Мори жено 35 литарски носам Комотно можам и него да го спакувам внатре Попрактично е од чанта Земи си еден и ќе видиш како ќе баталиш чанти А и со чанта рамо ќе искривиш
Сум носела ранци бе, не и не. Иначе не носам многу работи . Новчаник, цигари, влошка резерва, мастики, клучевите и то е се'
Кажете продавница за чанти во Скопје освен Дуки Дасо и Битпазар. Искрено 1400 ден за мала чанта за преку ден ми се некако многу.
Види по фб-продавниците, таму има евтини мали чанти до 500-600 денари. Јас си имам нарачувано од совршена.мк (некои се погодија, некои не). Често имаат и акции. Немаат лош избор ни Trendzone.mk, малите чанти се околу 500 денари и таму, а не се воопшто лоши.
хахахха тотално се согласувам Читајќи по темиве наидов на продавницава fancy бутик за ташни, гледам многу евтини се, не сум нарачувала никогаш. дали има некој искуство?
Ај да се приклучам во дискусијава Ташни не носам,имам една така ради реда да се најт за во некоја си прилика..хахахх А иначе многу ми се убај за гледање по излози
сакам да си порачам ташничка од marabella ги следам на инстаграм многу убави ташнилки имаат па дали некоја има и како е задоволна?
Дали вредат ташните од Obag? Гледам над 100 евра се сите, нема копчиња за закопчување, нема патент, некој чуден материјал (ми личи на каучук), а високи цени...
@Ма.нев Мене ако лично ме прашаш, ќе кажам дека е пре претенциозно нивното купување. Сите ги носат, некои за да речат другите 'вау о бег', има пари, а таа до неа ја носи оти видела од првата Ниту е квалитет, ниту е стил во прашање, колку што е 'види ме', работата Сум за минимализам, не дека се грозни на изглед, ама не се ни за астрономските цени. Повеќе ми личат како на оние за на плажа Но, тоа е мое лично мислење. Не ме слушај
Значи нешто како Епл. Си имаат изградено име и одат на таа работа. Името ги вади. Брендот им е можеби јак и им се може. Сакав за поклон да купувам за 8-ми Март но се мислев да не згрешам, па не купив. Сепак, не може секоја да ги носи, чуден дизајн имаат.
Прилично носам големи чанти. За се да ми собере. Носам 100 работи од кој само 5 ми се од корист. Купувам од Doca, и сум многу задоволна од нив. Многу се квалитетни и убави.