1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Читање на повеќе книги истовремено

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 26 февруари 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.788
    Допаѓања:
    65.496
    Пол:
    Женски
    Дали го практикувате ова? Колку најмногу книги сте читале истовремено и со каква содржина?
    Јас, да бидам искрена, ретко ова ми се случува, ептен ако ме заинтригира некоја па да почнам додека читам некоја друга. Ама во главно не го сакам ова зошто сакам на раат да си се посветам на една книга.
    Вака почни една, па друга, па трета, повеќе некако време се губи. А можеби и пак грешам.
     
  2. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Никогаш не читам две книги истовремено, бидејќи ќе испомешам се! :lol:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.788
    Допаѓања:
    65.496
    Пол:
    Женски
    Па да, поготово тие некои твои стручни книги по право, или книги со пообемна и потешка содржина какви што мислам дека често читаш сигурно ќе ти се измешаат. Што си е сигурно си е сигурно. :)
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случува/ло да читам книги истовремено.Сметам дека колку повеќе чита човек, толку повеќе се надградува себе си како личност, сепак од читањето може само да добие нешто, нема што да изгуби.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас кога читам книга, како да потонувам во еден друг свет. Целосно се посветувам на содржината и се соживувам со ликовите и настаните. Кога ќе почнам да читам една книга, со секое седнување да продолжам каде што сум застанала, само што ќе ја отворам - се наоѓам на друго место, во друго време.
    Така што, никогаш не би можела да читам две или повеќе книги истовремето.
    А ако веќе сум многу заинтригирана од некоја нова книга која сум ја купила, тогаш прво гледам што побрзо да завршам со онаа која ја читам во моментот.
     
    На crazylady и Lux им се допаѓа ова.
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Мене ова ми е редовна пракса. Секогаш имам посебно купче книги за читање по автобус, книги за пред спиење, книги за секој момент. Кога читам се префрлам во светот на книгата и никогаш не ми било проблем да прошетам од еден во друг свет. Дури имам впечаток дека на овој начин поубаво ги доживувам книгите.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Приморан сум да читам повеќе книги одеднаш бидејќи се врзани со цитати едни со други, а и содржински се надополнуваат - поточно испреплетуваат.
    Понекогаш една книга оди во комбинација со едни книги, а после второ читање со сосема други - во зависност колку добро е надградено знаењето со првото читање...
     
  8. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Читав еднаш две и не не ми одеше баш, сакам само на една да си се сконцентрирам да си се соживеам :)
     
  9. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Често ми се случува да читам по две книги и истовреме и не ми претставува проблем.Понекогаш ако читам книги со иста тематика тогаш правам споредби и поинтересно ми е :)
     
  10. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Јас не го можам тоа.
    Не сакам да ми се плеткаат различни приказни.
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.064
    Допаѓања:
    11.204
    Не можам наеднаш. Дури и една иста книга ако правам паузи од неколку дена во читањето и ако не е интересна ќе испозаборавам.
     
  12. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Мене ова често ми се случува.Но секогаш таа втората што сум почнала да ја читам прва ја завршувам,а потоа затоа што сум ја подзаборавила ја читам другата одпочеток. :D
     
  13. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Мене еднаш ми се случи да читам две книги истовремено.
    Воопшто не уживав ни во едната ни во другата.Содржините и ликовите тотално ми се измешаа и не ги сваќав.Така да од сега па понатаму ќе си се посветам на една книга,во која можам да си уживам на раат,а да не ја мешам со некоја друга книга. :)
     
  14. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Нееееее....кога читам една сакам целосно да и се посветам...а кој ме брза ? Сето време на светов е мое :)
     
  15. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш седнав и читав две книги истовремено и тоа Кодот на Да Винчи и Мемоарите на една Гејша. И не бре не бидуваше никако па си фатив прво едната па другата :D
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Често ја правам таа грешка и резултатот е очаен - 6 започнати книги и ниту една дочитана.
    Не знам зошто последниве години изгубив некако трпение, упорно начнувам неколку книги, не ми доаѓа памет.
    Еве на пример, сега ми се зачитани - Играта на Ангелот од Зафон, Длабоко во ноќта од Мураками и Ангелски повик од Мисо.
    И зошто, ајде некој нека ме праша... :sweat: :|
    Лоша навика во секој случај, се обидувам да ја искоренам.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Ми се случило неколку пати. Книгите што бев започнала да ги читам беа премногу досадни, значи премногу чим велам така, стварно биле затоа што ретко оставам книга недочитана макар колку и да не ми е по вкус или колку и да е досадна.
    Се обидувам да продолжам каде сум застанала ама не иде, заборам имиња а и тешко е од една книга на друга да скокаш, како од еден свет во друг, добивам главоболка дури при самата помисла на тоа.
     
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Еднаш направив ваква глупост и никогаш повеќе.Читав две книги истовремено.
    Едната ми беше лектира за во школо,а другата ми беше слободно читање онака.Е сега ни од едната запамтив нешто ниту пак од другата,така да повеќе никогаш вакво нешто не се ни обидувам да направам :D :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    4.205
    Пол:
    Женски
    Какво расположение таква книга. Или една за пред спиење, друга за во школо, трета за со какаото. :tmi:
    И не ми се испомешуваат. Многу ретко ми се случува да читам една книга само. Би требало да биде многу добра за да не земам друга.
     
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Најчесто читам по 2 книги истовремено особено во летото и ако се навистина интересни а пак ако прочитам една страна и не ми се допадне не ја читам воопшто..Во текот на летото сакам да прочитам што е можно повеќе книги и така читам по 2-3 истовремено али помалце страни од секоја читам и така сум во тек и со 2те