Не знам зошто не ти е јасно. Се убаво кажав. Политиката е двигател, наместо да се почитува авторитетот на родителот или професорот, наместо истите тие родители и професори да се потрудат да го постигнат тоа, тие изиграваат политички кловнови и марионети. Сите сме заразени, а сега опоравувањето е тешко.
http://skopjeinfo.mk/video-snimka-od-tepachkata-vo-novo-lisiche-pochina-maloletnik-proboden-so-nozh Видео од тепачката каде што муслиманот го прободе кутриот Никола .
Баш од тоа фаќање на пасоши и одење веќе 30 години доаѓа до ова. Наместо да се застане и да се соочи со проблемите овој народ бега од проблемите, ако се соочена со политикантите уште во 90тите да не бегаа до сега ќе бевме Швајцарија на Балканот.
Тој што пробал да се соочи завршил во затвор.. Или на друг начин му е затната муцката Никој нема вишок дете. Народов нема желудник за ова што го велиш ти.
Да, со план сум да бегам и ич не се срамам од тоа. Кажи ми една добра причина да останам тука? Мито, корупција, некомпатибилност, загадена средина, малограѓанштина и прениски животни примања се тука. Со што мене државава ме привлекла да останам тука? Со тоа што утре мое дете може да е масакрирано на улица а убијците кафе да си пијаат? Со тоа што јас рмбам како стока за минималец а овие преку тендери и валкани игри милиони у торбици си пикаат? Од тоа што се исече секое можно дрво за згради да никнат? Од тоа што секоја година сме у се позагадена средина? Од тоа што менталитетот тука ни е ајдекогаќетемажиме, а ако не сум пропалитет кој не успеал во животот? И не се само политичарите виновни за ова, во менталниот склоп ни е, дупка на Земјава сме, лоши, злобни, погани луѓе на кои не им се работи и гледаат само како да испоукрадат. Затоа и никој не не сака, џабе се лутиме. Што утре ако се разболам у болница има ќебе од ЈНА од кое веројатно сепса ќе фатам и нема апарати за мерење притисок? И ич не ми е гајле, кој сака и што сака нека ми вика, јас прва прилика планирам магла да фатам.
https://plusinfo.mk/мајката-цел-ноќ-била-во-болница-со-забо/ Одамна на форумов дискутираме за старателство над децата при развод. Дали некој заслужува да биде родител, колку пати има право да го гледа детето... Чест на ислкучоци, ама најголем број од машките родители само пред надлежни органи ја покажуваат силата. Во пракса се губат. Да сум некој ,,фактор,, би барала психолошки профил на родителите од стручни лица, па дури тогаш би се донесувала одлука КОЈ ќе биде одговорен за одгледување на потомството од растурената фамилија. Од горново се згрозив.
Што дебил од човек, безкичмењак, без чувство, без незнам што треба да бидеш за да ги оставиш децата заклучени у кола на паркинг, за ти да идеш на забава. Обесете го за јај*а на сред плоштад, овој не заслужува да биде родител.
Леле, сега читам за двеве деца оставени во кола кај нас на булеваров. Како бе така?! До толку ли се ретардирани луѓево, до толку ли мајку му стара? Малку ли статии имаше за деца и животни починати у кола, летово, низ светот?
А зошто се дадени во згрижувачко семејство? Зошто не и се вратени на мајката кога таа немала поим како таткото "ги пази" децата?
...оти за децата е дополнителен стрес тоа. Малку им било она во колата па сеа и мајка им ја нема Душава ми се кине кога помислувам на децата
Знам и јас би сакала системот да е помалку суров али, кога оние кои треба најмногу да мислат на децата, не мислат.. тоа е. Не знам дали се сеуште таму, пошто, сигурно има и други опции..ако не мајка, баба дедо итн. Баш ради тоа шо се мали деца и под стрес.