"Премногу често менување на работата може да и наштети на вашата кариера, но тоа не значи дека треба да останете засекогаш. Промената на работните места на вистински начин и во вистинско време ќе ви помогне да изградите кариера од која навистина ќе бидете задоволни. Регрутерите би можеле да бидат помалку заинтересирани за некој кандидат кој што менувал повеќе работни места отколку некој со стабилно искуство. Од прв впечаток ако кандидатот се вработил и си заминал после 4 месеци, првата мисла е дека добил отказ или си заминал. Ако кандидатот го прави тоа повеќе пати, тоа значи црвено знаме за потенцијалните работодавци." Превземено Од мое искуство, не сум некој што останува на истото наботно место повеќе од 2-3 години. Имам и забележано додека правев интервјуа, HR беа позаинтересирани да ме вработат зошто немав празнини во CV и остснував подолго време на одредено место. Можете вашите искуства и мислења да ги споделите
Не сум релевантна за да зборам, меѓутоа познавајќи се себе, доколку едно нешто ми фали на работа сигурно би сменила работно место исто како тебе после 1,2,3 години. Било да е ради плата, далечина на работа, токсични колеги, доколку не ми се допаѓаат, би дала отказ. И мислам што побогато CV тоа подобро. Е сеа тоа да не биде на 2 ипол месеци да се менува место, тоа дефинитивно е трн во око
Леле, ова ми е најомразеното прашање на интервју што сум го добивала, зошто овде си останала само 4 месеци, зошто после не си била нигде вработена 5 месеци. Да не бидам погрешно сфатена, да имам веќе 10 годишно искуство позади себе и на секоја работа да сум останувала по 2-3 месеци, па 5 месеци да не работам, па пак 2 месеци, па 5 месеци одма по тоа, океј ќе сфатам. Ама јас сум млада, само што сум почнала со работа, јас баш почнав да барам работа во екот на короната, кога не можеше да се најде ни за лек. Денеска самите процеси на интервјуирање се истоштувачки, имаат по 5 круга на интервју, тестови по англиски, тестови по интелигенција, таскови итн итн. Нејсе, муабетот ми беше, првата работа ја најдов во 2021 година, бев таму 4 месеци, и газдарицата од Америка што воопшто не беше ни присутна тука за да ги види тимските динамики ме отпушти зошто наводно не сум се согласувала и вклопувала со тимот. Поглупа причина, амин. А средината беше крајно токсична, и всушност нејзината миленичка ме малтретираше на daily basis, ама нејзиниот збор беше закон, неа се и се веруваше. Откако госпоицата ме отпушти, 5 месеци барав работа, за на крај да се најдам на уште побетер место од првото и трпев мобинг секој втор ден, за 20 000 денари основна плата. Се вработив во март, си заминав во јули, веќе во август потпишав договор за нова работа, што ја почнав од септември 2022. Fast forward, давам отказен рок месец дена почеток на септември 2023 таму, и почнав активно да барам нова работа. Ми се јавува регрутерот од Вработување.мк како пробно интервју пред да ме поврзе со клиентот, и ми вика зошто имаш gap од 5 месеци во 2021 година помеѓу првата и втората работа, рачунај ова ме прашува 2 години после тоа, а јас веќе една година сум на трета работа. Ај да сум имала празнина од 5 години, па да разберам, ама ни тогаш нема да разберам. Може ми починал некој драг од семејството, може сум претрпела губиток на дете, развод, сум била болна, сум се породила, дете сум чувала. Може сум го шетала светот. За млади луѓе што тек сега почнуваат со работа, јас баш не препорачувам да остануваат на места со мизерни плати и услови, места кај што доживуваат секојдневен мобинг. Па затоа и има толкав job hopping кај нас, зошто нудат 23 000 за customer support во две смени, на друг јазик, те малтретираат и домачи и странски шефови, и зошто младо дете да остане на таква позиција? Плус што и се знае дека најголем број од студентите и оние штотуку излезени од факултет работат такви работи додека не најдат нешто што им е погодено, и по струка - а америчките газди ги искористуваат до коска зошто сме ефтина работна сила и мисли дека може да те малтретира до миле воље за ич пари... ама ете, не може. Младите се свестуваат и затоа и почесто менуваат работа. Е сега, има и млади и општо луѓе што не им се работи, и го задржуваат тој "тренд" на job hopping со години, и што секогаш нешто им смета, те платата, те газдите, те колегите, па работата и со тоа не се согласувам. Мислам дека и за самата личност не се добри толку турбуленции и промени во толку краток период - па прилагодување и учење се од ново, и што знам, така немаш простор ниту да се усовршиш во одредена професија, ако постојано менуваш работни места. А и еве, ќе спомнам еден пример, колегава на сегашнава работа нема предолго останувано на работните места пред ова, тука е 2 години и е машина, предобро работи, пребрзо, заинтересиран е, едноставно најверојатно си го пронашол неговото место. Така што причини за job hopping може да има многу, од неповолни услови (ниска плата, надредени, колеги, мобинг, лоша работа, премногу обврски што не се соодветни на надоместокот) до незрелост на кандидатот, несериозност, не знае што сака и бара, неработливост итн итн.
Poznavam edna devojka sto raboti so IT ne znam sto tocno, bese ucenik na generacija, kaj so bukvalno na Linkedin profilot od 2020 do sega ima smeneto preku 10 rabotni mesta od po 2-3 meseci raboteno vo edna firma... Ne znam, mislam deka moze da i do kompaniite ili pak ako nekoj se vrednuva i misli deka ne e dovolno platen pa uporno odi na drugo mesto mislejki e podobro od drugoto. Se na se veruvam deka site nie sto barame taka rabota nekad ke ni se spojat kockite iako znaeme kako funkcionira se vo nasata drzava
До сега на интервју никој не ме прашал зошто сум имала временски дупки помеѓу работни места бидејќи до сега и не сум имала баш. Но познавам луѓе, другарки и другари што имале и секогаш на интервјуто тоа ги прашуваат што за мене е чиста небулоза. Ако сум одлучила да направам пауза може да е од милион и една причина и не мора да значи секогаш дека не сум можела да најдам работа, па и да не сум можела е сосема во ред. Такво прашање за на интервју ми е сосема бесцелно. Според мене луѓе што смениле неколку фирми во рок од неколку месеци не се нешто помалце од овие другиве што седеле по 1-2 год во фирма. Има луѓе коишто на почетокот им се допаѓале условите, мислеле дека таму ќе им е супер и потоа се испоставило дека не е и си отишле после 2-3 месеца. Не гледам апсолутно ништо грешно во тоа, за мене е многу полошо да седам на едно место во една токсична средина, кадешто не сум среќна, почитувана, кадешто не ми се допаѓа работата и луѓето. Како млади луѓе верувам дека не треба да седиме на едно место доколку е токсично и не ни се допаѓа атмосферата туку да одиме напред и да се донаградуваме за да си најдеме нешто подобро, мал милион фирми вработуваат и верувам дека на секого некаде ќе му се најде местото. Ама страшна небулоза е да прашаш на прво интервју зошто си имал празнинска дупка.
Понекогаш често менување на работно место се смета за;еј на овој ништо не му чини,со сите се расправа,не му се работи,не е стабилен...Но,да бидеме реални,реалноста не е секогаш таква.Еве сетете се зашто последниот пат ја напуштивте работата која си ја сакавте?Некои од нас ќе најдат подобро платена работа,други не сакаат да работат повеќе задачи а се платени само за една,некогаш и атмосферата е неподнослива сама по себе...Значи многу површно се гледа на работите...И оние интервјуа за работа,ај што се ради реда(повеќето),па и прашањата што се поставуваат кога ќе отидеш на такво едно..Каков е твојот брачен статус,дали имаш деца,а дали имаш намера во скоро да ги имаш...Срамота!Врвот е кога ќе те прашаат зашто имаш сменето толку работни места?Ко да не знаат во какви услови се работи во мкд...Може некој да работи по 4-5 години и повеќе на исто место па за ништо да не го бива а влезен е преку некој близок/познаник/братучед на директорот да речеме....И тоа е мерило за квалитетен долгогодишен работник!?
Да имаш 10 години стаж и сменети на пример 4 фирми не е воопшто чудно. Ама да ги менуваш фирмите на секои 2-3 месеци мислам дека би било црвено знаме за многу наредни потенцијални работодавачи. Едноставно би помислиле дека не е нешто во ред со кандидатот и постојано го отпуштаат или самиот тој тешко се прилагодува, наоѓа забелешка за се и веднаш напушта. Ретко кој работодавец сака да инвестира во вработен кој за кратко ќе замине.
Стигале такви биографии на работа. Делува несериозно. Птици преселници, на секое работно место по неколку месеци. Друга работа е што Македонија е мала, се знае која фирма е проблематична, која не е, ама некој никаде да не се прилагоди, да не се пронајде, очигледно има проблем. Има конфликтни луѓе, суетни, доцнат. Минатиот пат среќавам познаник на каса во маркет, и ме прашува дали сум уште на истото работно место, велам да, и тој кажува дека е невработен откако го избркале во болница, го избркале во дом за стари лица, отишол во фабрика и таму го избркале. Се зачудив, онака ладен си кажува дека на три места по ред го бркаат. За мене лично сега правам 8 години во истава фирма.
Кога почнав да работам често менував работни места (иста професија) и ми беше како навика и интересно. После останав долго на едно место и прво ми беше чудно оти ги нема промените. Сега пред малку пак сменив место и сега е тешко, мислев со тек на време се навикнува човек ама ако не е среќен, не е тоа тоа. И може пак ќе менувам.
Океј, може размислувам како Boomer (а реално сум Millenial ), но да сум HR, и да добијам CV во кое ќе видам дека за 3 години се сменети 5 работни места, нема да го уважам. Зошто? Затоа што интервјуирам за РАБОТА. Такви кандидати само ми оддаваат впечаток дека се префрлале од едно на работно место, за: 2000+ поголема плата; таму морале да идат секој ден на работа а ваму работеле хибридно; таму немале FitKit а ваму имало; таму немале frequent recognition а ваму имале... Извини, сакаш да работиш или не сакаш? Просто, не може 5 места да не ти одговараат, и на 5 места да не си среќен, и сето тоа за период од 3 години.
Не знам, јас сум поделена некако на оваа тема. Максимум сум останала на исто место 4 години, а минимум 3 месеци. Од причина што ако не ми чини нешто одма заминувам. И функционирам со тој принцип, ако нешто некаде не функционира нема магично да се смени за мене, ниту јас како нов вработен ќе го сменам. Во моменталната фирма сум година и пол и се надевам ќе останам подолго, засега немам намера да ја менувам. Што се однесува на интерјвуа досега не ми се случило да ме прашаат зошто на некое место сум останала толку кратко, обично прашувале зошто последната позиција ја напуштив (или зошто планирам да ја напуштам). Можеби затоа што не ми биле сите места на неколку месеци, туку имам и вакви и такви искуства. Подолу се причините зошто сум напуштила работно место во помалку од година дена: -На едно место работев фриленс, убава плата но непријавена, па најдов работа со иста толку нето, плус придонеси. -Преголем притисок и потреба да остануваш често прекувремено (неплатено секако). -Мобинг од страна на претпоставен. -Токсична средина.
Одам на еднодневна тура, и таму се среќаваме со жена со која сме се запознале лани на тура и таа ми вели „Тањо, уште ли работиш на истото место“, велам Да, жената ми вели „ааа, јас од лани досега сменив 3 фирми“. Се зачудив како им се шета од фирма на фирма, па секаде нов начин на работа, различни луѓе. Не беше млада инаку.
Во оваа држава ништо не е чудно. Чудно е ако на огласот ја кажуваат вистината и износот на платата. Сум менувала од што сум сакала и морала. Сум се борела за подобро. Јас лично, како работодавец, поќе би ги ценела оние што смениле повеќе работни места, пошто имаат повеќе искуство, во неколку полиња, од рецимо од онај што работел само сметководство. Се зависи од тоа КАКВА работа позиција си имал.
Не гледам ништо лошо во ова и ако некој често менува не значи дека е мрза. Вака кога ги читам мислењата изгледа не сте начекале терсене работодавци кои вршат експлоатација и мобинг. Јас сум менувала доста и ќе менувам секогаш кога нема да сум доволно ценета на работното место.
Јас имам сменето 3 работни места. 1.5 год, 5.5 год и сега веќе 3та година. Второто дека се затвори фирмата. На почеток сите се добри додека те привлечат и ветуваат повеќе од претходните и на крај излегуваат сите негативни работи. Некако со други очи ги гледаат тие што често менуваат и мислат дека тие не се лојални, дека со нив не може да се планира на подолг рок, дека неочекувано ќе дадат отказ итн Ако нешто е добро тука на друго место не е, ако таму е добро, тука не е. Секаде има предности и недостатоци. Ова е од искуство на оние кои веќе заминале и после тоа смениле уште 3-4 фирми. Барајте голема фирма, не е исто да се работи за голема фирма каде сите врати ви се отворени, отколку во некоја непозната и си никој и ништо. Колешка што напушти после 3 месеци сака да се врати. А колку само има како неа, па не признаваат дека на идното работно место и е полошо. Колеги што се над 15+ години ми се повеќе ценети. Сакам лојални личности и оние кои напредувале со текот на годините. И по мене си знам. Не си истата првата година и после 3 години. Повеќе ценета, поголема плата.
Јас како работодавец ценам кога ќе видам дека некој барем 3 години издржал во некоја фирма, бидејќи да дојде некој и да го обучам па да фати магла за 6 месеци во друга фирма или да почне нешто свое, немам нерви и време за тоа.. Тоа остава слика на несериозен кандидат и не би влегол ни во потесен избор. Многу е подобро да имаш 10 години искуство како сметководител и да си ја знаеш работата, отколку да имаш 3 години искуство во сметководство, 3 во маркетинг, 3 во човечки ресурси.. Тоа па дава слика дека кандидатот не знае што сака во животот, не се пронашол себеси до сега, нема ни од сега богами..
Дали ти би седела во токсична работна средина, колку време и зошто? За да бидеш соодветен работодавец, треба да го изодиш патот како работник со повеќе искуства. Само така би ги знаела причините зошто еден работник може да смени позиција за кратко време. Не викам дека нема лоши и несериозни работници, но некогаш и добрите работници пробуваат да се пронајдат себе барајќи подобри услови за работа.
Проблем за младите е што токсично им е се. Не ги пуштиле на продолжен викенд - токсичнооо он на мене ќе ми кажува дека не можам ден да земам (а најавува ден два пред тоа) .. Не им даваат да работат од дома а работата можела да се работи и од дома - токсично Морале да одат у свирипичино на интервју и им рекле да не каснат, а мислеле дека онлајн ќе биде (знаеле кај се пријавуваат) - токсично Тим лидерот им рече дека мора да се сработи нешто во одреден рок - ауу јас не работам во таква токсична средина под притисок под не знам што.. Се е токсично околу нас очигледно во последно време. Под токсично само мобинг и психичко насилство признавам. Физичко да не спомнувам, не ни треба да се размислува.. Друго е жалопојки.. Сум изодела многу пат за моите 33 години, од рмбач до работодавач..од МК до странство.. Како сопственик на фирма работам по 12+ саати (најчесто 14-15), се расправам со секакви будали (добавувачи), морам на сите на телефон што ќе се јават со насмевка од 6ка до 6ка да ги услужам и работам во производство на храна каде што немаш право на грешки.. Се би дала за плата до 30000 и работа на рецепција на пример.. Најголем проблем да ми е што на Петко од Франција собата му смрдела на доместос... Ама сум се фатила на орото и мора да се ќути бидејќи и други зависат од платата што им ја давам..