Чистење

Дискусија во 'Дом' започната од magic, 12 декември 2009.

  1. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    114
    Моментално чистам- Генералка :lol: :lol: :lol:
     
  2. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.899
    Јас денес планирам да чистам, ама ме мрзи, ептен ме мрзи да станам од столче, но морам, масава ми е лом! :lol:
     
  3. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    66
    Перфекционист сум по природа така да сакам се да е средено,чисто и под конец.Секојдневно си потсредувам тоа што ќе се расфрла и веднаш враќам се на свое место.Облеката нема шанси да ми е несредена.Обожавам да чистам и не можам да гледам расфрлано и нечисто ]:) А плус чистењето ми е многу добра терапија кога сум нервозна :lol:
     
  4. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    не сум опседната со чистење, ама сакам во глобала да е чисто позз
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.843
    Јас сум девица и не претерувам во чистењето.. собата ми е секогаш средена и гледам да не правам голем неред бидејки потоа ме мрзи да чистам :D за разлика од мајка ми која е многу педантна и претерува во крајности со тоа чистење и ми оди на нерви бидејки ме кара и мене да чистам а страшно ме мрзииии :lol:
     
  6. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.991
    Еве како хороскопска девица кои се познати по перфекционизмот и ситничарењето тука сум да го демантирам тоа:))

    Сакам да ми е чисто и средено и дома и на работа,а со оглед на тоа дека сум алергична на прашина мора да ми биде чисто.Во секој случај не се занесувам со цепидлачење и одење до крајности,знам некогаш и да забушавам како на пр плакарот да ми биде хаос неколку дена,или цел ден да не измијам садови....едноставно ако не ми е денот не ми е и точка,не се форсирам.Познавам луѓе кои си уживаат во хаосот,имам пријателки кои едноставно се навикнати да имаат џунгла во плакарот и сл па не им чуе,така им е убаво,баш се смеевме со една ми вика така полесно можам да се снајдам кое кај ми е:))

    Кој како сака нека си прави,јас лично не сакам несредени работи ,расфрлано ,нечисто и се обидувам да ми биде се на свое место ,но ете некогаш има денови кога не сакаш и не можеш да се занимаваш со сето тоа:)
     
  7. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    104
    Јас сакам да ми е чисто, ама несакам да чистам. :$
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    4.476
    Со оглед на малиот кој секој ден куќата ја померува од темели :lol: и маж кој е архитект па сите проекти, цртежи се по цела дневна соба :lol: сепак успевам да биде средено. Добро и сопругот ми помага околу чистењето и средувањето колку може али во суштина недела ден ми е кога се прави генералка.
     
  9. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    201
    Моментално психички се спремам да почнам со чистење кај мене во соба :lol: Секој ден чистам и пак ми е во неред :wasntme:
     
  10. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    658
    Можам да живеам неколку недели во осба како кочина...
    Ама некад ќе ми збесне и цел, буквално цел ден чистам.
     
  11. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    148
    Ах значи не можам да седам во собата ако ми е нечиста.Нон-стоп ја средувам.Кога имам па за учење,тогаш највеќе-мора да ми е се под конец (знам дека малку претуравам ама тоа е ) :lol:
    Само ептен кога сум уморна и ме мрзи,ќе средам онака набрзинка и површно.
     
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.347
    алал да ви е девојки!!
    мајка ми и сестра ми се девици и да не ви кажувам какво е кај нив дома од чисто почисто и ми солат памет како требало, ама од милина да живееш во нивните куќи :D убаво средено чисто абе милина.

    а јас баш и не сум по чистењето, средувам секој ден ама чистење еднаш неделно епа сега јас не сум домаќинка како мама и дада де ама што да правам по цел ден сум на работа или на пат па кога ќе си дојдам уште да чистам поарно ќе излеземе на шетка :D

    заклучок не ми смета ништо освен расфрлани чорапи
     
  13. senza.parole

    senza.parole Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    15.536
    Пол:
    Женски
    Чистење... :^)
    Уфф лесен беше животот додека живеев со мајка ми... :!:
    Невиден перфекционист |( , ама имаше една добра страна:
    Никогаш не не вознемируваше нас да чистиме, од причина што мислеше дека никој не чисти толку добро како неа :^) :lol:

    Ама ич не ми недостига тоа нејзиното:
    Се избриша добро, немој капки од вода да капнат на паркетот дека кога ќе се исуши се познава :D

    Сега си живеам лежерно, чистам редовно ама не се опседнувам толку како неа, од причина што секој денес доаѓа најавен (има и исклучоци додуша |( ) и ако претходно е исчистено има време да се досреди тоа што останало (скоро секогаш имам алишта на креветот :tmi: , лоша навика :$ )... :D
     
  14. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    во мојата соба чистам секои 2 дена :worried: уффф
     
  15. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    121
    Па најчесто сакам да ми е под конец се :D , меѓутоа има периоди кога неможам да се впуштам во детални чистења, па само онака подрасчистам :D. Зависи до расположение :D :D :D
     
  16. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    628
    Пол:
    Женски
    Леле девојки каква домаќинка ќе сум јас, ич не ми се чисти по дома. Посебно мразам да бришам прашина, да мијам садови. Се би дала да имам слугинка како во филмовите :lol:
     
  17. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    327
    Искрена да бидам многу повеќе чистев во средно,станот го доведував до перфекција сама..Ама сега некако послабо,посебно последнава година.Леле,има денови кога нештото вришти да биде раскренато,ама раскренувачката мува не ја лази :D Кога нешто не е во ред со мене,ама не да чистам,ништо не ми се прави,а најмалку па тоа..Ама во глобала сакам да чистам,само не ми давај плакар да редам,никако тоа.Моите плакари се во стален хаос,посебно па сега откога веќе се и преполни,а на мајка ми ништо не и се фрла,не ги погледнувам,кај ќе редам кога таму има и алишта од пред десет години ,ама нееее тоа мора да стои,мама така вика,нови биле,неизносени,кај се фрлало така :D Сакам вецето да ми е чисто и дезинфицирано,убаво да мириса секогаш и посебно на тоа обрнувам внимание,а да,и сакам кога јас лично ќе ги исперам алиштата,најубаво мирисаат тогаш(оти ќе ставам 100 кила омекнувач нормално) :D
     
  18. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Јас ич неможам да поднесам да не ми е средено нешто.Ме фаќа нервоза.Собата си ја чистам еднаш на 2-3 недели :$ (бидејќи ме мрзи)ама тогаш ја светнувам...и стандард фрлам по 2 ќеси работи што не требаат.
     
  19. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.601
    Допаѓања:
    7.110
    Пол:
    Женски
    Мајка ми многу ме нервира коа ќе ми рече да си ја суредиш собата |(
    И кога е чисто вика така .. А мене ич не ми се чисти |( |( |( ]:)
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.736
    чистам еднаш неделно(прашина правосмукалка) а средувам постојано и во мојата соба, и во останатите соби секако :$