1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одржување на чистотата во домот

Дискусија во 'Дом' започната од magic, 12 декември 2009.

  1. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Најубаво можам да функционирам додека се ми е расфрлано низ соба. е само тогаш знам што и каде ми е :D инаку да, чистам еднаш во неделата ама цела соба-секое ќоше и местенце кое што може да фати прашина!!! Убаво ми е кога ми се расфрлани книги, облека и стегаци за коса низ соба :D :D :D
    Мајка ми неможе да се изначуди со мене,зошто она чисти, пере, пегла нон стоп. Додека на брат ми собата е секогаш уредно наместена и се си е на свое место!
    Ама што е, тоа е :D
     
  2. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    обожавам чисти куќи,не средени туку чисти :!: ,разликта помеѓу овие два поима е голема некои сакаат да е средено на лик колку да нема прашина да не е расфрлано исл,додека јас преферирам чистота на секој сантиметар од куќата,од прашина на мебел,перење на завеси,чисти ѕидови,перени алишта чисти подови и теписони без газење со чевли по дома.кога чистам се релаксирам а нај добри резултати покажувам кога сум разочарана,лута и кога имам проблеми,тогаш чистејќи го просторот во кој живеам на некој начин ја чистам душата од проблеми и маки на начин на кој неможам реално да делувам па со чистењето ја исфрлам негативната енергија и ми олеснува.
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Преку недела обврските околу домот ми се стандардни, стануваме собирам постелнина, ја ставам на кратко на тераса и после ја собирам. После почнувам да правам ручек (сакам ручекот да го направам порано) мијам садови, бришам шпорет. Пуштам перална скоро секој ден или преку еден ден и еден ден правосмукалка.

    За викенд ги оставам темелното џогирање на ходникот и кујната (преку неделата ако има нешто нечисто го забришувам само) , чистењето на купатилото и бришењето на прашина.

    Завесите ги перам 3 пати во годината, тоа се однесува за тие од дневна, тешко се вадат, големи се, додека ги закачам рацете ми капнат.

    ЕДИТ: Се сетив дека во последно време често ги поминувам теписите со машината на пареа, син ми лом ги прави, мачка храна на сите страни, истура сок, јогурт, млеко, лошо мириса, а од мојава коса на сите страни летат влакништа.
     
  4. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Не можам да поднесам неред, мразам кога ми е собата несредена, ме живцира и се нервирам ужасно.
    Колку и да сум изморена секогаш барем малку од малку раскренувам, инаку ќе полудам.
    Иако во последно време штрајкувам, зошто сестра ми колку и да чистам, кога ќе стапне во соба крева се во воздух :@
     
    На J.Ivanoska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Хахах и јас сум така!!! Мора да ми е средено и највеќе ЧИСТО!!!
     
  6. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    сакам да ги прашам сите домаќинки и оние кои не се,колку често во една недела пуштаат машина за перење?
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Па зависи, додека се соберат алишта. А инаку ние двајца сме. Мојата машина има капацитет од 6.5 кг за бели алишта, за шарени алишта помалку, до кај 4-5 кг (така пишува во упатството). Обично за викенд пуштам 2-3 машини, зависи од видот на алиштата. Обавезно една на вриење (бели), една шарени на повисока температура (до 60 степени), а скоро секогаш имам и осетливи алишта (до кај 30-40 степени) - фала му на Бога што има посебни програми и детергенти да не морам да перам на раце. А кога малото ќе се роди, сигурно ќе има многу повеќе.
     
    На lolyta777 и stilas7 им се допаѓа ова.
  8. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    чисто информативно прашав,бидејќи јас по два три дена ги слекувам алиштата што ги носам и дома и надвор,плус бели алишта и ми се собираат и поради тоа перам често.се случува да пуштам секој ден по една или на два три дена по една машина.но поентата ми беше дека многу ми"замеруваат"поради често перење,кое не требало да се практикува често,туку на две недели еднаш?ок е така или? :^) или јас грешам?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    А зошто да грешиш, колку што треба да переш толку. Кога ќе ти се соберат многу алишта нема да ги чуваш, сигурно дека ќе си пуштиш машина, нема да шеташ во нечисто. И ние често се пресоблекуваме, ако не секој ден, тогаш секој втор ден, па брзо се собираат алишта. Е сега, кога е некој така поголем празник се случува да не перам, ама тоа и не е толку често. Не дека сум суеверна, или што знам што, ама така мајка ми ме научи, а еве и свекрва ми прави така.
     
    На lolyta777 и stilas7 им се допаѓа ова.
  10. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    stilas7 се слагам со тебе, не идам на раобота ама менувам често алишта, малечките ме мачкаат со јадење :) Сопругот го истренирав да менува гардероба на 2 дена, на малите ретко кога им облакам исти алишта два дена така да и ја си перам и сушам постојано. Внимавам кога има ефтина струја и пак ми дојде сметка 12200 за јануари :@ Душата ме боли ;( Е не сум од Скопје, немаме парно него грееме со термо и клима, во најладните денови и греалка ама пак... Забегав јас него сакам да ти кажам пери си како ти одговара ;)
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    не е проблем перењето се останато,тука струјата.многу се трошело со секој ден перење :!: .поретко да сум се перела оти многу ќе дошло за струја.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Е па ај ич да не се переме тогаш. Секогаш ќе има такви мрчатори, ама тебе да не ти е гајле. Ако мораш да пуштиш машина, пушти. Ама не за две-три алиштенца, стварно не се исплати.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Секој ден по една, тројца сме. А кога ќе дојде и др дете изгледа по две на ден ќе треба да пуштам :lol:
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека само маж ми оди на работа, а детето во градинка, многу повеќе имам нивни работи за перење отколку мои, пуштам машина за викенд, некогаш една-две во сабота-шарени за да се исушат и да ги испеглам за тековната работна недела, а во недела - на вриење. Кога и јас одев на работа пуштав повеќе машини, а сега само две-три зависи колку се исфлекале :lol: Ова е вообичаено, а друго е кога перам прекривачи, ќебиња и јорганчиња, јакни итн. Многу ретко перам на раце, некое чорапче или маичка ако итно ми требаат, инаку се перам во машина :lol: И внимавам на ефтината струја.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Мене не ми смета чистењето сакам се да ми е убаво и чисто,е сега не до толку ,пошто има и опседнати домаќинки да се разбереме :!:
    Кога правам пр ручек додека се пече тој,јас раскрева од масата ако нешто имам сечкано пример за ручекот и го фрлам,по ручекот обавезно ги редам машините во машина,господ да ја благослови неможам без неа :inlove:
    прашина чистам на 3-4 дена,само смукањето го мразам највеќе :envy: ако е расположен дечко ми -тој смука ;) малку и братска делба :P
     
  16. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам со што го чистите паркетот/ламинатот? Дали употребувате некое специјално средство и сл?
     
  17. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Само што си ја исчистив собата :) инаку убаво ми е когаа ми е чисто нно уште поубаво когаа е ``растуренко`` :wasntme:
     
    На 1112 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    секогаш мора се да ми е под конец.
    пример,. Станувам сабајле и прво средувам се и после седнувам на компјутер,телевизор или читам книга.
    Кога имам да учам морам се да средам за да седнам и учам.Неможам во неред да седам ме нервира и ме потресува...
     
  19. myst

    myst Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    36
    Преферирам се да ми е на место, ама понекогаш намерно ќе оставам нездиплени алишта или неизмиени садови, и опуштено ќе си пијам кафе и ќе си станам од маса од кога ќе се најадам без да ја раскренам, за да се потсети мажот дека и тој треба да помогне :)
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Деталното чистење ми е како еден вид терапија, и обично го правам кога сум нервозна...Ја носам малата кај моите на гости, мм ако не е на работа му ''давам'' слободен ден (читај: го бркам од дома), пуштам музика, ставам нараквици, and let the party begin...Колку похаотично, толку подобро за мене...
    На крај-туш, кафе, светнат дом, а јас преродена... :f: