Појма немав како да ја крстам темава, а искрено половично побарав дали има слично, ако нема и ако остане да ви објаснам... Јас во слободно време со помош на шаблони или templates сама си изработувам украси за сите празници и сезони, подарочиња, покани, картички, украси, се што треба е само една украсна хартија или хартија во боја, лепак, ножици, и мноу имагинација. И по вкус се разбира шљокици, светки, циркони и се што ќе ви падне на памет. Зошто да давате пари за поклони кога може сами да си ги направите, башка и повеќе ќе ви ги сакаат зошто во нив има труд и љубов. Не само што секогаш ќе ги радувате другите ако сте тип како мене што нон стоп ги осипувам со поклончиња, него и секогаш ќе си имате пополнето време и никогаш нема да се досадувате. И може и да си направите совршени мафини со фенси додатоци. Како пример од многу работи што може да направите. Мене ми е преинтересно, па кој сака еве некој шаблон да си направи поклонче за себе или за некој што сака вакви работи. И ако знаете и имате и вие вакви шаблони, модели или примери за укравчиња постирајте! Картичка пеперутка. Превиткајте и исечете по рабовите, украсете, напишете најискрени желби, адресирајте и испратете. 3Д Пеперутка Исечете, залепете преден, заден дел, украсете, залепете на стапче, ставете го во саксија, во вазна, дадете го поклон, залепете ја пеперутката на ѕид, залепете повеќе во разни бои, искористете ја фантазијата... Ова ми е едно од најомилените, ептен убаво изгледа. Панделка Исечете, долниот дел превиткајте го, залепете го над првото парче и ќе дојде ова: Кутивче Дедо Мраз Исечете, залепете, украсете и оп новогодишен украс и плус наменски, ќе собере некое бомбонче. Срце Кутивче Исечете, залепете, спаковајте обетчиња, ланче, прстенче, украсете и подарете необично спакован поклон. Или искористете го како украс. Бувче кутивче. Исто како и претходното, јас си имам еден куп подарени бувчиња, сите ги сакаат. Снешко честитка Исечи, залепи, украси, посакај среќна нова и подари. Зајачиња за јајца. Исечи, украси, замотај го јајцето и ете ти уникатни велигденски јајца. Кутивче зајаче за јајце или чоколадни јајциња Јас ова го полнам со чоколадни јајциња и го давам на некое дете заедно со јајце, бесценето е колку се радуваат. Може и да се стави јајце со правилен размер. Исечи, украси и пак имаш необичен велигден. Имам и многу други, ако сте заинтересирани ќе ви испратам и слики од она што сум направила јас, може да ви се роди некоја идеја. Еве нешто што имам тука: Еве ја лево пеперутката од погоре. Не ми дозволува повеќе слики, ако има заинтересирани ќе си разменуваме, ептен е интересно па се надевам и на некој ќе му дадам предлог идеја како да пополни време кога му е досадно. <3
Еве и картичка за осми март што стандард си ја подарувам на женички што ги сакам. Ептен е оригинална. Еве лист Еве цвет Еве ја саксијата И ете совршен подарок за празник.
Пликче за пари, за честитки, за убави зборови... Хартија во боја, исечи, залепи, украси... -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Кутивче за помали поклончиња... -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Кутивче за еве пример поклон пенкало, запалка, пура и нешто во таква форма, или само украс.... -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Круна за украс и во неа може бомбони, белешки за на биро, рецепти за во кујна и уште многу начини за користење што може да се смислат. -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Исто и за ангелчево... -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Кутија со пеперутки, или за украс или за поклон... -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Макета за бус, знам дека малите деца обожаваат бус, па може заедно да исечете, да залепете и да си го боите бусот. --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Секоја чест за темава @irrelevant Супер изгледа сè што си направила до сега. Ќе се приклучам и јас на темава штом пронајдам нешто интересно и инспиративно.
Испечате, превиткајте, исечете и излегува совршена снегулка, за Н година јас вакви милион лепам по шкафови по ѕидови.
Обожавам да изработувам сама украси. Прв пат кога ја видов темава ми текна на снегулките што ги изработувавме како мали од парче хартија. Имав едноставен начин со само превиткување но сега видов на интернет други начини па еве една што ја направив сега.
Не, во боја. Во Џамбо има комплет со многу листови во разни бои за 200 денари, или 10 листови во една боја за 30 денари, или си купувам од една книжара, еден лист 3 денари. Друго се од Џамбо ми е. Циркони, очи, укравчиња, лепенки, лепило, светки...
Секогаш има од хартијата а секогаш начекувам и такви светки декорации.. да не не загледуваш добро? Или на погрешно место да гледаш како јас еднап убедена бев дека на правото место барам
Еве ви идеја за украсување. Ако немате услови да ги испринтате тогаш прецртајте ги од овие моиве шаблони. Еве ви ги шаблоните: Ќе си искомбинирате со бои и џиџиња и еве ти новогодишни украси. И ако немате идеја искористете ја мојата, јас вака ги искористив: Не да се фалам, ама прекрасно изгледа П.С: И тие над полицата работи се правени од мене... Двете честитки и тегличката.