Девојки, видов една многу убава ташна во Мона. Може ли да ми кажете колку сте задоволни од Мона? Прашувам затоа што до сега не сум купувала од таму, а ташната баш ми фати око.
Многу се квалитетни. Имам неколку ташни и каиши од таму и после неколку години интензивно носење, сеуште изгледаат како нови. Вреди да се купи.
Па сакам чанти, и секогаш ги носам. Имам и поголеми и помали, но помалите ми се подобри некако. Штета што не секогаш собираат се што сакам да носам со мене
Секогаш си носам чанта. Летото носев од оние помалите, а сега за зима некако со комбинациите ми идат поглеми чанти. Иако сметам дека би требало колекцијата да ја надополнам барем со една поголема. Не можам да се замислам без ташна, поубаво ми е и попрегледно се собирам внатре се што ми треба.
Многу сакам чанти имам над 20 чанти и сакам да си ја надополнувам колекцијата на мојте чанти едноставно неможам да се замислам без чанта.
Не можам без чанти, како да ми фали нешто се осеќам кога ќе излезам без чанта плус нема кај да си ги ставам мобилниот, цигарите, парфемот итн.
Чанта носам само кога излегувам. Имам две големи чанти и една мала. Таа ја користам кога сум надвор, т.е. низ населба. Не сум тип што обожава да купува чанти.
Обожавам чанти. Преку ден кога одам на факс носам голема, а за излегување денски и навечер мали чантички.
Дефиитивно ги обожавам. Секогаш носам. Преку ден носам големи, а навечер за излеување претежно мали плик чантички. Имам многу и си ја надополнувам колекцијата. Големите повеќе ги сакам, сите дрангулии ми ги собира
Не можам без чанти т.е не можам да искочам во град а да не носам чанта. Повеќе носам и преферирам помали, него поголеми чанти. Помалите ми се повеќе удобни.
Повеќе би рекла дека не можам без ранецот отколку без чанта. Спортски тип сум па затоа почесто носам ранец. Секако носам и чанти. Што и да е, важно да има во што да се преселам. Внатре уште на попот капата фали
Не можам јас со ранец бе.. Ме нервира што морам да го вадам на секое за да извадам нешто. Оваа ми е за преку рамо, ко поштар и се' ми е при рака, воедно и рацете слободни