1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црни мисли

Дискусија во 'Психологија' започната од Nana19, 25 октомври 2012.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Здраво феминки...Не видов слична тема затоа ја почнав оваа но ако има друга слободно затворете ја...Мислам дека не само на мене ми се случува по некогаш да имате некои црни мисли низ глава како дека на вашите нај сакани ке им се случи нешто лошо и сл...Постојано низ глава ми поминуваат такви мисли дека на некој од моите сакани нешто лошо ке им се случи незнам зошто така...Порано ми се случуваше ова сега пак почна дали мислите дека има врска нешто со реалноста или ?
     
    На TheGetmaki и lady.jk им се допаѓа ова.
  2. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Црните мисли до пред неколку дена беа дел од моето секојдневие, мисли од типот дека сум болна од неизлечива болест, дека никогаш нема да можам да родам дете, дека на сите што ги сакам ќе им се случи нешто лошо, дека ќе загинам во сообраќајка, автобусот ќе се преврти, и уште што не друго. Постојано бев на лекар за иста работа, на повеќе лекари да не случајно некој погрешил, се додека матичниот не ми даде упут за на психијатар. Претрпев ненормален стрес изминативе години, и тоа беше неминовно. Откако сум на терапија, црните мисли пак се појавуваат, но тие доаѓаат од потсвеста, а мојот свесен дел од мозокот ги отфрла. Се надевам дека ќе си заминат овие страшни мисли и дека ќе можам да живеам нормално, како порано.
    Душо, обрати се на стручно лице, мојата дијагноза е анксиозност со невротска депресија, а црните мисли се главниот симптом на оваа состојба.
     
    На marrrtina, TheGetmaki, angel-blu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Ти благодарам душо ти посакувам и кај тебе во нај скоро време да исчезнат, само сакам да те прашам дали од тоа лошо шо го мислиме може да искобиме нешто навистина да се случи ? Или нема врска /
     
  4. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Тоа е моето единствено неодговорено прашање, но мислам дека се случува само она што треба да се случи. Јас колку пати сум мислела и сонувала една многу убава работа, ама никако не искобив да ми се случи, а докторот ми рече дека црните мисли се најчесто неосновани стравови, барем кај мене е така.
    Мислам дека не можеш да искобиш, иако постојат теории дека е можно и тоа, ама само кај опсесивните црни мисли, што не е случај кај тебе, претпоставувам.
     
  5. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    На мене секој ден ми идат тие црни мисли и сонувам дури гадни сонови што многу ме заплашуваат :(
     
  6. dzvezdicka12

    dzvezdicka12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    12
    Oва ми се случуваше и мене пред околу 2 години. Можам да те разберам како ти било, одвратно чувство! Долго време го потиснував во себе и мислев дека сум можеби по малку да не речам одлепила :D Сега кога ќе подразмислам беше поради тоа што во тој период нимав ниту обврски со факс ниту работев. Ги поминував деновите некако безцелно, ништо не работев => многу време за размислување => почнуваш да мислиш и да си праиш секакви филмови. За жал, јас долго време со никого не разговарав за тоа и се затворив во себе, се помалку излегував и некако бев постојано депримирана. На крај испадна да одам на психијатар и човекот го констатираше истото што го мислев и јас: исполни си го денот со работа, макар и ситници како да купам ова- да однесам она. На тој начин ќе го оптеретиш мозокот со тоа дека не треба да заборавиш нешто да направиш и нема да размислуваш на неубави работи.
    Се надевам дека ти помогнав барем малку! :D :*
     
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Ви благодарам многу секако дека се е од помош но и сум утешена барем од малку мислев дека сум единствената со таков психопатски проблем но не било така, тамн кога ке сакам нешто убаво да се случи или треба да ми се случи ми доаѓаат тие проклети црни мисли и искрено е многу лош период во животот тоа...Но се надав дека нема ништо лошо да донесат овие мои лоши мсили
     
  8. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Кога бев помала имав многу црни мисли, особено кога навечер ќе си легнам.... тогаш кога ќе си почнев да плачам додека не заспиев не престанував. Но, како што растам сваќам дека и да им се случи нешто на моите најмили, колку и да сум беспомошна ќе направам се да им помогнам. Па, така со таа мисла им велев "ИШ" на лошите :devil: кои ми ги внесуваа во глава тие црни мисли. :D Така направи и ти, кажи си: Ако им се сучи нешто јас сум овде! Помага верувај ми! ;)
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Некогаш кога моите се излезени и ги нема повеќе време од вообичаеното ми навираат црни мисли дека нешто можеби им се случило или пак кога доаѓа дечкото во мојот град и ако го нема повеќе време да ми се јави или н е крева кога ќе му ѕвонам си помислувам дека автобусот имал сообраќајка не дај боже.Некогаш и навечер многу размислувам и ми доаѓаат еден тон црни мисли,но во последно за среќа ги има се помалку и помалку.Тоа мислам дека зависи од потсвеста колку ќе траат и зошто ги имаме тие мисли,се ние овде во главата и психата и доколку мислиме само позитивно нив воопшто нема да ги има,но сепак тоа зависи најмногу од самите нас.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Јас имам црни мисли често. Се плашам од семејни проблеми, од немање пари, од не дај боже болест, смрт, од лоши работи. И бев кај еден гатач, ми кажа самиот не му спомнав јас дека сум имала многу црни мсили, дека некој ми ги праќа со тоа што ме мрази, да се осеќам лошо, дека тоа не е случајно. И бетер ме исплаши да ви кажам. Ама како да му кажам дека тоа е пак од многу проблеми кои сум ги имала во домашна атмосфера и не можам да се опоравам. Карање дома, немање пари, татко ми пиеше едно време многу, срам од комшии, се. И во ова време кога нема искрени луѓе, секој сака само да те искористи и фрли, како јас да немам црни мисли.
     
    На TheGetmaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Апел до сите што имате такви проблеми е да ги прочитате двете книги на Ниче Димовски - првата е Најголемата вистинска тајна на светот и втората е Вистината за вечноста.За да дознаете отприлика за што се работи погледнете неколку интервјуа и предавања од авторот.
    http://www.facebook.com/VistinataZaVecn ... 0411724975
    http://www.youtube.com/results?search_q ... YIeuNFGZwY
     
  12. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Ова е најновото во Мелбурн Австралија за радио илинден во траење од 3 часа и 40 минути пуштено вчера и топло ви го препорачувам да го слушнете
    http://www.youtube.com/watch?v=WvpfD3-CUEc
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    дајте корисен совет како да се избориме против црните мисли
     
  14. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    На мене црните мисли ме фаќаат најмногу на вечер.Ако моите се на свадба а јас не одам,а тие не се вратат до два часот вечер,јас веднаш мислам дека нешто им се случило или имале сообраќајна несреќа.А не ме опкружуваат само такви црни мисли,секакви ми се вртат во глава.Ако е болен некој од семејството право помислувам на тешка болест или смрт.Се надевам дека можеби има спас од овие црни мисли ама тешко...
     
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    1. Откажете се од обидите да бидете совршени.
    2. Откажете се од споредувањето со другите.
    3. Откажете се од живеењето во минатото.
    4. Откажете се од грижењето за иднината.
    5. Откажете се од љубомората.
    6. Откажете се од непреземање иницијатива.
    7. Откажете се од лажењето.
    8. Откажете се од обидите да бидете безгрешни.
    9. Откажете се од фразата „Не можам“.
    10. Откажете се од мислата дека не сте спремни.
    11. Откажете се од поставување мали цели за себе.
    12. Откажете се од обидите сè да правите сами.
    13. Откажете се од купување работи кои не ви се потребни.
    14. Откажете се од обвинување на другите за вашите проблеми.
    15. Откажете се од навиката да правите од мравка слон.
    16. Откажете се од живеењето за да ги исполните очекувањата на другите.
    17. Откажете се од ветувањата кои не можете да ги исполните.
    18. Откажете се од прикривањето на мислите и чувствата.
    19. Откажете се од избегнување на промените.
    20. Откажете се од врската во која не уживате.
    21. Откажете се од мрзеливиот и неспортски живот.
    22. Откажете се од брзата и нездрава храна.
    23. Откажете се од потребата се да претворите во драма.
    24. Откажете се од срамот.
    25. Откажете се од грижата што мислат другите за вас.
    26. Откажете се од обидите да контролирате сè во животот.
    27. Откажете се од повторување на грешките.
    28. Откажете се од помислата дека другите се посреќни од вас.
    29. Откажете се од размислување за тоа што би можело да се случи.
    30. Откажете се од градење кариера во која не се пронаоѓате.
    31. Откажете се од мислењето за работите кои ги немате во животот.
    32. Откажете се од недовербата во другите.
    33. Откажете се од обидите да бидете тоа што не сте.
    34. Откажете се од обидите да не преземате ризик.
    35. Откажете се од потиснувањето на вашите желби и потреби.
     
    На maickka88, thedarkone, rose60 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Ептен ми се случуваат вакви работи. До пред година две, кога моите ќе закаснат од работа втора смена, абе полудував. Што ако мајка ми ја киднапирале, па умрела (недајбоже), па што е со татко ми... :x
    Летово бев у Скопје една недела, умрев од плачење, што ако на мајка ми и татко ми му се случи нешто. Абе бог да чува, од тогаш ми се немаат десено вакви `стресови`. :swear:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Често ми доаѓаат, ама брзо пробувам да ги тргнам. Сега додека тетин ми е во Авганистан дури, кога немаше да ни пише одма се успаничував, ама еве сега се ми е ок, имал работа. Се ке се смени, се ке се смири, се ке си дојде на место, он ке се врати. Секад кога мислам на тоа си ја викам последната реченица и им викам чао на проклетиве мисли :lol:
     
  18. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Леле па јас си мислев дека само мене ова ме снаоѓа ама гледам дека не.Не ми се случува често понекогаш се на лошо ме тераат мислите првенствено за мене ете како на пример дека сум болна дека нема спас за мене па понекогаш ко ке си втупам во паметот и се дешава и на лекар да појдам.Па недај боже ако некој близок или некој што го познавам потешко се разболи мене паметот ми оди дека ке умре,е тоа е против мене тоа ми е првата помисла несакам воопшто тоа да се случи ама ете не може човек против паметот и откако ке се вразумам искрено се мразам себеси што сум дозволила тоа нешто да го помислам.Искрено ова е лоша работа и сакам да ја искоренам.
     
    На TheGetmaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.176
    Не ми се случува,иако порано постојано мислев дека ќе ми се случи нешто лошо во љубовта,дека мајка ми и баба ми немале среќа,ама глупости живи :D
     
  20. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    и јас исто :(