Јас сакам да цртам и (не дека се фалам) ама многу убаво цртам. И сега ми се црта ама немам идеја.Кажете нешто што би можело да се пренесе на лист. Дали и вие сакате да цртате? Јас утре ќе ги прикачам моите цртежи. Спојлер Сега телефонот ми е на поправка
Со каква техника сакаш да црташ, на компјутер црташ... СДК дека немаш инспирација за да црташ, би требало секојдневието да ти биде инспирација или пак таа сама си доаѓа. Имаш многу теми, од мртви природи, портрети, пејсажи...(не кажа што сакаш највеќе). Јас сум ти голем антиталент за цртање
Јас цртам со молив и највеќе сакам да цртам мртва природа,пејзажи. Сакам да цртам и портрети ама не сум баш најдобра во тоа.
Исто! Со водени и темперни ме бива ама не толку многу, и наставникот секогаш ми вика да вежбам малу боја...
Me релаксира цртанјето,мноогу ретко работам со бои,па затоа моливот ми е најдобар,кога сме кај оваа техника,дали некој знае од кај можам да најдам графит и колку му е цената ??
Убави графити можеш да најдеш во ПроГрафика на Ленинова, во близина на уметничко.Ние од таму зимавме додека бевме во средно имаат добар избор и квалитет. Инаку повеќе сакам да цртам со мрсни бои и акварел, многу ми беше досадно кога цртавме само со јаглен,инаку највеќе сакам да цртам природа, сакам архитектура и ентериери, и сакам применета графика имав другарка во другиот клас што беше графика и ми беше интересно кога ги гледав.
Како мала многу цртав.Имав сон кога ќе пораснам да станам сликарка. Ама,дојде време да се запишам средно,и јок,нема уметничко.Немало леб од цртање (жими мајка). Не е до лебот,до љубовта е И ден денес си црткам во слободно време.. Само што љубовта спрема цртањето на хартија ја насочив на уметност на луѓето. Одличен избор беше,благодарна сум сама на себе.
Како мала многу цртав...а и ме бива за цртање. А денес што се вели, знам да седнам да цртам но тоа е секогаш некој модел на фустан,некоја креација,или венчаница...
Сакам да цртам али човеци кога треба да цртам смрт ми е .Сакам пејсажи да цртам,најчесто со темпера или со молив...
Немам некоја преголема желба за цртање,знам да цртам убаво,ама само кога навистина сакам и кога сама си избирам што ќе цртам.И не сакам да раговарам кога цртам,односно несакам некој да ми смета и да ми стои над глава. Инаку многу сакам да си цртам модни комбинации.И на мртва природа некогаш ми текнува.
До 8 одделение активно цртав. Потоа во гимназија повеќе обврски за училиштето и толку. Ме биваша многу за да нацртам креација на фустан. На летниот распуст осмо за прва нацртав цела тетратка од креации за фустан. Планирам пак да направам така, интересно ми е кога цртам. Се релаксирам
Цртам кога ми е досадно и цртам за 5ка на училиште нормално.Дарба некоја и немам онака како што ќе ми дојде
Сакам да цртам и сум прилично добра во тоа Најубаво и најчесто цртам пејзажи,цвеќиња,мртва природа...Цртам со молив и да си признаам и најубаво цртам со него,неможам да цртам со боички,темперни едноставно не ми иде...
Многу сакам да цртам, а и ме бива за цртање . Највеќе портрети, ама некогаш сакам да сменам па цртам што било. Цртам со молив, боите не ги сакам