Од новчаникот сум презадоволна, мислам дека скоро 5 години го имам и уште е како нов. Ташните имаат ок квалитет, ама ништо повеќе од Carpisa или Parfois на пример. Само имаат убави модели кои изгледаат “богато”. Кај нас се многу поскапи отколку во странство.
Па што знам, поскапи во странство ми се видоа, ништо не беше под 120€, а на сајтов има и за 4000-6000ден. Ме разочараа дека не се кожа, ама ете викаш се квалитетни. Фала ти.
Дека се на попуст. Баш отворив да ги видам цените кај нас, во Италија и земјава кај што сум јас моментално. Драстично различни цени. Во Мк на попуст околу 5500, во Италија 4500, кај мене 2500 за истата ташна. Во секој случај, мислам дека вреди да си купиш ако ти прават мерак, кога има попуст
Видов прееска една во живо и многу ми се допадна. Тоа ме натера да ги разгледам на сајтов. Фала ти уште еднаш за инфо.
Не можам без ташна. Е сега повеќе преферирам мали ташнички и големи ранчиња ама почнав да купувам и поголеми ташнички, попрактични се.
Каде и да одам обавезно носам ташна . Се и сешто имам во неа и не можам да излезам ако не носам . Преферирам помали ташнички и нив најчесто ги користам , а поголемите поретко .
Чанта носам секогаш и сегде. Било да е чанте за преку рамо, голема чанта, чантиче за на ремен (оние што се во тренд сега), ранец, куфер-чанта... Се осеќам посигурна и посамоуверлива кога си имам чанта со мене. Не прашувај ме зошто така---незнам!
Обожавам ташни. Порано многу носев големи ташни, но во последно време малечки ми се по слатки а големи носам само на факултет. Никаде не излегувам без ташна со мене, осеќам како да ми фали кога ја немам. Исто сметам дека вреди да се вложи во една ама вредна кожна ташна
Сестрами имаше земено. Задоволна е. Мое мислење е дека некои многу скапи ги продаваат а не вреди за обична ( не брендирана ) да дадеш 2 500 ден. Мене ми изгледаат како од aliexpres да ги земаат и тука само логото им го ставаат - можеби грешка сум не знам...
Интересни модели имаат ама цените не им се баш ниски. Големите по 1900. Затоа прашувам да знам дали да порачам.
Имаат убави да гледав . Лично јас немам земено да кажам дали се ок. Јас од Carpisa, Duki Daso, Victoria's secret земам и задоволна сум ептен особено од Carpisa..а имам и поскапи како guess и juicy couture но квалитетот им е ист со другите освен се разбира што изгледаат многу полуксузно..
Обожавател на ташни сум. Не купувам какви било бидејќи подобро ми е наместо да купам некоја од дуки дасо ,да си ја чувам илјадарката и на крај да купам малку поскапа чанта. Најмногу имам на Guess и Victoria’s secret. Оние од Guess се покажаа доста квалитетни, ги имам со години и постојано си ја дополнувам колекцијата. Од чантите на Victoria’s secret не сум баш задоволна, имам само две и не се квалитетни. Логото им потемнува, ако ги допреш со нечисти раце готово е не се чисти, некако во нив се таложат нечистотиите. имам мала плик чанта на Doca ама не е нешто посебно, не би купила пак. Најзадоволна сум од Армани чантите бидејќи се кожени. Ја имав заборавено цела година свиткана во ормар, кога ја најдов мислев дека цела ќе биде превиткана и неупотреблива, но само што ја исправив изгледаше како нова, не се прекршила дури ни по толку стоење.
Ме зачуди ова со потемнување и валкање на логото. Имам чанти од VS скоро 10 год ништо не им е на логото не би требало да потемни ако е оригинал . За чистење како и секој метал фатен со мрсно остава трага но, јас со алкохол да го поминам светнува и гајле нема. Исто кожните чанти со влажни марамчиња( оние за кожени работи што се ) се чистат.
Оригинал од аеродром ми е купена на фри шоп. Логото е темно скрос. И квалитетот на кожата не е баш солиден.
Не знам можеби ... Јас исто имам земено од фри шоп па таа чанта не знам што нема претрпено Додека ќерка ми беше бебе се ставав во неа и еве уште е "жива"
Не сум голем обожавател на чанти ама често ми ги 'фаќа' око и мора да купам иако имам и некои што воопшто не сум ги носела. Иначе преферирам онака средна големина, да може да ставиш уште нешто покрај мобилен и новчаник.