1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чување играчки

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 10 септември 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.755
    Темава ја отворам по обид број 978412037412375 да ја средам собата на децата, ама како и секогаш обидот или е однапред осуден на пропаст, или собата е средена најмногу 15 минути.

    Мислам дека проблемот е лошата организација на играчките, или можеби тоа што имаат премногу. Ги чувам во кутии, главно се сортирани - мали коцки, големи коцки, кукли, колички, а големите камиони седат под креветот на син ми бидејчи ниту една кутија не ги собира. Исто така има и други играчки што така се оставени во соба, како табла за цртање, хулахопи и слично.
    Само децата не секогаш ги враќаат во соодветната кутија, најчесто се измешани, и џабе ги терам да ги раскреваат, кога пак на крај јас морам да ја завршам работата. Добро, не е џабе зошто се ствара навика.
    Сакав да се обидам со една голема кутија за чување на сите играчки, ама мислам дека така ќе настане хаос. Порано имавме од ониекуќичките како шаторче, и таму ги чувавме, па беше хаос во шаторчето.

    Во што ги чувате вие играчките? Им давате на децата да си играат со сите играчки наеднаш, или само со дел од нив? И колку често фрлате скршени и надминати играчки?
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    ги чувам во пакети,оние од што останале од телевизорот,памперси,и тука ги ставам пообичните играчки на керка ми,во случај да дојдат мали други дечиња да си играат да немам грижа дека скинале или скршиле некоја од подрагите кукли :D
    Tие што ми се помили играчки,ми биле подарок за керка ми од драги особи си ги чувам во нејзината соба :)
    и давам да игра со 2-3 играчки,зашто полудува со сите наедаш |( а и помалку неред ке имам,досега не сум фрлила играчка или затоа што е сеуште мала па за да почне да крши и уништува(скоро 2 годишна е) :)
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Дел од играчките ги чувам во едно вакво-јас си го викам корпа
    го сликав затоа што ме мрзеше да гуглам :lol:
    Дел се наредени на полици, дел се во фиоки...се обидувам колку можам да и` биде посредена собата и организирана.
    Боички, боенки, сликовници, пластелин...се наредени во фиоките од работното биро.
    Барбики, плишани играчки-наредени на полици.
    Има кујна-таа е наместена на масичка, шминкерницата до корпата, а во корпата се` останато (внатре има се` и сешто, ама и тоа си е собрано во помали кутии или кесички, и тоа ми е организирано....вага сум, што да правам, мразам хаос :D )

    Скршени играчки не чувам, сите ги фрлам, што ќе и` се, може само да се повреди.

    Што се однесува до играњето, некако и` створив навика да игра само со еден тип на играчки.
    Пр. ако бои, тогаш само боенки и боички си зема, ако сака потоа да игра со барбики треба претходната играчка да ја врати на место, а потоа да си ги земе барбиките. Кога ќе и` се здосади ме вика да и` помогнам да ја средиме собата....ако сум слободна и` помагам, ако не сама си ја средува. Веќе е доволно голема и си знае која играчка каде стои и се` си враќа на место.

    Ама затоа ако има другарчиња дома, е тогаш им дозволувам што сакаат да прават....собата е лудница :tmi: ама ако, после средувам набрзинка :)
    Да дополнам- играчките кои, да речам, ги порасна и со кои веќе не сака да си игра, ги собрав во голема црна вреќа и ги однесов во гаража (сите се здрави, мислам сочувани, ама не и` се интересни)...може ќе се најдат за друго дете :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1631.JPG
      IMG_1631.JPG
      Големина на фајлот:
      196,1 KB
      Прегледи:
      512
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Иако немаме многу играчки и секако не е толку голем Ј за да си игра сам, но сепак ќе дадам мое мислење. Јас имам нешто слично како на Лолита, само што е поделено на повеќе делови, а такво е големо, но потесно. Уште сега ги ставам во тоа оние малку играчки што ги има Ј.

    Ариел, најдобро решение е тоа што си го направила. Но, деца како деца, нормално нема да вратат се од каде што земале. Децата најбрзо учат низ игра. Да се обидеш со некои финти, да ги мотивираш со нешто? На пример кога ќе треба да се раскренат играчките кажи им кој ќе ги стави на вистинското место ќе добие чоколада/смоки/сладолед или пак кога децата помагајќи си едно на друго ќе ги наместат сите играчки на своите места ќе ги изнесеш во парк, а тој што нема да го направи тоа не добива ништо.
    Или пак ако не успева овој начин, тогаш сите играчки на едно место, но претходно ослободи се од оние играчки што повеќе не им се интересни на децата (следи пример на Лолита).
     
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    И машки и женски.И барбики и колички.Се е тоа во неброени парчиња.
    На син ми,Ги чувам во една корпа како онаа на Лолита,другите се наредени на полици ,во помали кутии ,се тоа во еден плакар кој е само за играчки.Исто така,бидејки имаат посебни соби и креветите им се со фиоки,во фиоките се наредени играчки.
    На ќерка ми исто така и се наредени на полици,во плакарче со фиоки за таа намена.
    Кога доаѓаат деца на гости,се е извадено и со се се игра.Потоа самите си ја раскреваат собата.Не дека се ставаат на свое место.Еднаш во два три месеца правам чистка.Порано чував и подскршено и само ѓубре се собираше.Сега фрлам,а тие кои се постари ги носам во градинката каде што одеа.
    Во подрум имам цели вреќи,кои не ми се даваат или фрлаат,зашто некои ми се посебно драги,први играчки,за кои не врзуваат посебни моменти.Тие ги чувам.
    Сега кога се ученичиња,имаме боички,моливи,фломастери ,тетратки и сл.кои ги имаме повеќе од потребното па сега тие се меткаат по дома.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Оние меки плишани одамна ги тргнав од репертоар за играње. Собираат прашина и не ми се губи време да ги одржавам кога само стојат наредени на полица и собираат прашина. Со исклучок на 4 големи кои и јас лично ги обожавам и сеуште имам нерви да ги одржавам.
    Останатите пластични - метални ми се класифицирани во неколку големи кеси. Месец -два се игра (ретко се игра, ама кога се заигра знае и со часови) со едната кеса а останатите се скриени :) и така на одреден период само ги менувам играчките за да му бидат интересни. Таман ги подзаборавил и оп стигаат нови ;) .
    Искрено ми здодеа секој ден купишта да се собираат (иако тоа е работа на маж ми :D ), и да се редат по полици, одзима време.
    И имам некое непишано правило да кога му донесат нова играчка а посебно за роденден му давам само 1-2 останатите ги кријам. И кога се тоа лепо фино ќе се издегустира и скрши вадам нова ;)
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.755
    Јас одамна се спремам да тргнам дел од играчките, и кога ќе им се здосади со едни да вадам нови, ама никако да го направам тоа.
    Каков хаос е, никогаш не можам да средам до крај.

    Особено проблем ми прават големите камиони на син ми, кои не ги собира во ниту една кутија, освен оние најголемите што зафаќаат пола соба. Тие му ги ставам под кревет, а најчесто ги наоѓам напикани меѓу плакар и кревет, и не можам да го отворам плакарот, како на пример утрово. Не знам како до сега не исфрлив се :)

    Сега кај син ми во градинка ќе собираат за детска недела играчки и алишта и ќе ги донираат некаде, па тоа го гледам како шанса да баталам многу рабоит кои ми е жал да ги фрлам, а подобро би било да не ни се дома.
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Па најдобро во голема корпа за играчки. :?:
    И дечките да се научат откако ќе завршат со игра сами да си ги собираат играчките. ;)
    Така една тетка си ги научи нејзините: кога сакаат си играат на подот, лом прават, ама кога ќе завршат сами си ги собираат, иначе нема да си играат подоцна. :lol:
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Досега никола ми нема скршено играчка и го учам да не фрла, да не ги фрла....а досега др дечиња му имаат сршено абе мислам срце ме боли ама тоа е деца се се случува.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  10. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Од ден на ден бројот на играчки расте...а колку само бев убедена дека нема да трошам на играчки (facepalm). Но ако не се играчките, ќе страдат фиоките, апартите за домаќинство, садовите за готвење. Затоа поарно нека фрла играчки на сите страни отколку да буричка каде не и е местото.
    Имаме креветче кош, од тие монтажните и полно е со играчки, дел од играчките пак ги чувам во кутии од пелени...а ги имав и оние корпи специјални за играчки ама малечката моја партал ги направи бидејќи се буткаше во нив.
    Е сега, познто е дека мизерно е да ги собираш по 100 пати во ден, а алал да им е на мајките чиј деца ги научиле сами да го средуваат нередот од играчки. Мојата е уште малечка но уште од сега ја терам да ги собере играчките во креветчето а таа како вредна мравка собира играчки и се друго што ќе и дојде на дофат (папучи, далинско, мобилни и сл). Засега тоа и е игра, се надевам еден ден ќе премине во навика!
     
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    И нас оградицата ни служи за чување играчки :D
    Понекогаш знам и детето да го ставам во оградица врз играчките а он ужива во хаосот.
    Сега е во некоја фаза кога се префаќа па вадам од ташна цедалки и лажици, а наоѓам колички во фиоките во кујна, си мести детето по негово :$
    Како расте така му правам селекција на играчките, се што може да размонтира е кренато и само под мој надзор си сигра со тоа, безбедните играчки( ако воопшто постојат такви:^)) се низ цел стан, а има и две-три кутии надраснати играчки, глодалки тропалки и слично. Треба еден ден да направам селекција што е за чување, што за донирање, а што за играње инаку се затрупавме дома.
     
    На cresa-jagoda и simoncelicius им се допаѓа ова.
  12. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Кај нас играчките се прилично средени, барем јас знам на кое каде му е местото. :D
    Мечињата, куклите, сликовници, книги, боенки и боици се на полици на едно отворено шкафче, средно големи играчки во кош за играчки, бебињата во мало креветче и количка, а најситните (прибор за кујната, за бебињата и други тракатанци) во едно ваквo закачено на корниза кое е ептен практично.
    download.jpg
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    kade mozam da najdam vakvo abe prepekav ama vo poveketo prodavnici za igracki gi ima korpite ivsega nekoj novi kako taburetki. Porano gi imase na sekoe kose sega se ubiv od baranje duri vikendov i na plasticarskata barav ;)
     
  14. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Isto e i kaj nas.kerka mi mn e vnimatelna i eve ima 5 god i 7 mes do den denes se si cuva.a koga nekoj ke i skrsi, iskrta mene duri mi e krivo pa siroto dete pocna da gi krie koga nekoj i doaga.
    Inaku vo odnos na cuvanje na igracki koga i ja renoviravme sobata gledavme da ima sto povekje fioki em za sega igracki em pa koga ke porasne ke si stava drugi raboti.
    Malovo ima 7 mes i tropalkite i se vo edna taburetka .kako sto raste ke gi podaram nekomu
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    @karak јас го земав од Икеа, 3-4 евра колку што се сеќавам, а овде кај нас не сум видела вакви.
     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Вакви имам гледано во Рамстор. Провери.
     
  17. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Вакви исти има на Бит Пазар во еден дуќан ''Се за 99 денари'', се наоѓа до Стржанка одма на автобуската каде што застанува 2ка.
     
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Бидејќи имаше премногу играчки решив да направам селекција. И оставам неколку за да си игра а другите ги местам и во друга соба.
    Ќе ги растури сите и потоа никако не сака да ги собира. А јас нај што несакам да гледам е растурени играчки, па додека одиш да нагазиш некоја коцка ( најболното нешто :D ). И во текот на денот ги собирам по неколку пати, и наутро кога ќе заспие јас пак средам се под конец и кога ќе стане пак исто :D Нема крај :D