Луѓе ако дечкото носи нож на 17 - 18 години, а тргнал да се види со девојка, каква иднина има таа девојка со него? Кој нормален на состанок со девојка оди со нож? При прва караница можел неа да ја избоде. Многу се наивни и лакоми денешните девојки, мислат се што лета се се јаде.
Не треба да се суди по етницитет и по тоа кој каде живее.Битно е само дека гинат млади лица,а на политичариве не им е гајле.
Девoјкa aкo oди сo некoј штo нoси нoж сигурнo и тaa имa исти мoзoк, a вo денешнo време тaкви имa дa ги ринеш.
Иако ретко споделувам приватни работи и се воздржував да го задржам ова у себе и да не го коментирам по Форумов, али читајќи ги коментариве тука и со последнава случка во врска со детево од Лисиче не можам, ќе пукнам. Пред некој период мој втор братучед беше прободен со нож во предел на стомакот. Детето е на 17 години и е во критична состојба. Животот му виси на конец што се вели. За овој случај ниту се прошири нешто во јавноста, ниту е најден сеуште сторителот, нит државава нешто многу курот ја заболе. Баба ми срцев удар ќе ја стрефеше на лице место, жена у години. Помирно дете од детево не познавам искрено, гласот ретко кога му се слуша. А вакви случаеви се повеќе и повеќе стануваат секојдневие во нашава вукојебана, искорумпирана "држава", ако можам да ја наречам. Поготово во период на адолесценција. Обвинителството курташак си игра, нит се знае уште причината, ниту пак верувам дека сторителот ќе се најде да си ја одлежи казната т.е да скапе у затвор. Секоја ваква случка те како е жалосна и ме вади од такт. Како може некој да си даде за право да ускрати еден млад живот кој треба да се оформува како личност, да гради своја иднина. Да сјебе цел живот на родители кои го посветиле цело внимание и го растеле тоа дете во здрава и права личност. Нема никаква психолошки мерки/обука воведени во средните и основните училишта, за да оформат стабилно здрави психички особи уште од најраната возраст. Булинг и омраза врие насекаде низ сите училишта и тоа секогаш поминувало као "било поминале" и све е отидено у курац. Се прашувам колку вакви случаеви се сокриени од очите на јавноста и поминале без да биде пронајден сторителот. Али секако, да беше нивно дете ќе ја превртеа цела држава и сторителот ќе го запалеа на Плоштад, вака ќути си и трај си, кур те боли.
Секоја недела има по некое дете истепано, избодено. Билтен црна хроника да се отвори доволно е. Немам деца, но се ежам при помисла да ги растеш во ваква држава, каде детето ќе ти биде боксерска вреќа. Учете ги децата да внимаваат, по автобуси 16 очи да отворат, па ако треба и нож или спреј нека си носи, инаку не се излегува на крај. А се знае од кои побуди е избоден? На национална основа да не е ?
Да видете што се работи по училиштата, ќе ви биде појасно што се случува со децата. Инаку ваквите тепачки низ Ск не се нови. Ги имало отсекогаш. И место да се превземе нешто, проблемот продолжува. А и со кого? Со кои кадри, луѓе? Знаете какви наставници, професори и стручна служба работат по училиштата? Не, не знаете. Катастрофа е. Родителите пак, се друг проблем. Жално и за убиеното дете и за она кое го извршило убиството.
Не е ова работа на професорите, убиството се случи по полноќ, не во школо. Треба затворска казна, брзо судење и готово. Друго, ова е државјанин на Босна кој тука дошол да живее. Државата може да доенсе на пример закон со кој на странските државјани, ако извршат кривично дело им одзема државјанство и ќе видам после дали некој ќе зуцне. Само власта е зафатена со земање рекети, не со реални проблеми на граѓаните, Друго, таткото на Саздо бараше оштета од убијците, и така треба. Секој што ќе биде тепан, избоден, и за убиените да се бара оштета, да видам дали после така лесно ќе тепаат.
Како нема врска училиштето и професорите, па и стручните соработници, кога и постојат програми со кои ќе се детектира насилство кај децата, ќе се увиде ако постои и со соработка помеѓу родителот ќе се превенира. Знам што зборувам, но за жал, наставата е сведена само колку да помине часот. Треба многу работа. Доста се вртете на политика и меѓуетничка нетрпеливост. Факт е дека се овде и мора да се најде начин како да се живее, без да страдат деца. Убиецот инаку дошол во македонска населба кај девојката и бил нападант од 20 - тина други. Нема умисла. Треба да се казни, ама соодветно, да се рехабилитира детето, а не од него да се создаде уште поголем криминалец. Ми е жал и за него искрено. Ми се чини дека зборувам за утопија. Многу работи се трули кај нас, и за жал страдаат децата.
Ete i jas podpadnav pod vlijanieto na mediumite koi vo mnogu slucai lazat i manipuliraat.No samoanaliticki ja razgleduvav situacijata i mi se otvorija mnogu prasanja. Eve nekolku prasanja za tebe. Sto bara maloletnik so noz da se seta vo grad i toa vo makedonska naselba? Kako grupa od maloletnici prepoznale deka stanuva zbor za musliman od Cair? Na celo mu pisuva? Od kade znaeme deka deckoto od Cair ne se kurcel i ne provociral prv i ne ocekuval reakcija? Zosto nikoj od Makedoncite maloletnici nemal noz vo sebe tuku bas Bosanecot imal? (slucajno neli)
Јас не сум дел од истрагата, затоа и не може да ги знам овие одговори. Јас коментирам врз основа на она што го знам. Се работи за деца, тинејџери, еден загина, друг во затвор. Не навлегувам дали едниот е Босанец, а другиот Македонец. Друго, се си кажав.
Во нашата земја нарушен е биолошки природниот систем на вредности. Изместени се многу параметри. Како тоа "што треба да направат професорите"? За почеток, да престанат да ја труат младината со фрустрации, а да се посветат на она вистинското. Вистинската работа зошто се таму. Колкав е само процентот на луѓе кои треба да летаат од зад професорските катедри, со лажни дипломи, без ниту трошка труд и желба за напредок? До кое дереџе дојдовме? Некогаш се ценеле престижот и образованието на фамилијата, а денес се парите и политичката партија клучни за да бидеш нешто и успееш. А дали си добар и заслужуваш да ги уживаш благодетите на таа фотелја е апсолутно небитно. За жал, никогаш нема да се искорени оваа болест на општеството. Нема иднина за државата, е до толку е дојдено. Заслепени и окупирани од политичкиот циркус, криминал, невработеност, сиромаштија, рекети и скандали, како и милион други неправди, ние си даваме за право да коментираме меѓуетничка нетрпеливост, а не фактот дека ја испуштаме младината од раце и загубата на млад човечки живот. Два животи, еден под земја, а друг зад решетки. Целото општество е виновно за тоа, сите сме криви. Директно или индиректно сите сме инволвирани во животот во ова општество и свесно или несвесно секојдневно придонесуваме за тоа со некои наши постапки. Родителите очигледно имаат други приоритети во животот, а најважниот го забораваат. Затоа што многу полесно е да ги обвиниме другите, отколку да ставиме прст на чело и да се запрашаме какви постапки и какви манири пренесуваме на идните поколенија. Каков пример даваме?