По темата за Хитлер, си реков нема тема за еден од диктаторите од поново време-Николае Чаушеску. Во продолжние ќе дадам два youtube документарци кои говорат за Романија во времето на Чаушеску и Романската рецолуција (декември, 1989год.). Инаку, во служба на режимот на Чаушеску има тајната романска полиција SECURITATE, која вршела репресија и убиства на неистомислениците. Исто така, противниците на режимот се праќале на рендгенско снимање каде им се пуштала смртоносна доза зрачење, од кое по неколку месеци луѓето умирале од канцер. Spoiler Ме мрзи да пишувам сега, но документарциве даваат јасна слика за тоа кој бил Чаушеску во стварност. Некои од присталиците на тогашниот режим и ден-денес жалат за Чаушеску и велат демек во негово време подобро се живеело, но дали е така кога леб се давал на грамови, и за покривање на надворешниот долг дури и храната на Романците им била ускратувана, додека на режимските телевизии одел прилог во кој Чаушеску влегува во преполни продавници, а продавниците биле тотално неснабдени и опустошени. Што мислите вие?