Хм, јас како што сум заборавена главата ќе си ја заборавам, а не па чанта да носам кога излегувам. Затоа гледам она што ќе го облечам да има џебови или пак ако нема во маската за телефон парите ги ставам, клучевите под черга и терам. Ама ако ептен треба да носам, носам нешто малечко и гледам и тоа да не го изгубам.
Не можам да излезам од дома без ранец, мал или поголем зависи од тоа што/колку работи треба да носам. Без вода, новчаник, (чадор периодов), чешел, дезодоранс, мастики, слушалки, паломи и триста други глупости не излегувам од дома
Многу ги сакам малите ташнички. Секако дека црната боја најлесно се комбинира ама од друга страна многу е поубаво кога ќе ги искомбинираш во шарена варијанта ама да не изгледа во смисла ,, сите бои убаво ми стојат" Да се има убава инспирација да не изгледа чудно сето тоа
Sekogaš i sekade nosam čanta, nekako zavisnik sum od nosenje čantaa pak sto nosam vo nea ni sama ne znam
Само новчаник јас . Колку тел да ми го собере . Клучевите од кола или во рака или кај маж во џеб Јас незнам како да ја "носам/држам" чантата
Па кога ќе излезеш, каде чуваш влажни марамици, палома, антибактериско гелче, огледалце, лабело, кармин, молив, лепеза, стегач, чешелче, чорапчиња за балетанки резерва, парфем, дезодоранс, пенкало и уште многу други работи? Знам, ќе речеш: дома
Од ова што си наброила, до сега додека сум излезена ништо не ми притребало. Антибактериско гелче имам у кола,стегач носам на рака задолжително. Почнав да пушам слим цигари оти само нив ми ги собира у новчаник
Префрли се на електронска и ни новчаник нема да ти треба, во џеб ќе си ја носиш Јас се' си носам Крем за раце заборавив, без тоа нема шанси да се излезе од дома. Ама сè ми е мини верзија и не тежи, сè ми собира и во помали чантички Чанти
не заборавај турпија за нокти и грицкалка,клучеви,наочари и моето најново мини чадорчепошто времево е шашаво
Чанта?? Нигде без неа,без чанта како без глава.И се си носам и јас и и во мала и во поголема се ми собира сега ги научив финтите како да ги местам работите и се ми собира .
Нема шанси без чанта. Кај ќе ги чувам дрангулиите? Ама немам сто, имам само една, и ја влечкам за секој пригода
Ти значи ептен си си го олеснила животот, блазе тебе со една. Замисли секој ден менуваш чанта и ги преместуваш сите дрангулии од една во друга. И плус ако со чантата си купуваш и паричник од истата колекција, преместуваш се' и од него