Чуден сон

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Ichliebedich, 11 август 2014.

  1. Ichliebedich

    Ichliebedich Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    10
    Девојки, како сте?
    Имам една другарка и ми кажа дека веќе 4-5 дена сонувала ист сон.. Како нејзините родители не и се вистински родители, и неа ја родила некоја сосем друга жена која не ја ни познава во сонот.. и таа е многу исплашена. Сакам да и помогнам да не верува во тоа, бидејки ненормално личи на мајка и и на баба и.. на лик, а во карактерот е иста како татко и... и го кажав тоа, но таа е уште преплашена и вика дека и е страв да спие навечер, се плаши пак да не го сонува сонот... еве вчера ме викна кај неа да поседам , да и поправам друштво и така заспа малку, јас ја оставив , не ја разбудив и на крај сама се разбуди после час и пол и ми кажа фала што дојде, да не сум сама.. дури беше ти тука убаво спиев, не сонував ништо.... незнам веќе како да ја утешам
     
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.257
    Доколку малку ја погледнам целава ситуација онака подлабоко, и се водам според некоја своја логика, мислам дека станува збор за страв!
    Можеби семејството на твојата другарка минува низ некаква фаза, тешка криза (проблем), со која се соочуваат сите па тоа директно се афектира и врз нејзината психа.
    Па, така незнаејќи како да се соочи со проблемот, немоќна, во својата глава дур спие режира некакви си сценарија кои воопшто не мора да имаат допирна точка со реалноста.
    Не би навлегувала дали станува за финансиски, здравствени, или проблеми од било каков тип. (Нешто со кое реално сите се соочуваме, само сето тоа врз нас не остава идентични траги). Еве кај другарка ти стресот преку се манифестирал преку кошмати, кај некој друг може да се одрази врз физичкото здравје итн.
    Сепак, не треба да се занемари фактот дека соништата најчесто ни носат некаква порака, независно каква.

    Инаку, постои и уште една варијанта, која додека го пишував постов не бев сигурна дали да ја споделам бидејќи првенствено не верувам во ова, и автоматски се коси со рационалниот поглед кон нештата...
    Но, како и да е кога веќе почнав, ќе се доизјаснам, во надеж дека ти и твојата другарка нема да го земете при срце и да се испоплашите за безвеза, а уствари да нема врска..
    Како и да е, некогаш можно е да станува (пази, можност нула наспроти илјада е ова скоро), да станува збор за опседнатост од некаков ентитет, познат во нашиот речник како сениште или демон. Најчесто тие сакајќи да не заплашат и да ни дадат дознање за нивното присуство, а незнаејќи како да комуницираат, го одбираат токму овој начин, т.е. ова што моментално и се случува на другарка ти. Фактички тие си поигруваат со нашата потсвест преку постојано прикажување на едни исти слики, места, мириси, de ja vu моменти, допири, сонови и сл. чудни скоро надреални појави, кои константно се повторуваат. Тие всушност само одбираат начин кој ќе соодветствува со нашите уверувања, па така пробуваат да добијат одговор, или едноставно понекогаш само сакаат да хранат со стравот кој ни го вдахнуваат.
    Други може и да немаат цел туку едноставно колку да си го исполнат ,,времето'' во вечноста го прават сето ова. Онака, just for fun.
    Но, како што реков апсолутно нема причина за страв сето ова повеќе ми изгледа смешно отколку трагично и скоро да не мора да обрнете внимание на истото. ;)
    Т.е. ако се случува краток временски период нема причина за загриженост, но доколку продолжи не би било лошо да ме исконтактираш во ЛП, мислам дека би можела да ти помогнам.
    Поздрав, се најдбро. :)
     
    На Arthur, maca cvet и angelche16 им се допаѓа ова.
  3. Ichliebedich

    Ichliebedich Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    10
    Tи благодарам Valerin :)
    Ќе се потрудам да и објаснам дека мене стварно не ми е логичен сонов нејзин.... дека претерано личи на мајка и и баба и..И реков дека аку не е толку сигурна да направи ДНК тест.. што резултатот ќе се поклопи со моето мислење... Па сега сама нека си одлучи во што ќе верува.. ти благодарам за твојот одговор уште еднаш :*
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TheMisteriousA

    TheMisteriousA Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Дали некој познава некого што може да одгатнува соништа,бидејки ми е многу битно.
    Сонував нешто многу страшно.
    Во некоја непозната просторија татко ми го открива веќе помодрениот труп на дедо ми (кој е мртов од 2008 год).Го прашувам зошто не го закопал толку години.Тој рече дека сака да го чуваме во домот.
    На ѕидот во истата соба стои иконата на Св.Петка,која ми е куќна заштитничка и истата таа икона ни стои во домотм,голема со кандило. Нејзините раце беа црни,јас се исплашив и ја молев Св.Петка да ми каже зоштоми покажува црни раце.Но таа не ми одговори.Ја повикав мајка ми да и ја покажамиконата,но во истиот момент црните раце станаа чисти и убави. Ако некој го знае значењето нека ми каже, :(
     
  5. MysteryMan23

    MysteryMan23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Машки
    Досега најчудно во сонот ми е кога свесно се убив си пукав во глава и наместо да се разбудам право во момент се околу мене беше темно и за некоја секунда почнаа да ми идат некој звуци и околу мене разни бои и како да патував низ друга димензија..што е најчудно свесен бев дека сонувам а неможев да се разбудам...
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Veruvate li Vo Sonista ??
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    100.019
    Пол:
    Женски
    За оваа тема одговара моето искуство. Имено, често ми се случува чувството како да пропаѓам во креветот, сигурно го доживеале многу од вас,а најчудно, дури непријатно е и ми се случува понекогаш, спијам, почнувам да станувам свесна за состојбата, слушам што се случува околу мене, сакам да отворам очи но не можам, сакам да мрднам рака, нога,прст, но не можам, ко да сум скамената, па пробам да викам, и често мм ме будел од вакво доживување, вика мумлаше нешто, крици пушташе... со еден збор крипи
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MysteryMan23

    MysteryMan23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Машки
    парализа при спиење е тоа, прогуглај.. :D
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    7.589
    Пол:
    Женски
    Да не се случи нешто лошо?? Што направи другарка ти? :)
     
  10. irence88

    irence88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    [
    незнам дали најде ресение на проблемот јас пред 4 години имав сличен проблем кога легнував да спијам и кога заспиев нешто ме креваше од креветот мислам дека бев во хоризонтална полозба но над креветот како да лебдев,ја стискав перницата и исто слусав се и пробував да викам помош но немав глас мислам скоро сигурна сум дека бев свесна за тоа но немав глас да викнам,кога се разбудам си бев на креветот цеката скаменаета со солзи на оците, така околу 1месец секој ден страв ми беше да заспијам, мајками кај не праса сто е работата и така еден ден во соседството имаме поп и поцнале некој муабет, наредниот ден тој дојде кај нас со света вода испрска во собата кај сто спијам и по перницата водата ја остави во цинија во мојата соба и ми реце ке биде добро мене морници ми појдоа но верувај дека вецерта кога легнав немасе никакви сониста немасе нисто и така се до ден денес... пиши како си дали сеуште ги имаш истите соништа...
     
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    100.019
    Пол:
    Женски
    Фала му на бога, скоро не ми се случило ова, сега почесто сум будна со две деца околу мене, клоцнало едното, се отскрило другото, па малиов уште цица цела ноќ, наутро ко од орањеда се враќам, не ко од спиење... А тоа ми се случувше пред 4-5 години отприлика, и баш секој ден и на денска дремка, и со месеци може година траеше...
     
  12. irence88

    irence88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    и да како сто каза Мистери Мен23 така е тоа е парализа при спиење, а тоа што ти го кажав мене ми помогна поздрав
     
  13. macedonec

    macedonec Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Викнете си поп тој ќе попрска со света вода ќе исчита молитва
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Женски
    И јас имам чудни соништа. Неколку вечери со ред пред црквичето што е во наша близина ја сонувам мојата ссестра која не може да оди и зборува. Но од некаде се појавувам и јас и мојата сестра трча кон мене и вика. Јас сум зачудена почнуваат да се збираат многу луѓе но не можам да им го видам лицето сите се како во сенка, но се радуваат за мојата сестра. Неколку вечери со ред го сонувам ова дали некој може да ми го каже значењето на овој сон ве молам. Кога ќе станам сум испотена и како да имам трчано.
     
  15. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Не дека е некој чуден сон но ајде да си прашам. Знае ли некој што значи да сонуваш секс со дечкото?
     
  16. Lavinija

    Lavinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    33
    @maca cvet
    Одете во црквичката нека ви отпеат лепче за здравје дома да го изедете, однесете ја неа ако има вода да се измие, да се напие, да се помолите за нејзино здравје оставете зејтин или нешто (чорапи марамче) во црквата.
     
  17. EuHenIa

    EuHenIa Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    37.664
    Пол:
    Женски
    Синоќа сонував сон, стојам на морски брег и гледам во водата, одеднаш се појавува огромен бран, од никаде, оти морето претходно мирно беше, и ме поклопува. Што би значело не знам ама се разбудив со неубаво чувство
     
  18. Luminary

    Luminary Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    21.722
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај Чудни сонови, мене секој сон ми е чуден, и сонувам обавезно секоја вечер. Се будам утрото преморена, се си мислам од соништата ми е. До сега не сум нашла начин да им направам turn off, а не верувам и дека има, така да ќе си се учиме да живееме со тоа ние напатените. :drunk:
     
  19. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Не да сум напатена... сонувам тешки кошмари кои ме буделе на сред ноќ со срцето у петици...
     
  20. Luminary

    Luminary Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    21.722
    Пол:
    Женски
    Исто и кај мене. Некако се си го поврзувам со тоа што сум личност која премногу размислува, и вака на јаве не можам да си го исклучам мозокот, па некако истото и додека спијам ко да ми се случува. Може и нема никаква врска, ама некако тоа ми е единствен начин да си го објаснам.