Ете по толку време нашиве администратори ни се смилуваа и ни ставија чат на форумов. Јас во однос на тоа имам едно прашање: како ќе знаеме (а да не мора да одиме директно на чатот и да проверуваме) дека некој пишал? И пошто кажавте дека и тука ќе има правила, ако може да ни ги кажете истите. Хипица
А каде е четот? Не го видов ниту на насловната страна на сајтот, ниту на насловната на форумот, ниту пак по категориите во кои мислев дека може да го има.
Фала Ирена, видов сега. Претходно бев најавена преку интернет експолрер 6, и тие горе воопшто ги нема, ама ми текна дека може да е нешто такво, па влегов со гугл хром, и ги најдов. Значи администраторки, имајте во предвид дека ако се користи интернет експлорер 6 не се гледааат сите работи. Може не е лошо негде да го пишува тоа.
Супер е чатот :up: Одлично е изработен и ми се допаѓа,само мислам дека единствена мана е тоа што можат да читаат и тие што не се членови... и малце ми е без врска да правам муабет со 5 - 6 членови,а да знам дека од страна ме читаат уште други 100 души Ама ајде Кај ни го овозмочивте чатов да не барам и јас преку леб погача
Добро е што конечно се направи чат, за да престане веќе бунтот за темата која на повеќето им сметаше. Само уште да ги знаеме и правилата кои се, нема да биде лошо
јас сакам да кажам за чатот и фала што ни ја исполнија желбата да си чатуваме само имам и уште некој предлог како би ни било подобро и полесно да пишуваме т.е. да стават анимации (смајлиња) од страна кај чатот и ако може да се направи да можат да го читаат само регистрираните корисници. ете тоа би било од прилика нешто што верувам дека не само јас туку и останатите членови на форумов би сакале
^^ Ја поддржувам идејата на Гоу. Дефинитивно ни требаат смајлиња. Ај што треба да ги учиме (само ВајлдЧајлд успева некако сите да ги погоди ) треба и фонт да менуваме. Администратори ве молииииииииме (и еве тука фали смајли кое моли со рачињата, а јас си барам и едно кое трепка со очињата, по можност ). Хипица
Абе Хипи,таман ги научив ги има од страна Ама нема врска побрзо оди кога ги пишувам. Едно големо фала до Администраторите за смајлињата,за звучниот сигнал на нова порака (птицата Џивџи ) и за тоа што гостите повеќе не го читаат чатот.