1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одржување на чистотата во домот

Дискусија во 'Дом' започната од magic, 12 декември 2009.

  1. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Не сум некоја болна по чистота, па секој ден да сум со крпа и правосмукалка во раце, ама сепак се трудам да одржам чисто и средено.
    Во принцип сабота или недела е ден за чистење, темелно, а тоа подразбира рибање и дезинфекција на купатило и кујна (тоа ми е омилено-сакам да си "играм" со вода), чистење со правосмукалка и после со џогер и средство за подови (теписите ги отстранив) собирање на прав, пуштање на машина за перење.
    Преку недела знам да забришам прашина, телевизор и такви ствари зошто стварно ја има кај мене, башка што се пуши во дневна и да го забришам паркетот, ама сепак последново зависи од расположение :)
    Завеси имам (а сакам да ги немам) и најмногу мразам кога треба после перење да ги местам. Смрт ми е.
    Како што ги снема теписите, ми се чини и завесиве ќе им се придружат.
    Пеглање, хмммм, па не баш.
     
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Сакам дома кога ми е чисто и уредно, ама :fubar: знам и за 5 секунди се да направам тотален хаос, кој треба да се средува 2 дена. Сега дека сум дома, си наоѓам занимација крпата во рака и се борам со прашината (ама секогаш е таа победник). Најмногу се нервирам дека поминуваш со крпа бришеш и после гледаш пак прашина, крај нема за неа :devil: . Мајка ми си купи кирби пред некои 5-6години и од тогаш со него си чистиме, ама мене ме нервира понекогаш смени дел за тоа смени за друго(нели има многу приклучоци, а замислете ги немаме сите а ги има преку 10).

    Чистам ама секако не сум секој ден со крпа во рака :lol: . Ако видите девојка која за 1ден прави генералка дома во чистење, и е занесена и внесена во чистењето и е многу многу залетана брише, чисти, џогира со џогер, ги „млати“ теписите :whew: , во исто време откачува пердиња и ги става во машина (и прави се можно по дома од хигиената за 1ден) е тоа сум јас и тоа многу многу нервозна :@ . Кога имам ваков ден тоа значи дека некој ја згазнал змијата на опашката и не ја пипајте.
     
  3. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    Се под конец :) .
    Мразам кога ми владее дома хаос, поготово во мојата соба, но бидејки ја делам со помал брат, а машко ко машко после него остава ко стадо офци да поминале :@ , не секогаш можам да уживам во чисто уредена соба.
    Сепак се трудам и не само собата, туку цела куќа да сјае.Најчесто тоа ми оди од рака кога сум сама дома,бидејки никој не ми смета, или сама со мајка ми, пошто и таа е по средувањето и запазувам до најмал детаљ, секој да си биде на свое место.
    Крај краева не само вината паѓа на брат ми.Брзото темпо на живот баш и не дозволува да секогаш биде се како што треба.Набрзина да се облечам и пола шкаф е хаос, набрзина да доручкувам и садовите не се измиени...но по завршувањето на обврските и да сум уморна неможам да се одмарам во хаос. Најпрвин средување, а потоа одмарање во уредна и педантна соба :)
     
  4. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Кај мене па во соба,секогаш е бучкуруш...расфрлани алишта насекаде,фиоките испревртени,во плакарот може да се најде нешто средено...а главен виновник за ова е сестра ми,бидејќи никогаш не почнува да се спрема навреме, па после трча ко улава и се џитка :@ ..а, јас па инает не и ги собирам алиштата, неможам јас секој ден по газот да и одам и на крај иде мама и ни чисти се :lol: ( не секогаш,знаеме и јас и дада да си раскренеме не сме до толку :) )
     
  5. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    17.812
    Пол:
    Женски
    Уф јас си имам мака се повеке и повеке сум убедена во тоа :( Сакам се да ми е совршено исчистено и во викенд бришам прозори,рибам,гланцам и само погледот ми е на тепихот дали има некои црни точкици од чорапите на децата или влакна од мојата коса или флека на ламинат или испрскано во в.ц...Се борам со напад на страшни нерви кога првиот спрат не е наместен како што јас сакам,постари работи се а немам воопшто финансии да си реновирам ..Немав такви нерви како помлада,си чистев и уживав во чистењето а сега доаѓам дома касно,уморна сум,работата ми е стресна и само кревет гледам,фала богу што децата ми се големи и не ми растураат барем на горниот спрат но нивната соба секој ден е предизвик-шкаф,кревети,под :( Се потешко го добивам посакуваниот тип-топ изглед на куката и се повеке се борам со огромни нервози поради тоа,а да и напомена маж ми воопшто не помага низ дома што не беше случај порано сега едноставно сака се да му биде средено и под конец а во викенд нејки ни да слушни правосмукалка или да види пегла ...
     
  6. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да имам во животов добра паричка, да можам да плаќам од време на време чистачка, за мене чистењето е губење време, а и здравје.. не сакам несредено, дури и ми смета кога гледам дека е нечисто, па кога и да ми е хаос си чистам ... но не сакам животов на чистење да го посветувам, познавам таква личност што постојано чисти, значи секој ден без исклучок мора да зачисти нешто, а за викенд да не ни зборам :x
     
  7. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128

    Исто.. јас мислам па дури и дека ми е утнат хороскопскиов знак. Ниту сум перфекционист ниту пак ми засметуваат малце повеќе ствари по масите и креветите од колку што треба. :) Ми смета единствено прашина (дишниве патишта ми се испозатнуваат, не за друго :P )
     
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас скоро секој ден сум со правосмукалката и крпата в рака,а порано бев мрзла невидена,морам и опседната сум со чистота,а и голема ни е куката на 3 спрата е,нечисто ми е кога се чуствувам само лошо,и тоа мининмално :D

    Hајмногу гледам да ми е чисто купатилото,ми се чини таму највалкано е,не сум баш од онај тип ако се напиеш вода веднаш да ја измијам чашата и слично,но чинии да оставам преку нок,тавчина,тенџерина и ми се чини куката ке се засмрди :D
    A и чистењето ме смирува некако,ко терпија ми е :rofl:
    Mоре да се вработам ко чистачка или собрака :D
    Eдинствено надвор не допирам ништо в двор,само вадам цвеекина и толку :D
     
  9. svetlana977

    svetlana977 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    12

    Јас да го напишев постов немаше толку добро да се отсликам,јас едноставно не функционирам доколку не ми е тип топ дома, сакам цела куќа од влез до кујна, детска спална.... се да е под конец,испрано, испеглано ,здиплено, а за прашина да не зборам, имам фобија од прашина,ако сум дома цел ден се случува не еднаш ,по неколку пати да пребришувам.
     
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Чепкалките за заби или кај народот попознати како „чачкалици“ , обично се употребуваат после јадење, но овие мали тенки дрвца можат да имаат огромна примена во многу домаќински работи, па и во уметноста. Пред Вас се неколку интересни идеи како да ги искористите чепкалките за заби за нешто друго освен за чистење на забите.

    Одлични алатки за фарбање на ситни оштетувања на вашиот мебел.

    Да го означите почетокот на селотејп траката.

    За чистење на четката за коса со едноставно извлекување на влакната.

    Потопете ја чепкалката во алкохол и исчистете ги ситните пукнатини и превои на мебелот или белата техника.

    Извадете ја собраната нечистотија од вашиот телефон, тастатура ….

    За чистење на ноктите по завршување на нечиста работа во градината


    Можат да служат како тенко моливче за исцртување на шлагот при украсување на торта.
    http://boza.mk/2012/interesni-idei-kade-da-gi-upotrebite-chepkalkite-za-zabi/
     
  11. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Значи преку ден бришам прашина и смукам во мојата соба.

    Мама кога е на работа,бришам смукам секаде значи насекаде дневна,спална,детска,ходник,едноставно ако не ми е средено мислам дека ке полудеам. :!: :?:

    За џабе не велат дека девиците се луди по чистењето.

    Епа точно е ! :!: :D
     
    На m.jakimova му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Ми се виде интересно, па решив да го постирам, ;)


    Највалканите места во домот кои секогаш заборавате да ги исчистите
    ога е во прашање чистењето во домот, се се базира на чистење на бањата, подот, кујната… Но постојат и места кои речиси никогаш ги немате исчистено а се опасно легло на бактерии !

    Некои бактерии се безопасни но бацилите и прашината можат да го уништат имунолошкиот систем и да доведат до настинка и алергија. За таа цел, спречете ги несаканите појави со совршена чистота…Исчистете ги и следниве предмети:

    1. Кредитната или дебитната картичка- Колку пати дневно ја користите за да платите нешто? И колку пати ја давате на продавачката која во рацете денес имала безброј такви картички и пари? Парите не можете да ги исчистите…но картичките можете. Избришете ги со влажни марамчиња, почекајте да се исушат и вратете ги во паричникот.

    2.Држачот на четкичката за заби- Само неколкумина ја приметуваат водата која се слева по држачот, после миењето. На дното од чашката, можете да забележите рѓа и нечистотии. Задолжително чистете го држачот на четката за заби за да избегнете бактерии на горниот дел на четката, а со тоа да избегнете и бактерии во вашата уста.

    3. Прекинувачите за светло- Бактериите најчесто се пренесуваат со допир, а сите ги допираат прекинувачите за светло. И најчесто да ги миете рацете, не заборавајте редовно да ги исчистите и нив.

    4.Кутиите за сол и бибер- Немојте само да ги дополнувате додека се празни. Темелно измијте ги, истакнуваат истражувањата на Универзитетот во Вирџинија бидејќи во нив се концентрирани најголемиот број вируси.

    5.Кваките за врати и рачките за прозорци- Кога ги чистите вратите и прозорците, не заборавајте да ги исчистите и рачките и кваките. Дури и почесто, имајте во план да ги чистите кваките и прозорците, бидејќи со оглед на честите допири тие се најголеми легла на бактерии.

    6.Мобилни телефони- Ако земеме во обзир колку често ги употребуваме, не е ни чудо што Дејли Мејл истакнува дека мобилните содржат 18 пати повеќе бактерии отколку кваките на тоалетите.
     
    На m.jakimova му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Мразам чистење :@
    Од сите домашни обврски чистењето ми е најомразена.
    Благодарност на тој/таа што ја измислил машината за миење на садови, па во последниве 10-тина години ме поштеди од најнајомразената работа :bow:
    Сакам да ми е чисто ама одбивам да бидам роб на куќата, целта во животот не ми е да живеам во куќа каде што нема ниедна прашинка.

    Највеќе ме иритираат жени кои најголемата гордост им е беспрекорно чиста куќа, а за да ја одржаат таква го поминуваат денот во дерење по децата и сопругот кога ќе фатат нешто. Иако никој не го бара тоа од нив го поминуваат денот со крпата во рака, за после да се самосожалуваат дека никој не им го цени трудот....и животот полека но сигурно ги одминува додека тие се зафатени со чистење :x

    Обично чистам секој ден по малку, а еднаш неделно потемелно чистам.
    Тоа го правам во петок, пуштам музика за полесно да се справам со најомразената обврска, за неколку саата сум готова и викендот ми е слободен за уживање/шетање.
    Викендот никогаш не сум го користела за чистење, нема шанси да си го жртвувам слободниот викенд за да го поминам во чистење, има доволно време во текот на неделата да исчистам за да бидам слободна за време на викендот и тоа време максимално да го искористам за шетање/дружење а не пола викенд да ми помине во чистење.

    Ќе готвам цел ден со мерак ама чистам со тешко срце :lol:
     
    На JuLleE, eli25, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  14. anastasceto

    anastasceto Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    6
    Јас секогаш го чистам домот, а видам дека е растурено било што секогаш се фаќам за работа. Таква сум, додека не ги исчистам сите соби не седнувам и секогаш ми е чисто и средено...
     
  15. m.jakimova

    m.jakimova Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Treba da se cisti,ama pak ne sekoj den,najmalku 2 pati vo nedelata! :)
    [mod-kirilica:nnis7xkm][/mod-kirilica:nnis7xkm]
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да ми е чисто, средено и наредено ама...не љубам да чистам.
    Понекогаш ме фаќа чистачка треска, најчесто кога сум сама дома (тогаш ми е најдобро, никој не ми се плетка, не се замарам дали некој гледа телевизија или одмара и сл.).
    Не се притресувам многу, многу секојдневно и постојано да е чисто, не сум и нема да бидам роб на куќата. Ако ми се чисти ќе исчистам, ако ми се готви ќе зготвам, ако не, да сме здрави и живи ќе се снајдеме и во хаос, ќе најдеме и нешто за јадење.
    Мојата соба еднаш неделно ја чистам од патос до плафон, прашина, усисавање, џогирање, собирање пајажини, диплење алишта и сл. Другите соби освен спалната на родителите на Петко, ги чистам односно зачистувам секојдневно, дневната сакам да ми биде барем на прв поглед средена, зошто секогаш може некој да дојде, трпезарија масата да е расчистена и пребришана, а во кујната да нема немиени садови, ниту трошки и сл. по работните површини како и шпоретот да не е испопрскан од готвење. Купатилото го чистиме јас и свекрва ми, почесто таа во просек два пати неделно, дезинфекција, рибање, миење. Иако вака секојдневно само собирам шноли, стегачи и козметика кои сме ги расфрлиле.
    А праваосмукалка пуштаме секој втор-трет ден, зависи колку е испрљано.

    Кога се чисти, се чисти и сите помагаат, колективно, најчесто Петко и татко му се задолжени за дворот, но и внатре не одбиваат да помогнат, да измијат садови, усисаат и сл.
    Еве од Петко неможам никако да се пожалам, скоро секој ден мести кревет, знае и да зготви често, да пушти правосмукалка и сл. ретко кога ме одбил а сум го замолила да направи нешто.

    Чудна навика имам, секогаш пред да седнам да учам, мора собата да биде код конец, и прашина и све, иначе ми боде очи, и ме деконцетрира.
    Иако не љубам да чистам, што се мора, мора се.
    Еден ден во иднина ако имам доволно пари, и јас би најмила жена која барем еднаш неделно ќе ми ја чисти цела куќа, а во останатите денови јас ќе си собирам зад себе, ама барем тој ден ќе можам на раат да се одморам и прошетам а да не мислам дека кога ќе дојдам дома ќе треба да чистам.
     
  17. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    Не можам да најдам соодветна тема, па ке прашам тука. Може ли некој да ми каже како се справува со влакната од домашното милениче ( во мојот случај тоа е мачка) ?
    Благодарам :)
     
  18. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Кирби му е мајката!
     
  19. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Ај и јас да си прашам. Како да отстранам непријатна миризба од фрижидер (во случајов со години некористен замрзнувач), затоа што и несакајќи да се подотвори после тоа мириса т.е.смрди уште едно добри два саати во кујната.
     
  20. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Јас си уживам во чистењето :D не можам да седам мирна пред пц ако не е средено околу мене. Собата си ја чистам секој ден, а кога имам време и остатокот од куќата. (хороскоп - девица) :)