1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Читате ли книга затоа што сите ја читаат?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LivingGlam, 6 декември 2011.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Дали купувате и читате популарни книги, кои во моментот имаат најголем тираж и се хит кај македонските, па и светските читатели?
    Што мислите за ваквите книги, дали квантитетот на тиражот е показател на квалитет, или го мислите спротивното? Ден Браун, Николас Спаркс, Пауло Коелјо, па популарни трилери, чик лит...
    Дали можеби се трудите да најдете некои подзаборавени писатели и книги, па сте се соочиле со проблем - ги нема во продажба затоа што не се барани од читателите?
    Дали мислите дека македонското издаваштво ги задоволува вкусовите на сите читатели, или претерано се фокусира само на популарните книги?

    _____________________________________________________________________________________________

    Мојот одговор би бил - ќе излажам ако кажам дека некогаш не сум се полажала по популарна книга, кога се на попуст. Искуството ми покажало дека она што масовно се чита е најнеквалитетно, за жал.
    „Калуѓерот што го продаде своето ферари“ - изгубено време, човекот принапишал приказна за филозофија стара илјадници години, нешто што е многу добро познато и вредно, го пласира како своја идеја, ја комерцијализира, поедноставува, упропастува. Морам да признаам дека беше изгубено време.
    „Ќерката на чуварот на спомените“ беше многу популарна едно време, сите ја купуваа, сите зборуваа за неа, најбарана беше во библиотеките. Не знам ни што коментар да дадам за оваа книга, здодевна е и млака.
    „Под мермерно небо“ не ја ни дочитав, ја почнав и ја оставив, џабе фрлени пари. Секогаш се лажам на зимските попусти на Матица, ај си викам, ефтини се, ќе купам неколку книги и пак ќе дадам 1000 денари, а книгите нема ни да ги дочитам. Бесцелно фрлени пари кои сум можела да ги искористам за добри книги. :^) Ветувам свечено овде и сега - дека оваа година нема да го направам истото.
    „Колиба“ - Вилијам Пол Јанг, среќа не ја купив туку ми ја позајми другарка. Оооо каква Глупост! А книгава беше на врвот на сите светски топ листи. |(
    „Затоа што те љубам“ - Гијом Мисо... подобро да не коментирам, само ќе кажам дека воопшто не ми е јасно масовното воодушевување од човеков.

    Сум прочитала две-три од Коелјо, и од нив сум разочарана. Една од Спаркс, не се сеќавам ни на насловот, е за него можам да мрчам со саати и да не ми е доволно, па подобро и да не почнам. :D
    Не сакам некој да се најде навреден, секако дека секој чита тоа што сака и му се допаѓа, јас само кажувам мои впечатоци за некои книги. На овие се сетив моментално, а сигурно ќе се сетам и на некои други и ќе се дополнам.

    Сепак, :!: има некои книги кои ете, и покрај моите предрасуди за популарното, пријатно ме изненадуваат.
    „Сенка на ветрот“ е една од тие, прекрасна книга. Популарна беше меѓу нашите читатели и затоа одбивав да ја читам еден период. :$
    Првото издание ми падна во раце и имаше такви страшни граматички грешки што беше невозможно да се чита. Другите изданија се поправени. Морам да признаам дека погрешив во врска со оваа книга, но и го потврдив правилото дека преводот може и од убава книга да направи лоша.
    Кога Три почнаа да го издаваат Мураками, беше популарен меѓу нашите читатели. Претходно немав слушнато за овој писател и ја зедов “Играј Играј Играј“ со резерва. Се заљубив во Мураками од првата страница.

    Во однос на последното прашање што го поставив во воведниот дел од постот, за жал го поставувам од лично искуство. Сакам да ги соберам во мојата библиотека сите книги што сметам дека мора да ги прочитам во текот на животот, но невозможно ми е да ги најдам.
    Се наоѓаат некои на старо, така ми се дури и помили и многу почесто ги посетувам препродавачите на книги отколку книжарниците. Но некои книги не се ни издадени на македонски јазик, затоа што не се популарни. Со години се трудам да ја најдам „Глад“ од Кнут Хамсун, ја нема...

    И со тоа доаѓам до конечната поента, за македонското издаваштво. Секако дека секоја успешна компанија го скенира пазарот и вкусовите, но сепак литературата е малку поразлична категорија и мојот впечаток е дека македонските издавачи забораваат некои категории на читатели. Во ред е издавање на популарни книги, секако дека треба да ги има и треба да сме во тек со светските трендови, но ми се чини дека кај нас 90% од новоиздадените книги се такви, а за групата на читатели што не сака бестселери или популарни психологии настанува проблем. Секоја чест на Табернакул, Или-или, Темплум и Бегемот, нив ги издвојувам како издавачки куќи што се трудат да бидат различни и даваат поинаков избор, но и тоа не е доволно.
    Ни фалат безброј книги на македонски јазик. Многу класици што никогаш не биле преведени, или некогаш биле па сега е невозможно да се најдат. Јас би сакала да читам кинески и јапонски класици, но принудена сум да ги барам на англиски.
    Пак ќе речам, разбирам дека издавачите сакаат тираж и продажба, но може да издаваат и нешто необично, во помал тираж, од љубов кон својата дејност.
     
    На SV1911, Annath, do-re-mi и 9 други им се допаѓа ова.
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Имам приметено дека многу ама баш многу читаат само моментално актуелни книги и не за тоа дека многу читаат туку само како да се прават паметни и да кажуваат што имаат прочитано. Ќе прочитат една книга за која ќе одвојат еден месец потоа ќе скапат од зборување колку се полни со инпресии.

    Порано одев во библиотека и ќе се подлажев да земам книга која ке ми ја предложи библиотекрот и ќе рече ‘‘ Земи си ја оваа арно што е овде многу ја бараат‘‘ и многу пати така се имам зезнато!

    Еве на пример многу ја зборуваа ‘‘ Јади, моли се и уживај ‘‘ и конечно ја начекав книгава и тотално се разочарав дури е и една од ретките книги кои неможев да ги дочитам.
    Или па ‘‘ Моќта на подсвеста‘‘ ја имам читано многу одамна и не ми се допадна тоа повеќе ми е нешто во стилот на приачник, а не вистинска книга!

    И затоа си одам во библиотека и ќе си земам книга која или насловот ќе ми крене внимание или пак кратката содржина одпозади и чао пријатно! :)
     
    На jelena.rozga и crazylady им се допаѓа ова.
  3. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Токму така купив книга од Спаркс.зашто познати книги се и да не речам сите ги читаат.
    Купив,прочитав и се заљубив во книгите.Од тогаш имам многу негови книги прочитано,јас таков тип на книги читам и мене убави ми се.Сепак за вкусови се работи.
    За Мисо јас немам лошо мислење.Не знаев за него се додека мајка ми не ги купила Затоа што те љубам и Што би правел јас без тебе.Мене лично ми се допаѓаат многу и воопшто не ми беа глупави или досадни.
    Книга што ја купив затоа што сите ја читаат и популарна беше е П.С Те Сакам од Сесилија Ахерн.Книга од млада не нешто позната писателка на која оваа и е прва напишана книга.Мене книгата ми е прекрасна и не се покајав што ја купив никогаш.Браво за писетелката која на 21 год.напиша толку прекрасна книга.
    Значи имам купувано книги затоа што се моментално актуелни,и досега сите ми се допаѓале.
    Но,секако знам да си прочитам и некоја стара ептен стара книга (од библиотеката на мајка ми)Книга испечатена во 1989 год,кога сум се родила :rofl: Таква беше Скрупули од Џ.Крантз,2 книги се кои ме оставија без зборови.
    И секако да не заборавам да ја споменам Даниела Стил,последна книга што ја прочитав од нејзе беше пет дена во Париз,прекрасна книга.
    И секако не секогаш она што е најактуелно и на врв на листите е и добро.
     
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Од модерниве не, не сакам да погледнам едниствено се зезнав со јади моли се уживај бев во некое чудно место со себе па си викам ај да видам што ќе понуди книгава да ме оживее и добив шлаканица од разочарување. Посебно ги презирам оние љубовните како некои жалопојки со никаква литературна вредност.

    Има толку многу добри класики што еден живот не е доволен да се прочитаат сите. А оние кои што пишуваат за да заработат брзи пари за нив нема место во мојот живот.

    Иако не одрекувам дека има доста квалитет и во денешницата, сепак луѓево се навлечени на книги какао купохоличарка итн.
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Не читам книга затоа што сите ја читаат.
    Додуша читам ама сакам да кажам дека не мора да значи дека ќе ми се допаѓа.

    За колиба џабе фрлив пари, за калуѓерот исто.
    Едноставно не ме влече.

    Е сега за Гијом јас имам убаво мислење и му ги сакам книгите, едино последнава ме уби, ич не ми се свиѓаше.

    За Даниела Стил јас исто имам да речам фино мислење, на лесен начин пишува, така фина ми е, за разлика од една другарка што ја презира.

    Од Коељо имам прочитано неколку дела, прва алхемичарот, и кога нешто од него не ми се свиѓа му простувам заради алхемичарот затоа што стварно ми се свиѓала, а не од причина што се кренала толкава фама околу истата :rofl:

    а Николас спаркс, рака на срце едно време ми беше омилен, кога почнав да читам па љубов па ова па она, ама како растам така си викам ооо будало ... и одамна немам негова книга фатено во раце. :)

    Пример Нора робертс, сите ја збореа дека не им се допаѓа и едно и друго, јас фатив сите и ги прочитав, навистина ми се допаѓа, ми пишува интересно, ме влече книгата да ја прочитам без да ја оставам а такви книги и писатели сакам.

    Крај реката педра седнав и плачев, леле колку била убава леле мораш да ја прочиташ леле леле, и ај ја купив од една антикварница од улица македонија, и ја оставив ... според мене таа книга е за нигде, џабе се силам да ја читам.

    Љубовта трае три години исто кај мене не предизвика толку убава реакција како кај повеќето што ми ја зборувале, ама кај и а кажам лош коментар за книгава ме ставаат на клада, па се кандисувам пак да седнам да ја прочитам, може и јас да сум во грешка. :lol:

    Знам и од татко ми да земам некои тешки психолошки книги од пред еден век, ама сега искрено, со овие години ретко го правам тоа затоа што ме мучат, плус и со многу ситен фонт се, а јас после тежок ден со книга сакам да се опуштам а не да се доизмачам.

    Имав три престари книги од татко ми исто, едната почнав да ја читам, многу ми беше убава, ама мајка ми талентот ги фрлила ... биле стари мислела не ни требаат.

    И така. Сепак, се си е до вкус. :)
     
    На crazylady и Neytiri им се допаѓа ова.
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    За жал многумина читаат само за демек да бидат во тек со настаните.
    Колку што имам приметено, кај нас всушност и само ги има оние актуелните книги испомешани со никакви книжулиња од некој си таму што преку ноќ решил да стане писател и тук-таму по некоја класика, безвременска книга. Не викам дека не може да се најде и избере, ама доколку човек си има одреден, не толку познат и актуелен, но квалитетен автор во интерес, потешко.
    Треба цел град да се преврти за да се дојде до дела од истиот. Па и тоа е знак прашалник.
    Но бидејќи се` работи по шаблон, излозите на книжарите се полни со Твајлајт и Купохоличарката, а најчитан и најцар е Коелјо со „Алхемичарот“ која стана библија за оние кои едвај прочитале книга и сега се расфрлаат со негови цитати насекаде. :sweat:

    Конкретно за насловов. Ако знам дека некој има сличен вкус како мене и фали наоколу некоја книга од област која мене ме интересира, ке најдам на интернет неколку податоци што е и каква е, или ке појдам ке ја најдам, разгледам, ке прочитам кратка содржина, па ке одлучам дали ми е занимлива.
    А не сега да седнам да ја читам гореспоменатата купохоличарка и да превертувам очи на розовите пуфки што ги продава, ама битно ке ја читам да сум фенси, во тренд и да не црвенеам од срам кога со блоуџаб изненаџена фаца ке ме прашаат како тоа е можно да не сум ја прочитала. :^)
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Кога некој за нешто опсесивно зборува, се интересира, го фали, го нуди, мене во моментот ми станува одбивно и го игнорирам.
    Ова се однесува на се', не само на книги.

    Сепак, сум направила 2-3 поголеми утки во изборот на книги, бидејќи сум се врткала како изгубено пиленце, а книжарката ме прелажала да земам некоја (повторно како резултат на масовното интересирање на истата).
    Значи нзс - пак му доаѓа дека сум била под влијание на општиот тренд, само гласникот е еден човек, во случајов - продавачот во книжарницата.

    Една таква огромна утка беше Моите пријатели, моите љубови од Марк Леви, авторот на Седум дена за вечност.
    Јас слушнав прекрасни коментари за вторава, ја немав прочитано и автоматски се полажав да ја земам Моите пријатели..., зашто Седум дена... не беше достапна.
    Си викам - мора да е прекрасна кога три тиражи се распродале, ќе и' дадам шанса на другава.
    Се соочив со веројатно најпростото четиво на светот. Прости реченици, млака приказна, не можев да поверувам што читам.
    Како прваче да ја пишувало.

    Два случаи кога општиот масовен вкус и тренд не ме разочарале лично мене - Ангели и демони на Ден Браун и Алхемичарот на Коелјо.
    Првата ја прочитав во рок од 24 часа и ми се допадна, возбудлива, интересна, фина книга, а мислам дека најмногу ме запрепастија деталите на кои внимавал авторот и така грижливо ги собирал.
    За Алхемичарот веќе се имам изјаснето, мене лично ми е една од најомилените книги на сите времиња, и сметам дека е највредното од авторот, и воедно сметам дека е иссмејувана, бидејќи и авторот стана предмет на потсмев.
    Кога зборуваме за ова парче, исто мислам дека не му е дадено доволно шанса, едни го обожаваат, а други го дочекуваат на нож, дури и непрочитано, токму заради општата популарност и обожаваност.

    Николас Спаркс го земав на своја рака на 15 години и тогаш ми беше одличен, во склад со мојот бурен пубертет, а искрено немав поим дека е така светски познат, денес ми е благо-патетичен и дефинитивно не е за мој вкус.

    Самопомагачки книги од каков било жанр не почитувам, не читам и не се интересирам за истите.
    Дури и оние како Јади, моли се, уживај не ме примамуваат да ги поземам, зашто во себе ја нудат истата агенда, само ваму зачинето со патување, секс и храна.

    Наслови кои ми одѕвонуваат во главчето како многу рекламирани и популарни - Ќерката на чуварот на спомените, Трчај дома, Пурпурен хибискус итн, никогаш не сум ги поземала, ниту сум добила желба за истите.
    На мојот список веќе си имам одбрани автори и наслови по мој вкус, за кои сметам дека нема да ме изневерат.
    А и подобро да згрешам јас, отколку нечиј заеднички вкус да ми го диригира купувањето на следната книга.

    Ова веќе стана предолг пост и јас се извинувам, но морам уште ова - зошто издавачките куќи печатат најмногу вакви комерцијални наслови?
    Нормално, заради профит.
    Профитот се остварува од купувачите.
    А купувачите во Македонија дефинитивно немаат вкус.
    Појдете на Саем и внимателно слушнете какви наслови побаруваат и со што ги полнат корпите.
    Јас бев целосно разочарана од општиот читателски апетит. :|
     
    На Sephora, crazylady, Theodora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Некогаш иако повеќе сум по класиците.
    Обично кога застанам пред полицата од библиотеката и кога барам некое романче, а знам дека очите на библиотекарите се вперени во мене и дека сум досадна, набрзина знам да одберам некоја која моментално кренала прашина. Пример, овде прочитав веќе не знам колку пати за Никаде без ќерка ми, па си викам дај да ја проверам, да не заклучувам врз база на предрасуди. Книгата има само приказна, начинот на раскажување е многу сиромашен. Пирамида (не знам од кој беше :$ ) и Ангели и Демони на Ден Браун ми беа океј, не се тип на романи ко што јас љубам, али доста ми го свртеа вниманието. Од Гијам Мисо ја имам прочитано Што би правел јас без тебе - просек!
    Многу ми е криво кога барам некоја класика преведена на македонски во библиотека, пример романите на Ремарк, а ги има само на српско-хрватски. На саемот се продаваше Триумфалната капија на македонски, ама па тогаш немав пари во мене. А класика денес тешко некој да се нафати да преведе :D

    Е сега можеби сите ги читаат Зафон и Мураками, но лично јас ги обожавам. На Зафон му имам прочитано и една детска книга од жедта за неговата литература. Можеби некој и нив ќе ги смести во комерцијала, но мене ми се океј и повеќе од океј. Начинот на нивното раскажување и како се разликува од некој си Коелјо или Мисо.
    Пример и со Вештица на В. Андоновски. Задолжителна литература со која се почестил секој македонец кој е заљубен во романот. И Хесе исто така е доста читан, но кога некое дело вреди - вреди и стадото не може да го покази :D


    Ха и морам да се сложам со Мураками во Норвешка шума дека луѓето кои читаат исти книги, исто размислуваат. Заеднички идол и е Коелјо :D :|
    А и се сеќавате на неговиот другар од студентскиот дом кој чека да поминат 30 години од смртта на авторот за да прочита некое негово дело? Епа го почитувам тој тест на времето!
     
    На 1209, crazylady, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам на ова, добра поента. Само вистински вредна книга може да го помине тој тест на времето.

    Во врска со „Пурпурен хибискус“, Чимаманда Нгози Адичи исто така е писателка која пријатно ме изненадила (прво со „Половина жолто сонце“, а потоа си го потврдив впечатокот со „Пурпурен хибискус“). Книгата е премногу емотивна и добро напишана.
    Всушност, лично јас Букеровците би ги извадила од категоријата на популарни а неквалитетни, затоа што моето искуство со нив покажало дека Букеровата награда е секогаш доделена на вистинското место.

    За Алхемичарот ќе се сложам со вас, се разликува од останатите книги на Коелјо.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Читам. Не затоа што сите ја читаат, туку веројатно затоа што сите ја имаат и некако полесно се доаѓа до таквите.

    Да не филозофирам многу ќе кажам од познативе што ми се свиѓало што не:
    * Алхемичар - не
    * Ангел чувар - не
    * Вештица - ДА!
    * Моќта на потсвеста - не
    * Под мермерно небо - да
    * Вероника реши да умре - да
    * Јади моли се уживај - не
    * Затоа што те љубам - не
    * Прошетка за паметење - не
    * Пс те сакам - да
    * Твајлајт - :puke:
    * Никаде без ќерка ми - сега ја читам, засега ми се свиѓа

    И на секоја манекенка на FTW кога ќе ја прашаат која и е омилена книга вика Алхемичар :rofl: :rofl:
    не мора да значи задолжително дека секоја извикана книга е лоша, ама ствара одбивност од сите што ја зборат...
     
  11. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Чекам попусти, саеми.. каде можам за инакупам повеќе книги. За некои книги парите не ги прежалив. Џабе фрлени пари, за книга што не е по мој вкус, а толку се фалени на сите страни.

    Еве и јас ке коментирам за Гијом Мисо :puke: .
    Авторов има катастрофални книги, прва што ја прочитав беше Што би правел јас без тебе.
    Одвај, ама одвај ја дочитав книгава, а толку стана актуелен авторов. Си викам ај да дадам втора шанса. Земав уште една од него, ја дочитав.. и дефинитивно сфатив дека ова не е за мене.

    Кога веќе тука го вбројуваме Ден Браун.
    Еее ова веќе ми се допаѓа, ми се допаѓа концептот на книгата, неизвесноста, сами ми се вратат страниците.

    Спаркс, Даниела Стил, Коелјо. Наах, нот мај стајл. Не ми се допаѓаат.

    Има книги што навистина вредат, вреди да бидат толку познати и по толку време на врвот на листите, но има и такви.. што не би го трошела залудно времето, за потоа да не им го паметам насловот, а не пак приказната.
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Кога одам на саем на книга или во книжара, секогаш со мене си носам листа на книги кои сакам да ги купам. Убави ги прочешлувам форумите, интернет порталите, читам мислења, коментари и критики за книги кои се по мој вкус.
    Книгите на Спаркс во последно време се во тренд, ама мене такви љубовни романчиња не ме привлекуваат. Имам изгледано неколку филмови направени според неговите книги, па според тоа знам дека не би ме заинтригирале.
    Книгите од типот на „Откријте ја својата судбина“, „Калуѓерот го продаде своето ферари“, „Моќта на потсвеста“, од старт знам дека не се во мој стил, затоа што тие книги немаат некоја конкретна содржина, туку повеќе личат на прирачници. Ги имам разгледано, читнав по некој пасус, чисто за да видам зошто се толку популарни и стојат на врвот од листите на најчитани книги.
    Имало книги од кои сум очекувала многу повеќе, но не затоа што биле преценети и популарни. На пример „Сеќавање на моите тажни курви“ - си реков Маркез на прави промашај. Ама ете, не беше баш толку добра колку што очекував.

    А во однос на вкусот на читателите и она што најмногу се чита, си напишав еден текст по моето доаѓање од Саемот на книга :)
    Осамнуваат реклами во весниците и списанијата за голем Саем на книгата. Веста се шири и низ многу веб страници, а издавачките куќи веќе објавуваат листа на книги кои ќе се продаваат по рекорден попуст. Се делат флаери, се поставуваат билборди и веќе целиот град е информиран за големото случување.
    Општо бунило! Стотици луѓе се туркаат за да стигнат до штандовите на сите издавачки куќи, затоа што кога има Саем на книгата – сите одеднаш стануваат читатели! Некои со веќе подготвена листа на книги, некои со празен ум но полн паричник, а некои чисто од љубопитност завршуваат на истото место незнаејќи кој ветер ги донел таму.
    За време на Саем за книги настанува општ хаос! Луѓе собираат цели кошници полни со книги, небаре се на пазар и купуваат пиперки или патлиџани во сред летна сезона. Не знам дали ќе им служат како украс на полиците, дали ќе тепаат комарци со нив или ќе ги искористат за ќумбето кога ќе прават зимница на есен, ама тешко дека ќе ги искористат за читање. Најтрагичното е тоа што некој читател кој навистина сака да прочита некоја книга, ќе остане со празни раце затоа што таа веќе е распродадена... поради интересниот наслов или корица, а ретко поради својата содржина, затоа што никој не гледа што купува!
    Се обидов да ја смирам мојата клаустрофобична жичка во сета таа турканица, и да побарам книги од мојата мошне грижливо напишана листа. А кога ја побарав „Грофот од Монте Кристо“, „Оркански височини“ и „Војна и мир“ добив повратен одговор: Ау, па тие се стари книги... Немаме нови изданија, жал ми е.
    Еxcuse me? Од кога тоа постои мода во книжевноста?! Изгледа сум премногу старомодна штом читам имиња како Толстој, Александар Дима, Агата Кристи, Маркез или Достоевски... Нивните изданија одамна веќе можат да се најдат само во бибилиотеките. Излитени и стари, потпишани од многу читатели низ чии раце поминале. Наместо тоа , денес во книжарниците можете да се подновите со книги од кои ќе научите „Како да станете подобар човек“ и „Како да одгледате добри ќерки“. Ќе најдете одговор на прашањата „Зошто мажите се женат за кучки“ и „Зошто мажите сакаат секс, а жените љубов“. Ќе дојдете до „Книга за тинејџер“, „Книга за тинејџерка“, „Книга за оние кои сакаат да ослабат“ и така во недоглед вашите очи пронаоѓаат наслови за кои не сте ни знаеле дека некогаш можат да бидат напишани книги. А од најдобрите бестселери ни трага ни глас...
    Со тешки сили успеав да се довлечкам до вратата и мошне разочарано да ја напуштам сета таа мешаница. Уште еднаш ја погледнав мојата листа на книги од кои ниту една не се најде во моите раце. Но наместо да се откажам од потрагата, мојата следна дестинација беше библиотеката во која си извадив членска книшка. И се додека издавачките куќи не се досетат да издадат нови изданија на најпознатите и најчитаните книги – библиотеките наместо книжарниците почесто ќе ги посетувам.
     
    На do-re-mi, PrinceOfPersia, Theodora и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Веројатно ми е и маана, ама на бестселерите и комерцијалната литература им пристапувам со сомнеж и одредена доза на аверзија, иако ова е резултат на тоа што сум била разочарана доволен број пати од истите, ама си оставам простор и да пропуштам може и некое вредно дело меѓу нив со ваков а приори одбивен пристап.

    Оние самопомагачки книџиња од старт ги отфрлам во целост, млака сегментирана психологија веќе видена мал милион пат преку позитивната автосугестија, моќта на сегашниот миг и бла, бла...не успавам да се начудам како по 5000-ти пат некое вакво дело станува бестселер :x .

    Инаку Хесе или Мураками или класиците се ,,искомерцијализираа,, може повеќе последно време т.е. последниве неколку години кога помасовно и на нет почна да се врши споделување впечатоци околу книги, иако за жал, голем дел баш тргнуваат од тоа, да ги прочитаат за да имаат потоа шанса да кажат дека го сториле тоа. Секако, не е мое да сугерирам, ама книга се чита првенствено за себе, затоа јас и избегнувам коментирање за одредени книги со секого, не дека сакам некого да обезвреднувам, додека себеси се преценувам, ама уште од многу одамна научив дека немам баш исто толкување за голем број книги и ликови со голем број луѓе, што не значи дека моите се правилните, ама си ги почитувам и не би да спорам и да се докажувам баш, бидејќи е Сизифовски трудот за обете страни во крајна сметка.

    Околу издавачиве, Табернакул и Темплум ги почитувам повеќе од другите, кон Ѓурѓа и Три имам приговори од една страна, вршат солиден избор на дела и автори, ама ги кастрираат содржински, плус што беше тоа лектура :fubar: ?! Инаку ги разбирам и издавачиве дека мора да печатат комерцијални дела, во крајна сметка од тоа живеат, мора да размислуваат низ призма на профит и затоа горе-долу го следат трендот на бирање на бестселери и чик лит повеќе отколку класици. И љубителите на класици се приморани да ги бараат делата на старо, што не значи секогаш дека е полоша варијанта, бидејќи кај старите изданија лектурата е обавезна, книгата има солидна хартија и е често добро укоричена и нема да ти се распадне при читање од неквалитетното лепење (како голем број нови |( )...

    Инаку ,,Алхемичарот,, и мене и ден денес ми е убава и содржински и стилски исто и ,,Пурпурен хибискус,,, признавам виновна сум. Спаркс не сум го ни читала никогаш и тоа признавам. Листата книги кои ме разочарале ќе ја прескокнам, сепак некому сигурно му се во омилените. Во крајна сметка и да не ја вреднувам селекцијата на одреден читач, читачот е читач и повеќе го почитувам од нечитач, :) .
     
    На Li0ness, Magnolija, Mayyya и 3 други им се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Насловов ми е дефиниција за Саемот на книга кај нас последиве години.

    Десетина книги кои се редовно рекламирани и на кои 90% од посетителите паѓаат во несвест а појма немаат што всушност читаат. Јади, моли се, уживај не можам да разберам за што ја величаат толку. Пробав да ја читам и се откажав, ни книгата ни филмот сакам да ги видам. Од Коелјо, Вероника реши да умре и 13 минути ми беа интересни, ама останатите не. Брида и Вештерката од Портобело имаат малтене иста идеја во позадина. Калуѓерот што го продаде своето ферари и компанијата книги за самопомош ми се најголем механизам за перење пари во литературата. Не знам кој е поочаен луѓето што ги купуваат ваквите книги и мислат дека така ќе си го средат животот или оние што ги пишуваат.

    Николас Спаркс-НЕ. Многумина го споредуваат со Даниела Стил, ама таа според мене е далеку над него. Иако книгите им се со иста тематика, Даниела Стил има далеку поинтересни приказни, со прекрасни описи, а не овој Таа му рече на него, тој и рече на неа. А да и Љубовта трае три години, ми ја испофалија а немаше врска, толкава глупост немам прочитано.

    А од нашите книги, морам да ја споменам Индиго Бомбај. Три пати ја почнував книгата и подалеку од 30 страна не можев да стигнам од што ми беше досадна. Ако некогаш имам инсомнија со книгава ќе ја лечам.

    Се на се, ретко која исфалена, префалена книга ми оставила впечаток. Не викам дека ги нема ама ретки се. Затоа и се откажав од препораки, кога продавачка ќе ми рече Оваа книга сигурно ќе ви се допадне, патот под нозе и низ врата.
     
  15. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Да, читам и купувам популарни книги но не затоа што сите ги читаат. Едноставно обожавам да читам книги, но тешко да најдам слободно време :( :)
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас одам во друга крајност, не читам книги што предизвикуваат масовна хистерија. Не можам да се натерам и готово. На пр. многу ме нервираше што сите ме прашуваа „Ја прочита „Кодот на Да Винчи“?“. Не... и немам намера. Па чудењето после... Леле, леле... Не велам дека и во книгите за широки народни маси нема добри, веројатно има, и постои можност, колку и да е мала, дека ќе пропуштам и нешто добро и квалитетно, ама јас книга не читам за да имам на кафе што да кажам, колку да изгледам „начитана“. За мене читањето убава литература е многу интимна работа, убавиот збор, совршеноста на изразот навистина допираат длабоко во мене, убавата мисла знае да ме замисли и да останам да медитирам долго на една страница, на една реченица... тешко се совпаѓа тоа со празните муабети за прочитаното кое останало и неразбрано, ама пусто, модерно било. Некои автори ги читав пред да станат за масовна потрошувачка, како Коелјо (да, признавам) на пр. „Алхемичарот“ ми беше прва негова книга и не ја прочитав, ја голтнав мислам. Потоа „Крај реката Педра...“ и како почна да се повторува, мене почна да ми станува банален. И можеби е до изборот на издавачите, можеби е до годините, ама се потешко наоѓам книга способна да ме здрма, да ми ги измести темелите, да ме остави :o . Ама ако бирам некој да не чита воопшто или да чита само зашто другите читаат нешто, нека чита што било, од се прочитано, колку и да не сака читачот, колку и да е несвесно, останува нешто што ја облагородува душата.
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Па не можам да кажам дека читам одредена книга затоа што сите ја читаат.
    Пред се, ако сите читаат некоја книга ради другите, тие немаат изграден став за тоа што всушност сакаат да читаат, и кои им се нивните омилени жанрови. Него се сеат кај ги однесе ветрот. За мене тоа се квази читатели.
    Кон книгите никогаш не сум имала антипатија ни ќе имам некогаш. Порано редовни книги кои сум ги читала ми биле сите зададени за лектири, и тоа биле одлични книги искрено. „Странецот“, „Чичко Горио“, „Злосторство и казна“, па дела на македонски автори и др. Во меѓувреме читав нешто од домашната ризница на книги, поточно оние книги кои ги даваа со купен весник и доплата од 170 денари. Последниве 2 години решив повеќе од тоа што е задолжително да читам. Мене ако ми се допадне некоја книга пр. од Агата Кристи како што е „Убиство во Ориент Експрес“, јас темелно почнувам да ги истражувам и другите нејзини дела. Така беше случајот со нејзе. Прочитав 7-8 книги, сега не ме држете за збор, веќе се презаситив, па почнав со љубовни романи, па со романите на Никола Спаркс, и од него прочитав 3-4 книги, па пак се вратив на крими романите, Нора Робертс, Сидни Шелдон и помеѓу нив некоја друга книга која не е од тој жанр.

    Никогаш не сум читала книга затоа што има голема масовност за неа, туку едноставно си ги разгледувам книгите кои се на располагање во библиотеката, ја читам позади содржината, што ми фати за око ја земам и крај. Не сум се нашла да прашувам: „А која ја читаат најмногу?“.
    Свесна сум дека сеуште го немам оформено сенсот за светските класици, ниту пак сум почнала да ги истражувам, но со тек на време и тоа ќе биде.
     
  18. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Јок. Тоа ми е исто ко да се дружам со некого само затоа што сите се дружат со него.

    Обично бестселерите се пишувани за просечни умови, онака, колку да мине.

    Норвешка шума и Девојката со бисерна обетка ми се можеби единствени книги од ваков тип што сум ги прочитала и не разбудиле ништо во мене, освен една гоооолема рамнодушност кон нив самите, а после и кон авторот.
     
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Точно, никој денес нема да седне да ти преведе класика, од причина што ретки се оние кои сакаат да ја читаат. Тоа уште од старт е пропадната инвестиција. Лошиот вкус прави повеќе пари од добриот вкус, цитат од стариот добар Буковски.Но, подобро да се чита некоја сиромашна литература, отколку пак воопшто да не се чита и да се чувствува некоја одбивност кон книгата. Ако започнеш со Никола Спаркс, пример и почнеш да се задлабочуваш во литературата, многу е можно да се појави критичкиот читателски дух во тебе.
    Крај краева, вкусот за книга, музика или било кое уметничко дело зависи од степенот на естетика во себе, а и чувствителноста си зема голем замав, според мене.

    И порано се имам изјаснето, дека според мене (иако многу ме нервира тој јазик) илјада пати е подобар српско - хрватскиот превод. Кога му кажав на тато дека сакам да ја читам Дафне ди Морије и Кундера на македонски, тој ми рече - не сакаш :D И еден Буковски и една Ерика Јонг се многу подобро преведени. Ама некогаш мака мачам при читањето, во Страв од Летање 40983994 пати сретнав рајсферлуша та рајсферлуша, а оно тоа патент да било...
    А јас си имам една желба да научам руски, Толстој и Достоевски да си ги читам на нивен јазик 8)
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    Јас се сакам да читам. Освен самопомагачки. Лошо ми влијаат на психата, одмагачки ми се.
    И да е бестселер ќе ја земам, да видам што е, чисто од љубопитност, ако не ја бива ќе си ја вратам и готово. Може па е добра, па така ризикувам да пропуштам добра книга. Никако не е човек. Еве Трендафилка ја пропуштила така Пурпурен хибискус на која јас си пролеав многу солзи.
    А за купување внимателно одбирам, немам голем буџет, па не сакам да ги фрлам во ветер. Гледам да ми е од писател од кој веќе имам прочитано нешто добро, или пак ме заинтересирала книгата со кратката соджина и знам дека ќе биде добра. Или на сакамкниги сум ја прочитала и ми се допаднала. Ама да купам некоја само затоа што другите ја читале, не.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.