis i cekas policijq. Zakon jbg.
Не се Албанците виновни за се. Ама не се ни Македонците како што упорно се прави на темава. Ако ти сакаш уште поголем раздор да направиш, баш ова прави го - не ги санкционирај напаѓачите,дозволувај им да си кидаат под триста измислени изговори. Пробај еве, прави им го на Алабанците со нивните напаѓачи, да видиш кај ќе стигнеме.Проблемот е дека се преправаме дека живееме во соживот, а не живееме. Да, сите имаме пријатели, дел од нас никогаш не биле во некаков конфликт од етнички карактер ама, има и такви кои биле и кои ама за ништо не биле криви освен што биле од спротивната страна. Проблемот е дека изградивме сегрегирано општество,паралелен систем и култура на..јас не им се мешам во нивни двор. Коментарите од типот..јас имам пријатели Албанци и со нив ми е супер,немам проблеми ко шо имам со МК,..што не ми се случило на мене?! Каков е тој аргумент? Чувајте си ги за себе.
@ЕденЧлен А што има тука за неверување ? Направен записник,приведени, на распит, доделен адвокат, се вадат со своја верзија како и сите обвинети. Нивно е да кажат било што во своја одбрана, ама што и да тврдат,вистината нема никој да ја обори. Поготово не сега кога случајот е под будното око на целата македонска и европска јавност. Поздрав и до тебе
Зошто не пријавил во полиција дека го малтретираат? Зошто не пријавил дека добивал закани? Зошто се обидел сам да го реши проблемот? Со кој памет???
Ама кажавме веќе,нели ? Т.е заклучивме ! Никола заслужено и од "своја глава " си умре . Не се прашаш со кој памет оние го убиле ,ме прашуваш со кој памет пишувал постови против Албанците ?! Ај беља работа
Мене ми е мило што израснав и живеам во етнички мешана средина. Купувам најчесто во албански маркет. Колата ја носам во албанска автомеханичарска работилница. Се дружам со луѓе од разни националности. Тоа ме прави побогата. Луѓето ги плаши стравот од непознатото. Пробајте да ги запознаете, не дозволувајте да ве водат предрасуди. Омразата раѓа омраза. Екскјуз мај френч, ама теле се учи, а не вол. Јасно ми е дека нема да ви ги искоренам предрасудите ако самите тоа не го одлучите, ама за среќа можам да делувам таму кај што работам, и да се обидам колку толку да ги воспитам идните генерации, и сигурна сум дека имам многу колеги Македонци и Албанци кои размислуваат и делуваат како мене.
Форумче, навивачкиве групи имаат одбојност према полицијата како прво.Таков им е менталитетот и мислат тоа е кул. Одгледале 2 3 хулигански филмови и се примаат, а забораваат дека реалноста е друга. A.C.A.B e парола што ја има на секоја утакмица кај сите клубови. Тоа е тоа земање на правдата во свои раце, покажување кој повеќе сила има,кој појако ќе удри, кој повеќе души ќе собере. За нив е понижување и покажување немоќ ако пријавиш во полиција. До тука со интелигенцијата на таквите. Тоа е генералното стање со хулиганиве, и македонските и албанските. Навивачиве се млатат едни со други не само по национална основа, јас се сеќавам изби масовна тепачка со шипки и што ти не знам друго меѓу Кумани и Аеродромци мислам. Мислиш војна изби. И таму по игра на околности, еден јак, погрешен удар можел да заврши фатално по нечиј живот. Ама насловите тогаш немаше да гласат 'Македонец уби Македонец' kako што сега одекнува дека Шиптар убил Македонец. Навивач убил навивач и тоа е тоа..
Они ја земале правдата во свои раце. Зошто бе не разберете?? Зошто бе тој не убил некој нивен ако му се заканувале? Зошто??? Зошто него го убија? Затоа што они ги решаваат проблемите со убиство. При докази слепи се правете. Никој не ги сака нив, никој. Освен македончето. Оти го тепат и убиваат. Тоа им е фала И уште ова. Се убивале и македонци меѓу себе и шиптари и срби и секакви. Ама македонец кога ќе убие шиптер , дојди и кажи ми Не зборувам за навивачи, за обични луѓе зборувам
Да, само што не зборуваме за нормални луѓе од секојдневен живот, зборуваме за навивачи кои шират терор кај и да се појават. Сигурно колегата Албанец нема да земе и да те мава со шипка по глава или да ти каже да умреш, или јас да се дерам СМРТ ЗА ШИПТАРИ на пријателите Албанци, меѓутоа ова е екстремно дивјачко однесување и според мене не е доволно казнувано. Луѓе избегнуваат населби кај што се одржуваат утакмици заради нив. Не се работи за предрасуди, националисти се и тоа е тоа.
Сигурно не си пазарела во Елкос Гостиваринаку ќе знеше дека нема никаде ништо да прочиташ ( основно инфо за раб. време или вид на производ) на македонски, а и на каса ќе ти се обратат со нивен јазик и за пари да платиш треба да се снајдеш дека ете не разбираат македонски. Преку пат додека пазариш ќе уживаш во строго албанска музика, а и кога се отвори огласот бешр само за албанци. Тоа е соживот на дело. Кога ќе размислам дека сите училишта им ги сменија имињата ми иде да, ништо македонско нема, бистите на борците еден по еден ги истребија и што е битно прв јазик секаде е албанскиот македонакиот, турскиот. Сакаш уште... Реалноста е ваква.
И што се случи тогаш??? Во Елкос во Штип кога го отворија не знаеја вработените да зуцнат на македонски. Некои работи се кристално јасни, а вие упорно зборувате за соживот
Мислев на колеги наставници, кои можат да делуваат на децата дури се уште мали. Кога веќе ќе ги фати пубертет, отиде возот @makedonkamak, не, С маркет во Ченто.