Чакри

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од MissCupcake, 7 јули 2011.

  1. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    се извинувам ако темава е дупла,но побарав со зборот чакри и во оваа категорија,и во психологија и во општи дискусии

    Чакри се центри на енергија низ човечкото тело.
    Всушност, секоја точка од нашето тело претставува извор на енергија, но 7 од нив се сметаат за главни чакри.
    Главните чакрите почнуваат на почетокот на 'рбетот и завршуваат на темето на главата, движејќи се по 'рбетната линија вертикално и централно низ телото.
    Чакрите лоцирани на долниот дел од телото се нашата инстинктивна страна, високите се менталната.
    Нивната функција е да го витализираат физичкиот дел, односно телото, и да помогнат во развојот на самосвеста.
    Кога чакрите не се во баланс, и енергиите се блокирани, основната животна енергија на индивидуата ќе биде забавена. Таа ќе се чувствува изморена, депримирана, со многу простор оставен на негативни ставови, страв и сомнежи.
    Зборот 'чакра' е произведен од санскритскиот збор што значи тркало.
    Се смета дека доколку би било возможно да ги видиме чакрите, би набљудувале енергетски тркала кои континуирано се вртат.
    Потеклото им е од индиските Веди, се јавуваат и во кундалини јогата.
    За да се работи со нив, треба да се земат како фокус при медитација, постојат многу начини за медитирање на чакрите, при кои техниките за секоја чакра се основаат првенствено на нејзината намена.
    А за намените на 7те главни чакри, накратко:


    1. Root Chakra - Имаш право да бидеш токму овде
    Кога е недоволно активна поттикнува чувство на страв

    2. Sacral Chakra - Имаш право слободно да чувствуваш
    Кога е недоволно активна поттикнува чувство на вина

    3. Navel Chakra - Имаш право да дејствуваш
    Кога е недоволно активна поттикнува чувство на срам

    4. Heart Chakra - Имаш право да љубиш и да бидеш љубен
    Кога е недоволно активна поттикнува чувство на сожалување

    5. Тhroat Chakra - Имаш право да се зборува и да се слуша вистината
    Кога е недоволно активна ги поттикнува лагите

    6. Third Eye Chakra (популарното трето око) - Имаш право да видиш
    Кога е недоволно активна ги поттикнува илузиите

    7. Crown Chakra - Имаш право да знаеш
    Кога е недоволно развиена поттикнува преголемо приврзување за неважните работи.

    (Се е превзмено) Што мислите во врска со ова? Ако се „разбудат“ сите чакри настанува просветлување и човекот се чувствува балансирано и убаво.
    Ова се навистина интересни работи, исто така поврзано е и со медитацијата. Дали вие нешто знаете во врска со ова? Eве едно интересно видео поврзано со ова:
    http://www.youtube.com/watch?v=rFqHa4gOP3c
    Од тоа што го прочитав исто така имало случаи каде што тие што медитирале со чакрите полуделе,тоа го прочитав во коментарите на видеото,но девојката што зборува кажува дека овај начин на медитација ги буди скриените дарби во тебе, и на друго место прочитав дека тие што боледувале од шизофренија всушност биле на многу понапредно ниво и живеат во друга реалност. :?:
     
    На SunnyGirl2, cresa-jagoda, martovsko cveke и 8 други им се допаѓа ова.
  2. c.i.n.d.e.r.e.l.l.a

    c.i.n.d.e.r.e.l.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Искрено мене пред некое време ме закопка темава почнав да барам да истражувам, да се информирам и поминав еден семинар во врска со ова... Ако сите чакри функционираат беспрекорно или изгледа некако како скали по кои тече вода прво од едната се предава енергијата на другата, на третата... доколку некоја чакра е затворена тогаш станува збор за болест... Или упростено настанува рак на белите дробови ако некој не повредил и ние сме повлечени па си ќутиме во себе и пак не повредува нека биде споруг ете ние собираме во себе енергија која е лоша т.е. тој со самите тие навредливи зборови како да ни придонесува да во себе натрупуваме негативна енергија т.е. да си ќутиме и чакрата неможе нормално да работи па настанува застој или болест...
    Точно дека во медитација се откриваат скриените дарби... повеке би ти препорачала да почнеш да ја читаш Библијата затоа што ова со чакриве и енергија и се на крај ке те доведе до заклучок дека се е измодернизирана верзија на Библијата за да ја прифатиме ние помладите... мое мислење :)
     
    На martovsko cveke и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Чакрите доколку функционираат безпрекорно, ако не е нарушена нивната функција, тогаш не постои можност за настанување на болестите.Тие имаат улога за здравјето кај човекот, бидејки се распоредени на да речам главните делови од човечкото тело, секој човек ги има, кај некои се помалку активни,кај други повеќе или пак воопшто не се активни.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Аууу, според описов речиси ниедна чакра не ми е активна, сите од наведениве чувства ме прогонуваат :lol: (освен тоа со лагите де :angel: )
    Шала на страна, темава отсекогаш ми била интересна и се надевам дека ќе се развие богата дискусија и тие што знаат повеќе ќе споделат со нас :)
     
  5. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Најдов еден тест на интернет за колку ти се активни,неактивни и дали ти се отворени чакрите. Мене само две ми се отворени :tmi: И многу сум била доминанта(епа да признаам точно е :$ ) Единствено ми се отворени Third Eye и Throat значи сум креативни,знам да се искажам со зборови и можно било да сум уметник :?: и ги следам претчувствата и можам добро да замислувам. Ај да не се издавам повеќе само не сум била свесна за спиритуалноста. Тестов е одличен еве ви линк,но на англиски е :| кој разбира еве:
    http://www.eclecticenergies.com/chakras/chakradotest.php
    Многу добро ме опиша и плус има и како да ги отвориш ама мене ми е страв искрено да не направам нешто погрешно па :tmi:
    Едит: Овие техники се многу поразлични за отварање отколку од видеото со замислување,но овие пореално ми изгледаат http://www.eclecticenergies.com/chakras/open.php, малку ќе преведам еве накратко за како да се отворат: :)
    Root chakra
    [​IMG]
    Споете ги прстите како на сликата ^ концентрирај се на оваа чакра помеѓу половиот орган :lol: (ова смешно ми падна) и анусот. Концентрирај се и диши длабоко 7-10 пати. Изговарај LAM (веројатно ЛАМ),но притоа знај дека А-е како ах,а М-мнг (ова важи за секое отварање)
    Sacral chakra
    [​IMG]
    Поставете ги рацете како на сликата ^ десната над левата,но и да се допираат палците и ставете ги во скутот. Концентрирајте се на оваа чакра кај почетокот на 'рбетот и изговарајте VAM (ВАМ) ,но не заборавајте А-ах,М-мнг.
    Navel chakra
    [​IMG]
    Поставете ги рацете како на сликата пред стомакот. Важно е прстите да бидат исправени,а палците вкрстени како на сликата. Концентрирајте се на оваа чакра на 'рбетот и изговарајте RAM (РАМ) Oва е последен пат да повторувам ама ајде не заборавајте а-ах,м-мнг. :)
    Другите во друг пост ако сакате да видите линкот е погоре,ќе ги допишам подоцна. :)
     
    На cresa-jagoda и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Само 3 чакри ми се отворени... срамота... наводно сум билам многу мудра, пријателски настроена и емотивна.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ова е поврзано со јогата, треба да се има инструктор по јога за да се знае која е функцијата на чакрите, а не преку интернет.Значи треба добро да се информира човек, но не на овој начин.Добро го знам распоредот на чакрите, каде се сместени, нивната функција е поврзана со нервниот систем кај човекот, главните точки, со работата на тилниот нервен систем, срцето, органите за варење итн.Заради таа нивна поврзаност, тие имаат важна улога за здравјето на човекот.
     
  9. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Па во право си до некаде ама не мора да значи дека ако е од на Интернет е погрешно. Од тестов јас ги споив резултатите како се опишани, и сосема точно ме опиша кои ми се проблемите и на што треба да поработам, па веројатно и за отворањето е точно. :)
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Во тестот делумно се опишани чакрите, кога се работи за чувствата, имаат голем удел и на телото, треба да се знае со кои чакри треба да се работи, не сите, затоа и реков треба инструктор.Ова е многу малку што е опишано за чакрите, значи само информативно, темава е доста обемна по содржина, не е нешто ново, позната е, но сепак е нешто индивидуално, значи се е до начинот на тоа како човек гледа на работите и ги прифаќа, но убаво е да се знае/ осознае за вакви нешта кои што се интересни и мистични сами по себе :)
     
    На ♡BuBaLe♡ и MissCupcake им се допаѓа ова.
  11. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    ^ Да во право си сосема е малку,затоа и ја отворив темава за да дискутираме кој што знае повеќе нека каже нешто. :)
     
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Eве мене што ми излезе од тестот
    1.Root-неактивна - плашлива и нерозна .Нема везе за плашлива ,а нервозна 300 %

    2.Sacral-хиперактивна - постојано емоционална и многу сексуална личност . - И двете се точни.

    3.Navel-неактивна - пасивна ,неодлучна ,срамежлива - Има некоја вистина ,ама не 100 %

    4.Heart- отворена - друштвена ,сочувствителна ,работи на хармонични врски - 300 %

    5.Throat-хиперактивна - претерано зборлеста ,со што ги држи другите на дистанца ,лош слушател - 70 %

    6.Third eye- хиперактивна - живее во свет на фантазии ,можни се халицинации во одредени случаи - Првото е точно ,а за второто не знам ,досега не сум забегала дотолку.

    7.Crown-отворена - без предрасуди ,свесна за себе и светот - Точно.
     
  13. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    ^ мене само throat и third eye ми се отворени сите други ми се неактвини,а Навел(жолтата) ми е преактивна. :worried:
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ништо ,дајте да се здружиме сите ние што имаме неактивни чакри и да си ги активираме !
    Друго чаре нема ,вака не се живее ! :)
     
    На PaLaVa, La diabla, Читател и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Феминки дали некоја од вас случајно практикува Хата јога и дали сте почувствувале промени?Пошто нели со хата јога се отварале чакрите...
     
  16. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Дали некој има слушнато за Свето Тасев, тој држи часови за Трансцедентална јога, имам слушнато дека секое ниво се наплака многу скапо, тој на нивните ученици им ги отварал чакрите, и ги спремал своите уценици да третираат луѓе.
     
  17. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Ви завидувам на сите што живеете во Скопје, барем имате избор.... Ваква јога, таква јога, пилатес... у селендрава моја или ништо нема или е крш невиден, самопрогласени, приучени.... :(
     
  18. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    И мене ме заинтересира ова со чакриве па го направив тестов еве што ми излезе
    Root: under-active(-12%)
    Sacral: open (19%)
    Navel:under-active(0%)
    Heart: open (62%)
    Throat: open (62%)
    Third Eye: open (56%)
    Crown:under-active(6%)
    Би сакала да поработам на отварање на тие чакри што не ми се активни но ми е страв да не сум мала, или пак нема врска возраста? :?:
     
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Јас често си го правам тестот , летово се сеќавам кога го направив тестот ми беа отворени 6 чакри, и навистина се осеќа цела таа енергија се излева од нас. Голем љубител сум на ваквата наука.
    Патем се што гледам е Окото да ми биде најотворено, зашо највише ми е потребно :lol:
    Патем спомнавте за некој шо давал часови, цената колку се движи отприлика ?
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Моите резултати од тестот:


    Results from Chakra test

    Root Sacral Navel Heart Throat Third Eye Crown


    Root: under-active (-25%)
    Sacral: under-active (0%)
    Navel: open (12%)
    Heart: open (44%)
    Throat: open (38%)
    Third Eye: open (56%)
    Crown: open (31%)

    Percentages go from -100% to +100%

    Значи 5 отворени чакри, 2 затворени-неактивни, добро или лошо?

    3-то око ми е најактивно дури 56% :^) многу фантазирам, очигледно а? :D