1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Човековата лакомост - ланец без крај

Дискусија во 'Психологија' започната од yawn, 24 јуни 2010.

  1. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    699
    Јас сум еден голем МЕГАломан! Не бев таква се додека едно мое животно искуство не ме промени..Се трудам да имам се што ќе посакам,не знам да живеам без моите секојдневни фантазирања за подобро утре,не знам да живеам за моментот ..Овој начин на живот ме УБИ ! Ретко се дружам,комуникацијата со надворешниот свет ми е минимална,најбитна ми е финансиската состојба и тоа единствено ме расположува . Без погрешни сфаќања,не сум од личностите што живеат од туѓи придонеси (сеуште сум средношколка) а и сум премногу самостојна за да помислам на такво нешто.Едноставно кажано сакам се да ми биде угодено,станав неподносливо разгалена.Знам дека луѓето не ги сакаат овие површни и затворени личности,но ете како да научам да живеам со она што го имам,да живеам без помислата дали некому ќе му се допаднам,дали ќе оставам добар впечаток? Признавам,ова ми е сериозен комплекс и маана :doh:
     
    На sjdgo и SaraTrajkovska им се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.470
    Допаѓања:
    10.431
    Пол:
    Женски
    Е баш и мене тоа ми беше преокупација одредено време.Буквално бев заробена со такви мисли,а потоа сфатив дека не е возможно секој да ме сака и да ме прифати.
    Не е добро за тебе да седиш само дома,да не излегуваш,па средношколка си и треба да се дружиш.Немој да се оттуѓуваш од другите.
    Добро е што имаш позитивни и добри мисли за утрешнината,но треба да ги цениш моментите,во убавите да уживаш и да се трудиш што повеќе да има такви,а тешките храбро да ги пребродиш,бидејќи животот се состои само од моменти.Се најдобро :)
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Многу ми се допадна твојот пост, прво зашто е многу искрен, второ - затоа што си воочила некои работи и самата си свесна за нив и ги признаваш. Сега...
    Да бидам искрена, не знам што има ова да те убива. Се трудиш да имаш се ' што ќе посакаш. Поубаво - здравје. Си имаш желби, се трудиш да ги исполниш. Си фантазираш за подобро утре. Кој не фантазира од нас, кој не крои планови, кој не си помислува се ' најубаво. Секој човек на планетава го прави тоа. Разликата е - во големината на желбите. Мојата желба е да си купам ролерки, твојата автомобил. И тука се разликуваат сите луѓе, сечии желби се различни, а ако твоите се малку поголеми од нечии други, не значи дека си разгалена. Значи дека посегнуваш малку повеќе од другите луѓе и дека не се задоволуваш со просечност. А тоа за мене е една убава особина. Јас не ги разбирам луѓето кои се задоволуваат со минимално, со трошки. Велам, не ги разбирам, бидејќи јас не сум таква, но го почитувам нивниот избор. За некого границата е до Србија, за некого - вселената. И точка.
    За живеењето во моментот, има неколку убави моменти и треба да се веселиш и радуваш, ама на подолгорочен план, живеењето во моментот ми е чиста утопија. Циганска работа, ајде без план, ќе крпиме ден за ден. Ма немој. Сите планираат, јас лично се радувам на убави моменти, но сакам да си имам план за утре, за задутре. Да, не излегува секогаш според планираното, ама знам дека во 5 до 12 не сум решила ништо. И мило ми е што е така.

    За другиот дел, дефинитивно треба да се отвориш повеќе кон другите и да најдеш начин како да се дружиш. Да престанеш да мислиш каков ефект ќе предизвикаш врз околината, на неа и онака не и е премногу гајле. Треба да си кажеш една работа на себеси - луѓето никогаш нема да бидат задоволни што и да направиш, и никогаш нема да престанат да зборуваат. Биди и најдобра, пак ќе ти најдат мана. Биди тоа што си, само најпрвин усреќи се малку себеси. Направи да ти биде поудобно во сопствената кожа. Забави го малку темпото, разгледај што си постигнала ти, а што другите и ќе ти стане јасно дека во некои работи си чекор пред некои луѓе. Едноставно опушти се, не може се' да дојде преку ноќ и направи план како полека да си ги остваруваш плановите, без да се оптеретуваш со се' наеднаш.

    Мораш едноставно да научиш да живееш со тоа што го имаш и со сознанието дека не можеш да имаш се' во овој живот.
    Велиш - најбитна ми е финансиската состојба. Не велам дека не е важна. Но, не е пресудна за среќа.
    Потруди се да пронајдеш работи, надвор од новите алишта, надвор од се ' материјално, кои би можеле да те усреќат.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.470
    Допаѓања:
    10.431
    Пол:
    Женски
    Прекрасно кажано ;) :rock:
     
  5. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    699
    Велам ме уби бидејќи на ова му нема крај .. Ќе го добиам она што го сакам,за што сум сонувала вчера и веќе утре сакам повеќе и повеќе ..А целта дефинитивно ми ги оправдува средствата,не постои невозможно кога нешто вистински сакам,значи правам буквално се што е во моја моќ за да си исполнам желба..Нема крај ! Но ете најдов некаква смисла во твоите зборови и знам дека е така,и ќе се обидам да ги применам иако ќе биде малку потешко .. Фала за советите :)
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.826
    Пол:
    Женски
    Цело е кога има се - а колку е тоа се?!

    Човекот е едноставно таков - и кога има се, сака уште, повеќе, го сака дури и она што не може да го има. Не знам што е тоа во нашата природа што не тера да бидеме такви, ама во најголем број случаи е и позитивно, како што рече Трендафилка. Убаво е кога имаш желби и соништа и кога сакаш тие желби да се остварат, па работиш на тоа. Не е убаво ако чекаш од другите да ти го остварат сонот. Ако самиот не постигнеш ништо во животот, макар почнал од нула, ништо не правиш. За некои луѓе само небото е граница, и тие максимално се трудат да го исполнат она што го зацртале. Ама од друга страна - цел живот се борат за повеќе, уште и уште - а не застанале барем еднаш да ги помирисаат цвеќињата покрај патот. Не знам - можеби кога ќе имам се што сакам да имам, ќе ми биде малку, па ќе се борам за повеќе, а можеби и ќе се задоволам со тоа. Не знам. Само знам дека не сакам животот да ми пролета во постојана борба за материјално богатство, да имам што повеќе, а притоа да го запоставам нематеријалното - луѓето, љубовта, уживањето во малите работи кои ме прават среќна (ова го наведов само како пример).
    Се прашуваш дали ќе им се допаднеш на луѓето. Ако се оптоваруваш со тоа, само се нервираш за џабе. Важно е ти да се сакаш и цениш себеси, и тогаш и другите ќе те прифатат и ценат. Не можеш да бидеш совршена, впрочем, никој не е. Прифати се со сите доблести и мани, и другите ќе те прифатат ;)
     
  7. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    се е до мозокот..
    кога го добиваме она што го посакуваме мислиме дека добиваме се..
    и бараме уште уште уште..
    се тоа е магичен круг од кој нема крај..
    затоа треба да сме задоволни со тоа што го имаме бидејки има и лошо !
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Во ред е да сакаш подобро, да гледаш поинаку, да си амбициозен...но според мене проблем е ако единствено се фокусираш на крајната цел. Можеби од страв дека ако погледнеме лево-десно ќе ни го одвлече вниманието нешто друго па ќе заборавиме кај сме тргнале? Бев едно време таква...мислев дека сум една од ретките скапоцености на овој свет, и дека привилегија треба да им е на луѓето што дишат ист воздух со мене... |( Дека не заслужувам третман ништо подолу од кралски...Потценував и имав предрасуди за се живо и диво околу мене...но не бев среќна, и не бев кралица, а по се изгледа ни ништо повеќе посебна од другите...Не сум ни сега, освен во очите на моите најблиски, што е и повеќе од доволно...Забегав...што ми беше зборот? Кога ќе го имаш само материјалното ќе сватиш дека не е се во него иако и без него се неможе...Клучот ќе да е во умереноста и во колку што се може пореално гледање на нештата...
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    човечкото око е ненаситно да знаеш како што ти рекоа све е до мозокот пробај да ја контролираш таја твоја постојана желба сите сни ја имале но не до таа мера да стигнеш да се уништиш бидејќи познавам и такви луѓе на крајт можеш вредни работи многу вредни да загубиш ...
     
  10. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    пробај да замислиш какви се луге има по светот некои умираат да за леб а ти сакаш и добиваш се и сешто пробај да замислиш како твоите го заработуваат тоа кое ти го трошиш (нели си средношколка, твоите ти плаќаат се) пробај само овие две работи да ги замислиш а поготово втората за твоите родители и сум убедена дека малку од малку ќе го сменеш мислењето верувај ми затоа што бев во слиЧна ситуација и ми ги отворија оЧите а кога ке си замислиш како таткоми работи и ги заработува тие пари јас немам апетит за трошење просто, се е во главата пробај така да размислуваш од тој апект како само тешко се заработуваат паритеи јас сум убедена дека ке се смениш.
    :!: пробај да се друЖиш, излегувај со другарки верувај кога ке го погледнеш светот од друг аспект ке сватиш, не размислувај плитко туку длабоко, а верувај ми ќе те заболи и глава.
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Едно е сигурно-човек колку повеќе добива, сака се повеќе, и никогаш не му е доста.
    Во природата на човекот е да сака да е пред сите, да има најмногу, да не речам да има се што ќе види и посака.
    Но не е се во материјалното, колку и излитено да звучи. Во животот има многу радости, па колку и да сме различни сепак сите сме луѓе.
    Помисли на оние кои немаат ништо, плачат за парче леб, помисли како животот сурово си поиграл со нив. И тогаш ќе сфатиш дека пред се треба да го цениме тоа што го имаме.
     
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    "Why would i be pleased with what i have , when i can have even more "

    Facebook статус
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Јас па овоа не го гледам како некој проблем. На мене ова ми е смислата на постоењето. Да добиваш тоа што го сакаш! Само што на мене ми е поинтересно кога се трудам да го добијам отколку кога го добивам. Лошо е да не планираш и да не посакуваш нешто! И уште полошо ако си мрзелив! Повеќе го ценам овој ентузијазам кај луѓето, отколку оние кои живеат од ден за ден, без никакви планови и желби. Тие ми се на врвот на простилкот. Живеј го секој ден како последен - пфффф. Ова го кажал некој што не му се мн. замара.

    Ќе се качеш на ритчето и ќе погледнеш малку околу себе и под себе и се убаво ќе анализираш, што имаш и кој имаш. Ќе ги ококориш очите и гледаш уште подалеку, за 10 години. Нема никаква игра на случајности! На крај краишта среќата ги прати оние кои играат. ;)

    Е сеа лошо е ако сакаш на друг да му го земеш местото и тоа што му припаѓа. А ако сам се трудиш, баш убаво!

    Девојко на тебе ти треба малку да се опуштиш! Пробај малку да бидеш како другите тинејџери, да излезеш и да правиш некој бош муабет. Не велам дека е убаво, но пробај. Земи потроши некој денар, напиј се некое коктелче, излези дружи се... Кога ќе бидеш сама дома, задржи си го индивидуалното и прави планови, а кога ќе си надвор, дружи се и не мисли на ништо!

    И верувај дека секој од нас сака да биде сакан и да им се допадне на другите ;)
     
  14. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Знаеш ли дека и јас поминувам низ скоро истово? Цело време си кројам сонови и мисли за подобро утре..па како да се оствари ова,или она..што треба јас да направам итн..Убаво е да се сонува нели? А уште поубаво кога си ги остваруваш..ЈАс ова не го гледав како проблем(досега,пред да го прочитам твоево)..баш напротив мислам дека е подобро да се насочи мозокот кон нешто што го сакаме па и еднаш се живее нели?? и јас сум средношколка како и оптеретена сум со тоа да му се допаднам секому, секој да ме сака, со секој да се дружам...но тоа не е можно нели? Само подзабави го малку темпото има време за се..сонувај и остварувај! Има една мисла од Елеонор Рузвелт омилена ми е вели ИДНИНАТА ИМ ПРИПАЃА НА ОНИЕ КОИ ШТО СОНУВААТ..значи иднината е наша ;) ;)
     
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Сметам дека посиромашните можат да се задоволат и со помалку, а тие што се богати, се вечно незадоволни и сакаат да имаат сѐ повеќе и повеќе.
     
    На hermosa, Tanjamm, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Сакам пари, ама да се помачам за нив и да ги заработам, а инаку не сум човек што по скратен и нечесен пат сака да дојде до пари.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Лакомоста е пат до бездна. Познавам такви случаи. Човек ќе бара и бара уште материјална поткрепа додека истовремено губи од својата човечност, се губи себеси, до него веќе не допираат чувствата на другите, се губи сенс за основни морални вредности. Не вреди да се биде материјално богат а духовно сиромашен.
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Велат дека кога го прашале Бил Гејтс уште колку пари му се потребни за да има доволно. Одговорил: „Уште само 1 долар“.
     
  19. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Колку и да имате пари пак 80% од времето ќе го трошите на работи на коишто сте го трошеле и пред да имате многу пари.