Покрај, крајно успешни телевииски серии кои излегоа од продукцијата на Нетфликс, како што се Daredevil, Лук Кејџ и Џесика Џоунс, за прв пат, фановите на Марвел конечно ќе можат да го видат јунакот Ајрон-Фист односно Челичната Тупаница, во играна серија. Тој е мајстор во боречките вештини и ја мистичната сила Ајрон-Фист која му овозможува тој да ја контролира и насочува својата Чи енергија. Главна улога во серијата е Finn Jones, кој е познат и по серијата Game of Thrones.
Една од најлошите серии кои ги имам гледано во животот. Првата епизода ја гледав три вечери. Баш тој период имав за учење, бев под стрес и неможев да спијам, па серијава ми служеше од досада да заспијам со неа. Кон крајот веќе си спиев без мака, ама ја догледав едино зошто ја почнав. Доколку има втора сезона не сум сигурна дека ќе ја гледам. Имаше моменти кои предизвикуваат некое, тешко украдено и исфорсирано: хах. И толку. Премногу развлечена, долги епизоди, без нешто премногу да се случува. Бавна.
Мене па ми се допадна. Не е на исто ниво со ЈЈ, DD ама тука негде ми се со LC. Мислам дека серијава ја уништија критичарите уште пред да почне. Имаше многу негативни критики, од типот на тоа зашто за главната улога не бил кастнат азиец, што според мене е чиста глупост зашто прво и основно во стриповите е белец, и не само азијци знаат боречки вештини. Исто и Фин ми се допадна во главната улога, ама Колин ми беше најсветла точка во серијава. Во врска со дејството, да на моменти беше ептен споро, и она што најмногу и фалеше на серијава за да биде одлична беше вистински негативец. Како Котонмаутх во Лук Кејџ, Панишер во Дердевил или Килграве во Џесика Џонс. Тука имаше 3 негативци кои ми беа онака, мех. Мадам Гао ми беше најокеј. Фамилијата Мичам ми беа сите психопати кои од кои бетер, и овој менторов на Колин, Бакуто ептен некако при самиот крај се појави и нековата приказна ми остана како недоразвиена. Најверојатно тоа за вторава сезона го оставија. И исто друга замерка ми беа сцените со борење, имаше некои пропусти во кореографијата и до сега од сите овие 3 серии, најслаби беа боречките сцени тука. Се надевам дека во Дефендерс ќе се оправат. И исто читав дека се смениле сценаристите за вторава сезона, па се надевам ќе има некое подобрување во врска со самата приказна, и ќе откријат малку повеќе за оригиналното потекло на THe Hand и Kun Lun.
Јас ја симнав цела прва сезона кога испадна, и се согласувам со коментарите погоре, не ми беше по кејф. Приказната некако бавна и лабава, боречките вештини недостојни, главната актерка, антипатична. Једино мадам Гао ми беше јака. И главниов глумец презгоден, ама ко мутав. Толку Не ни знаев дека ќе има втора сезона.
Потврдено е пред некој ден на Comic-Con дека ќе има втора сезона. Добро да, Дердевил и Џесика Џонс се подобри, но во втората сезона ќе биде ставен акцентот на Кун Лун и како Дени се изборил за челичната тупаница, бидејќи во првата сезона само 1% беа прикажани настаните после авионската несреќа, и можеби ќе стане поинтересно. Што читав во другите форуми, ја опишуваат серијата дека била исто толку лоша колку Arrow, што сепак дали оти Arrow ми е омилена серија, мислам дека Arrow е подобра серија и од Џесика Џонс и Дердевил. А и да, сакав да кажам дека серијава има слична тематика како кај Arrow, само што Дени се враќа по 10 години (ако не грешам) и има авионска несреќа, а Оли по 5 години и има бродолом. Инаку, Дефендерс ќе биде интересна серија, а сигурно ќе има јадеж помеѓу Дени и Лук (бидејќи имаат слични сили), исто така и помеѓу Џесика и Мет (бидејќи се адвокати).
Доцнам цела година со коментар, но сепак. Овој лик и оваа сезона е најслабата од сите од Defenders. Но, реално не може да се спореди со Daredevil, не е фер. Нормално дека никој не е подобар лик од него. Во принцип, не можам да издвојам што е тоа што ја прави оваа серија послаба од другите. Ликот е кул, има интересна историја. Можеби супермоќта не му е толку занимлива како на другите. Челична рака. Џесика е физички посилна. Лук е физички неуништлив. Дердевил е најбољи тепач, а е слеп. Дени има челична рака. Мислам дека до тоа е. Како и другите, така и оваа сезона е одлично направена. Речиси во сличен стил, но сепак малку различен, барем во бојата. Нешто што е одлично прикажано во спојката на The Defenders. Секој со своја боја/атмосфера/шмек. А сепак слични. Актерот е топ, мене лично ептен ми одговара за ликот. Исто, многу ми се допаѓа ликот на Колин, се надевам ќе ја вклучат и во наредните авантури. Има доста простор за развивање и на ликот и општо на серијава, така да, ќе видиме втора сезона што ќе донесе.
Ако некој се осеќаше како мене со првата сезона, препорачувам да ја ѕирни втора. До втора епизода сум, ама серијата е смената од корен, на позитивно во секој случај. Ако порано изгледаше на лош инди филм со мал буџет, сега крена на голем буџет и конечно средија како Дени се тепа, најважно да, знај да се тепа сега. Исто така сцените се одлични, се внимава на позадината, се запазват детали. Да не постоеше прва сезона, до сега на втора би ѝ дала висока оценка ама вака до крај ќе чекам да видам дали ќе ме разочара. На прва сезона заспав после 10 минути, на втора после две епизоди. Обично неќам кога заспивам на серија, обично значи дека ми е неинтересна ама мислам дека уште стојам со некаква предрасуда и не му давам доволна шанса.
Втората сезона на Iron Fist е далеку далеку подобра од вторите сезони на Jessica Jones и Luke Cage. Прво и најосновно, сцените со тепчки се одлични и многу побројни. Малте не, по половина епизода се тепачки. Второ, негативецот е топ. Не знам кој има бољи сцени, Дени, Давос или Колин. Трето и многу важно, Колин сјае во сезонава! Одличен лик, дури го надминува Дени. Не знам дали тоа им бил планот, па можеби затоа тупаницата ја превзема она... во секој случај, вештината за тепачки и е врв! Дејствието во глобала не е ништо посебно, а она што воопшто не ми се допадна е ритуалот со префрлање на тупаницата. Едноставно се губи специјалноста околу тупаницата. Нели, Дени беше the chosen one. Немам појма дали во стриповите е така, но ми ја подутепаа серијава со тоа. Боље да направат посебна серија со Колин, отколку овака...