Чувството кога некој близок ќе замине некаде далеку

Дискусија во 'Психологија' започната од worrieddd, 10 септември 2018.

  1. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    3.505
    Пол:
    Женски
    Се соочувам со нова состојба во мојот живот кога брат ми,снаа ми, внука ми заминаа да живеат во странство, далеку од нас. Свесна сум дека секој си има свој животен пат, плус денес технологијата ни дозволува секојдневно да комуницираме. Но, виртуелното и реалното присуство на личноста се разликуваат.
    Баш тешко ја поднесувам разделбата за сега.
    Како сте се чувствувале вие кога некој ваш близок заминал далеку? или
    Како сте се чувствувале вие кога сте заминувале да живеете далеку од дома?
     
    Последна измена: 10 септември 2018
    На Ava.84, konstelacija, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  2. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    3.397
    Имам прв братучед кој се запиша на факултет во Охрид, што е Охрид два ипол часа од Скопје, се слушавме, се гледавме без некои поголеми проблеми. Кога го заврши факсот таман си помислив сега уште почесто ќе се гледаме, замина во Америка. Таму најде работа, се ожени за документи, мислев срцето ќе ми пукне. Две години само на вибер се гледавме и пишувавме. Кога ќе се јавеше по два часа муабет си правевме. Дојде изненадно, се утепав од плачење од среќа, кога после 10 дена пак замина. Свадбата ја договарав за и он да биде тука, дојде, пак бевме заедно 10 дена и пак отиде. Во меѓувреме пак на вибер се слушаме си пишуваме ама не е тоа тоа. Кога ќе појдам кај роднините чудно ми е без него па и многу се проретчи одењето натаму. Некој вика ќе стане полесно, ама недостига секој ден, секоја собиранка, секоја слава, секој викенд за скара или пица, за муабет, за смеење. И помага ама сосем малку сознанието дека таму му е добро, дека има работа што ја сака, дека има друштво, дека шета, ужива, ама мислам дека најлошо е кога е болен, дури и најобична настинка да фати ми доаѓаат солзи на очи дека нема кој да го гледа, не дека ако беше тука ќе се паничеше на секоја настинка. Си викам да беше барем во Европа некаде, ќе заштедам пари ќе појдам, ама Америка далеку е, башка визи и други глупости, останува само он да доаѓа наваму. И еве сега бројам уште 4 дена за да го видам. Имам листа со омилени јадења, со благи колачиња за да му ги правам. Срцето ме боли на секое негово заминување ама тоа е, да остане тука ќе се чувствува како некој да му ги скршил крилјата и затоа секогаш се испраќаме со насмевки, со смешки, немам сила да појдам до аеродром да го испратам зошто знам дека нема да можам да ги задржам солзите ко што ги задржувам кога го испраќам дома.
     
    На Ava.84, Joi, ELIDavor и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    19.215
    Пол:
    Женски
    Мој преедобар другар се исели сега скоро и се откорнав од плачење..сега сум подобро ама премногу ми фали.
    Имам другарка од Србија и се гледаме еднаш годишно кога ќе дојде и секогаш кога си оди плачам..не поднесувам добро такви работи.
     
    На Ava.84, worrieddd и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    E bas da bidam iskrajna Ti si prvata sto me rasplakala, e sega neznam dali toa mi doaga so godimite ili …..
    Jas sum od stranata na brat ti I snaa ti.
    Ke kazam kako Jas sum se custvuvala I kako rabtite evoluirale so tek na vremeto.

    Se sekavam kako denes koga zaminav.
    Imase placki na ajrodrom ama ne od moja strana.
    Inace sum mnogu cvrsta osoba I kapka solza da se slizne toa e cudo.
    Toj den ne placev ama si podgolnuvav. Dledav da ne gi gledam lugeto koj dojdoa da ne ispratat I junacki zaminav.
    Placki nejkev zaradi deteto da ne se uplasi ama da si bidam iskrajna mislev deka eve go tuka e pa ke si dojdam so magicno stapce.

    Da bidam iskrajna deka vremeto I samotniot zvot si go pravat svoeto.
    Vo pocetokot se javuvav pocesto kako minuva vremeto se poretko. Nekoj luge ako ne dojdam I namenski ne otidam da gi posetam nikogas ne se javile ete bas taka, a tie se tie sto ronea solzi I vetuvaa "se slusame, se gledame".
    Taka da vo placki I vetuvanja ne veruvam.
    Prviot pat koga dojdov site gi posetiv ama vremeto si go napravilo sveto, razgovor se nema, nema temi, ne sum od tie sto preraskazuvaat,....
    Sega koga ke odam gledam da si bidam so majka, braka, sestri, za priateli I rodnini nemam bas vreme.
    Tie nekolku sto Ponekogas ke dignat tel. ke gi posetam, drugite Ne.

    Kolku Jas razmisluvam na drugite?
    Razmisluvam
    Si pravime moabet so mm kako bilo, sto bilo, slucki raskazuvame ama dlaboko sum uverena deka drugite ne razmisluvaat isto tolku kolku nie na niv. Sepak oni se poveke, zafateni so svojot zivot,...

    Vremeto si go pravi svoeto.
    Od pocetok moze imas nekoj razgovor, kako vreme minuva se pomalku I pomalku. Neli nemas zaednicki zivot treba da bide jasno deka se pomalku zaednicki raboti ne povrzuvaat I se pomalku e potrebata da se vidis I cues.

    Ova mi go kazuvaa luge koj veke bea izlezeni od drzavata poveke od 25 god. I Jas klimav so glava kao "taka e" , a vo sebe mislev "kojznae na koe nivo bile priatelite pa propadnalo priatelstvoto I rodbinstvoto".

    Ne bilo taka kako Jas sto mislev, lugeto imale parvo.

    Sreken im pat na vasite. :clap:
     
    Последна измена: 14 септември 2018
    На m.i.g, tina-63, Dust и 6 други им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    36.585
    Пол:
    Женски
    Скоро целата фамилија и тоа блискиот круг, ми се во странство, а јас како најголем патриот заглавив тука.
    Најдобрата другарка ми замина за Америка.
    Чувството ? Како да отсекле дел од тебе, ама како минува времето, се сталожуваш и сфаќаш дека тоа е за нивно добро пред се, и учиш да ги сакаш од далечина. :)
     
    На Ava.84, Someonespecial, GoodGirl45 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.519
    Допаѓања:
    30.376
    Пол:
    Женски
    Во животот ништо не е преманентно.
    Учиме, се навикнуваме и прифаќаме различни состојби кои се дел од случувањата. За се треба време, па и за ваквото чувство. Најважно е да се одржи меѓусебната комуникацијата со сознание дека на секој му е добро каде што се наоѓа.
    Прашањето како е индивидуално соочување и надминување на периодот на физичка разделба.
     
    На cresa-jagoda, konstelacija и kravce им се допаѓа ова.
  7. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Машки
    Ќе помине што и да е .... чувството е гадно ама тоа е што е.
     
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.466
    Пол:
    Женски
    А го прочитам насловот на темата, а језа ме фаќа...се си мислам дека за умирачка се мисли(facepalm)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Машки

    Нешто слично е зависи кој каде и како и зашто иде...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.932
    Допаѓања:
    52.301
    Да си ја бара среќата иде. Поубаво да му е.
    Слично било...
     
    На Quuen, Someonespecial и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Машки
    Среќата е релативна ствар. Човекот не би требало по секоја цена да цели кон матријалното, запоставувајќи го духовното и вистинската среќа - внатрешната.
    Слично е чувството, и слично е кога знаеш дека некој постои ама повеќе не е со тебе и никогаш нема ни да биде , правејќи избор сопствен да прави тоа што прави....
     
    На carangigia, worrieddd и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    36.585
    Пол:
    Женски
    А во странство едни несреќниии.
    Превише го величаш народов како среќен, со обзир на тоа што имаме поразителни статистики во врска со стапка на депресија и анксиозност и од година у година се поголем број на суицидални случаи.
     
    На Someonespecial, Doozy, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.466
    Пол:
    Женски
    Пекол и рај..има слично??
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.932
    Допаѓања:
    52.301
    Па види, богами, да кажеш дека некој што останал во Македонија го запоставува духовното е најголема глупост што сум ја слушнала. Дали духовното е постојана нервоза и дерење како ненормални, бутање лексилиуми, генерално незадоволство и постојана депресија? Пошо насмеан човек на работа тука немам кој знае од кога видено.
    Материјалното не треба секогаш да биде приоритет, ама кога немаш ни за леб, е тогаш е приоритет, и тоа како...
     
    На Gosh, Someonespecial, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  15. konstelacija

    konstelacija Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Тешко е,нелагодно чувство но утеха е дека секој заминал или сум заминала за да дочекаме подобро утро заедно со луѓето кои ни се новите пријатели.
     
  16. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Машки

    Чекај малце. Зборев за индивидуализам, не зборам за никаков колективизам не па за народ...
     
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.782
    Допаѓања:
    44.371
    Такво што од самиот наслов на темава се насолзив, а години се поминати како е заминат брат ми во странство. Се уште сме многу блиски, ама физичкото присуство на моменти неизмерно многу фали. И ќе се видиш два, три пати во годината, ќе се слушаш постојано, ама кога некој бил до тебе постојано, а сега веќе не е, тешко е да се навикнеш.
    Знам дека му е милион пати подобро, знам дека е среќен, дека е добро, дека има одлични услови за живеење и тоа ме прави многу среќна. Кога замина му беше тешко, мене ми се доверуваше, заспивав плачејќи дома. Среќа за брзо време и добра работа најде и добри пријатели, кога првиот пат се врати дома, како подмладен, како поубав ми се виде. И сега кога ќе се видиме се гушкаме силно, а кога беше тука знаевме и да се закараме :)
    Мене секогаш ќе ми недостига, колку години и да поминат, не можеш да се навикнеш на тоа. Мислам дека сега научивме повеќе да се цениме еден со друг, и само да е добро, ништо друго не е важно.
     
    На Dust, mal.ecka, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Машки
    Друга ми беше поентата. Факт е дека матријалното треба да биде приоритет за да ги имаш основните егзестенцијални срања за да можеш само да постоиш тука , но у склоп со темава, како што некои си бегаат тука од мака и ги бришат сите блиски кои ги појат со љубов ТУКА, ако некој тотално се борел егзестенцјално само за ебан леб, тогаш нека брише се и тоа оправдано е бидејќи љубовта тогаш не се оправдала во тој контекст , а ако се работи за поголеми амбиции и целење кон матријалното ( таков светоглед ) , тогаш чувството е еднакво како тој да умрел , ако ти е ептен близок , сродна душа пример! Финален ФАК ОФ е тоа.
    Тоа е мое мислење, се надевам ме сфаќаш што сакам да кажам. Те сфаќам што сакаш да кажеш... реалната слика ја кажуваш, го делам мислењето, така е.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Машки

    Да. Луѓето го доживуваат само.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.932
    Допаѓања:
    52.301
    Сродна душа...
    Сродна душа што нема да се спакува и да тргне со тебе?
    Некој што очекува ти за него да се жрвуваш и да оставиш напредок за да не го разочараш?
    Замисли, некому кариера и материјален напредок му е приоритет и тоа е сосема ок. Не им е на сите главна цел во животот да створат фамилии и да се чудат кога дојде први септември како да ги опремат децата за школо. Ама битно со сродната душа се.
    Како што вика мајка ми: подобро на крај на светот да си ама да си среќна отколку да ми седнеш до мене и да те гледам како се мачиш. А мајка е, мајката најмногу ја боли.
    А не некој лингур што мисли дека ако те фатил за рака одма си му сопственост.
     
    На Dust, Nausicaa, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.