Чоколадна торта

Дискусија во 'Рецепти' започната од tina.92, 24 септември 2013.

  1. tina.92

    tina.92 Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво :)
    Може ли некој да ми каже рецепта за убава,не многу тешка чоколадна торта,со многу многу чоколадо :)
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    2.743
    Состојки:

    140гр маргарин
    140гр шеќер
    1 ванилин шеќер
    6 јајца
    140гр мелени ораси и лешници
    2-3 реда чоколадо
    1 лажица какао
    Рум
    Фил:

    125гр путер
    125гр шеќер во прав
    1 ванилин шеќер
    3 реда чоколадо
    1 лажица какао
    2 јајца
    Подготовка:

    Со миксер изматете го маргаринот, шеќер и ванилин шеќер, додека не добиете пена. Додадете ги жолчките, матете постојано додека смесата не се соедини. Потоа додадете какао и растопено чоколадо, а на крајот мелени ораси и лешници. Посебно изматете ги белките и додадете ја претходно подотвената смеса. Може да додадете и рум по желба.

    Клапот за печење подмачкајте го со масло и брашно. Печете во загреана рерна на 250 степени само 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 200 и оставете уште 15-20 минути.

    Филувајте кога ќе биде потполно оладено.

    Фил:

    Изматете путер, шеќер во прав и ванилин шеќер, додадете ги жолчките, а потоа и какао, растопено чоколадо и рум. Блките изматете ги посебно , а потоа помешајте ги со другата смеса.

    Изматениот фил ставете го во фрижидер да се олади, а потоа филувајте.
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.211
    (Екстра) Чоколадна торта

    Коментар:
    Ако барате премногу кремаста чоколадна торта, тоа ви е тоа. И јас го барав овој вкус и го пронајдовме :).

    Пандишпан: 10 белки, 150 гр. шеќер, 4лаж. лебни трошки, 4 лаж. мелени ореви, 4 лаж. брашно, 4 лаж. од првиот фил.
    Прв фил: 50 гр. какао, 200 мл. млеко, 200гр. шеќер, 200гр. чоколадо.
    Втор фил: 10 жолчки, 100гр. шеќер.
    И 250 гр. маргарин или путер.

    Подготовка: Најпрво се приготвува првиот фил и се остава да се излади, бидејќи од него се земаат 4 лаж. за подготовка на пандишпанот.
    За пандишпанот, најпрво убаво се бијат белките и потоа пополека се додаваат сувите состојки. Само треба голема внимателност за шамот од белки да не падне, туку да си го задржи волуменот. Се печи во плех на 200 степени, околу 10 минути. Потоа откако се излади се сечи на три еднакви делови.
    Но ако и дојде до тоа белеките да го изгубат волуменот, без грижа (јас од брзање го утнав последниот пат). Може нема да биде пандишпанот висок, ама не е ништо погрешно.
    За вториот фил, жолчките убаво се бијат на пареа и потоа се остава да се излади.
    На крај кога е се ладно, се бие се заедно, вклучувајќи го и путерот или маргаринот.

    *** Да не ви ја фалам, ама има вкус како еурокрем. Прекрасна е и сочна. Малку меркиве за шеќер се претерани, ама можете и да намалите, ако не сакате да ви биде преблаго. Тоа е единствениот недостаток. Но во мојот случај, јас се снајдов со додавање на хопла. Околу 300мл. хопла цврсто се бие со 2 кесички ванила шеќер (заради вкус или екстракт од ванила). И потоа се премачкува над филот.

    Уште нешто што сакам да го споделам со вас дека тортава е навистина тешка. Некогаш од х причини знае филот да биде течен и да не се задржува над листовите пандишпан. Но и тука му смислив решение. Кога ќе го избиете филот ќе ставите дополнително една кесичка желатин. Желатинот претходно ќе си го ставите во малку вода да набабри, а потоа на тивок оган да се стопи. Особена внимателност треба за него, во никој слуај да не ви зоврие водата, бидејќи потоа желатинот ги губи способностите за желирање и до 50%. Затоа со внимание ќе си го стопите и полека во текот на миксирањето ќе си го додадете.

    Еве и сликче за мотивација :).

    Picture 639.jpg
     
    На ♡BuBaLe♡, Umbrella22, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  4. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    10.116
    @Serafima си ја бендисав торичкава за Нова година да ја направам. Ама имам 2-3 прашања:?:. Не ми замерувај што те гњавам вака посабајлечки.

    Првиот фил се става на тивок оган, додека стегне убаво, така?
    Желатинот оди во вториот фил, во случај да е потечен?
    Mоже да се изостави хоплата, ако го намалам шеќерот во двата фила?:$

    Знам дека ептен ми се елементарни прашањава, ама уште ме плашат торти со два фила, па да не ја оплескам работата.:$
     
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.211
    Нема мила да зажалиш за тортичкава, ќе видиш :).
    Се извинувам сум ја утнала работава, баш за првиот фил не сум пишала.

    Првиот фил се става на тивок оган за сите состојки убаво да се стопат (но не да зовријат). И да, додека е топло, може да се додаде желатинот (една кесичка од 10гр, се става во едно ракиено чаше вода и потоа откако набабари се става во топлиот фил). На овој начин нема потоа да имаш мака со негово топење. Откако излади првиот фил (тоа би изгледало како пудинг од самиот желатин), се бие заедно и со вториот фил и со магаринот или путерот.
    И хоплата може да се изостави, но јас ја ставив првенствено заради шеќерот, но и поради тоа што изгледа многу ниска, ако е без неа. Сакав малку да и дадам на висина.
     
    На ♡BuBaLe♡ и do-re-mi им се допаѓа ова.
  6. zoketo

    zoketo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Чоколадна торта која не се пече


    Состојки:


    • 1l млеко
    • 10 лажици шеќер
    • 3 пудинзи од ванила
    • 300g млечно чоколадо
    • 100g бело чоколадо
    • 500ml слатка павлака
    • Пакетче бисквити
    Подготовка:

    Во 200ml млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го.

    Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат.

    Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ¼ додадете во темното и светлото чоколадо.

    Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари.

    Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа додадете го остатокот од смесата со темно чоколадо.

    Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата.

    Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа.

    Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја.

    Сечете и декорирајте по желба.
     
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.637
    Допаѓања:
    19.327
    Пол:
    Женски
    Ova sakam i jas da e probam,blagodaram do serafima za receptot :) a pleh kakov krug ili nema vrska??
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.211
    ^ Плехот мила е со димезии некаде 35 со 40 цм. Не е најголем од оние што одат со електричните шпориња.
    Но, кога ја правев последниот пат баш ја направив во тој плех (најголем од електричниот шпорет) и искрено затоа и ми излезе многу тенок пандишпанот (се забележува на сликата). Но за сметка на тоа, па излегоа повеќе парчиња :).

    Верувам мила дека ќе ти се допадне :).
     
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.637
    Допаѓања:
    19.327
    Пол:
    Женски
    Sakam da ja probam,sigurno ke mi bidne nesto nejasno tskva sum si :D pa ke ti pisam lp koga ke ja spremam :)