Дали пиете чај и колку често??? Кој чај го преферирате, кој е ваш омилен Често чаевите се користат и како лекови па можете и да пишете некое лековито дејство на одреден вид на чај доколку знаете
Пијам чај,многу,секаков и секогаш! Тоа ми е еден вид на задоволство.КОга бев помалечка тешко беше да ме убедат мислев дека тоа е само кога си болен,ама со тек на време чајот ми стана омилен напиток.Па нели го бидува за во секое време,за зима да се стоплиш,во лето ладен чај како освежување.И плус старите не биле будали штом го пиеле редовно,секоја тревка си има свои квалитети,помага при одредени ситуации на организмот и слично.Од страна на вкусот,не пребирам,пијам секаков,еве на пример сега пијам зелен чај,многу ги сакам оние од шумско овошје и тие најчесто ми се на мета во лето,си варам поголема количина,еден лимон во тоа,шеќер,и правец фрижидер,поубаво амин,замена за сок,еме здраво ем вкусно.Сакам планински чај,многу специфишен мирис има,сакам од камилица.Единствено не пијам од нане(освен кога морам,нели за стомачни болки е препорачлив)ми има чудна арома,и грд ладникав вкус. И доста се изнапишував,сите чаеви ги изрекламирав Само морам да ви кажам дека моиве дома зимава се навлечени на чај од босилек,кога се вари,прекрасно мириса цела куќа,и плус многу убаво делува на смирување.Навистина делува,при нервоза само тоа помага,многу опушта.И доста е
Мразам да пијам чаај !! Иначе пијам само коа сум мнг болна(Индиски и чај од жалфија)тие едино ги поднасам. Се остало.. Бљакк!! own: :mrgreen: :mrgreen:
јас многу пијам чај....по 2 чаши на ден обавезно,понекогаш и повеќе безразлика дали е зима или лето, најмногу сакам планински и мешавината од шипка и хибискус ама пијам и мајчина душица и нане за промена...овошните ги сакам ама поретко ги пијам. во чајот најчесто ставам мед, избегнувам шеќер некако со мед ми е повкусен и лимон само во планинскиот ставам. Само зелениот чај неможам да го поднесам ни мирис ни вкус :? е сега за лековито дејство сите знаеме камилицата е за дезинфекција, нането за смирување, шипката и хубискусот знам дека се добри за срцето...други не ми текнува во моментов
Pa mnogu cesto pijam caj.Vo posledno vreme najmnogu piam caj od Brusnica zosto osven sto mi e vkusen e i mnogu zdrav,isto taka i onie klasicnite kamilica,nane i sl.Ovosni isto taka sakam posebno vo letno vreme ladni.A zelen caj piev porano znam deka e mnogu zdravo da se pie....e sega za vkusot ne mi e nesto naj ama mozam da go pijam i redno e da pocnam pak
Obozavam caevi, posebno caj od nane i hibiskus ama i zeleniot caj e ok samo malku ima cuden vkus..)..
Кога станува збор за чај, сакам да прашам ако некој знае да ми каже дали медот и обичниот шеќер имаат исто дејство во организмот? На пример дали тие што имаат дијабетис можат да пијат чај со мед наместо со натрен?
вака сега во медот има шеќер тоа сум 100% сигурна....затоа што ретко се наоѓа чисто природен мед....знам дека луѓето кои одгледуваат пчели им подготвуваат специјална храна за потхранување на пчелите во која има големо количество на шеќер....а тоа го прават обично кога нема доволно храна во природата за пчелите да можат да се прехранат....ако имате забележано понекогаш на ладно медот може да се кристализира. е сега за дијабетичарите незнам колку е корисен или штетен медот, ама знам дека има некој процент на шеќер во него....во оние медови кои рекреативно ги одгледуваат пчеларите, а и во индистрискиот мед. да се надоврзам се разбира дека немаат исто дејство, медот е поздрав од шеќерот
Па чајот во зима е неизбежен Дома си правам мешан од разни тревки (нане, камилица, ајдучка трева, кантарион, планински...), а кога сум во некое кафуле, обавезно јаболко-цимет!
E,а морам да ве прашам дали си варите компот,мислам она сечкани јаболка,дуњи,сливи,е и тоа е чај,и е ептен вкусно.Брат ми само тоа го пие,мајка ми е приморана да го наполни замрзнувачот со црни сливи,инаку тешко неа! Е на тоа баш и не му треба ни мед,ни шеќер,ни лимон,се си има и киселко е,и наблажнува
еј добро што ме потсети...обично од вишни наместо сок мама ги замрзнува и после вариме компот цела зима многу ми е вкусно...само што мора малце шеќер да се стави зошто вишните се прекисели и исто така ја сакам мешавината што ја прави баба со модри сливи, дуња и вишни :up:
Eте гледаш темава за чај,мхмх,што вкусна ни излезе И здраво е да се пие чај де,подобро отколку оние вештачките што ги прават :up:
за тоа веќе нема дискусија 100 пати е подобро и поздраво чај и компот отколку газирани сокови затоа луѓе пијте чај и компот (во периодите кога нема свежо овошје)
да да ги заборавив нив....таму има ароматизери и овошје во прав :? поминале некаде покрај вистинско овошје
Знам дека медот е поздрав од шеќерот нормално е тоа, ама ме интересираше ете тоа колку е тој шеќер природен. А компот да пијам многу, ако не секој ден, секој втор сигурно, но и околу тоа имам една дилема - дали овошјето кое е замрзнато па после се вари задржува барем некои витамини, затоа што знам дека на висока температура се губат витамините... ???
Хммм,види вака Емче,ако така гледаш на тоа и чаевите од трвки најпрво се преработуваат додека да стигнат до кесичката,па сепак се доста корисни.ЈАс мислам дека колку и да губат од витамините сепак мора нешто и да задржат.За се е така,нели за се готвено велиме дека нема никакви витамини :roll: Еве сливите на пример,или вишните,и кога че ги свариш се кисели,нели?Па тоа мора вда задржале некој витамин во себе!КАко и да е пак ќе речам-јас си го правам,знам од што е и сто пати е покорисно од вештачките работи
Обожавам да пијам компоти посебно во зима,а во лето од компотите најчесто си пијам од праски онака ладен многу освежува. Од чаевите моментално ми е фаворит од јаболко и цимет и со мед мммм.....