Не најдов тема за серијава.Ја рекламираат на Сител,ми изгледаше интересно па почнав да ја гледам на интернет.Се работи за хрватска серија,снимена во 2017 година. Приказната почнува 25 години претходно...Имено прикажано е едно семејство на работ на своето распаѓање.Пар кој не функциоира добро поради богатата љубовница на сопругот,повредената сопруга,и најголемите жртви-нивните две деца Бранка и Томо.Таа фатална вечер,во екот на хистеријата,во сообрајќајна несреќа,животот го губи брачниот пар.Нивните малолетни деца остануваат сираци,и се сместени во дом.25 години подоцна,Бранка и Томо се возрасни луѓе.Томо со својата ќерка се враќа во малото градче,и тука заплетите почнуваат.Испливуваат на површина тајните од минатото,нова љубов,стара одмазда...Досега изгледав неколку епизоди и премногу ми се допадна,серијата ветува многу.Моја оценка 10/10 Музиката е прекрасна,специјално за серијата постои песна,во изведба на Борис Новковиќ.
Серијата и мене ми се допаѓа по сценариото Не ја почнав на интернет зашто знаев дека ќе дојде на сител, штом ја купи и прва во србија Би требало да почне од следната недела, па ќе видеме
Дојдов, ѕирнав, не ми се допадна. Значи не постои една хрватска серија досега што ми се допаднала навистина. Све ми е нешто ванаби, извештачено, сакаме да делуваме светски, а повише сме наши од нашите. Од Балканов за филмови, серии, драми, комедии и слично, по вкус ми се Срби, Босанци и Турци. Ретко ми имале утка. И ние имаме добри остварувања, пример Деспотовски ми се свиѓа какви проекти има (само како пример).
Серијава ја видов како ја прикажуваа на сител. Не знам дали ќе биде добра но по насловот и по тоа што го видов кога ја рекламираа можеби ќе биде добра, а иначе не забележав од кога ќе почнат да ја дават. Јас искрено не ги гледам ни турските серии а не верувам дека ни оваа српската ќе ја гледам не сум по таквите серии. Се надевам дека на некои ќе им се допадне особено на тие што гледат серии.
Уште кога ја видов рекламата, ми изгледаше интересно, па планирам да ја гледам. Но јас истото го реков и за Вљубениот ерген и еве, не ја гледам. Затоа повеќе би сакала да ја гледам на интернет, кога гледам на телевизија, секогаш заборавам во кое време, па училиште и разни други обврски. Каде би можела да ја гледам на интернет?
И јас ја пратам серијава. Приказната делува интересно, ама глумата е некако извештачена, што знам, како да не ги бива глумците, не сите, ама поголемиот дел. Томо ми е сосема мој тип ама му дале отказ
Еве „Иван Херцег (36) се испокарал на сетот на „Чиста љубов“. Многу викал, се пожалиле неговите блиски соработници до продукцијата. Наводно, глумецот неколку пати приговарал. Се бунел на организацијата и сценариото и доаѓал неподготвен на снимање на серијата.“
Се заразив со серијава. Ја гледам на ТВ, не пропуштам епизода. Точно дека некои од глумциве се со малку извештачена глума, ама приказната баш ми се допаѓа, така да не ми пречи тоа многу.