Морам да го споделам ова со вас, а сигурна сум дека нема некој што не се нашол во ваква ситуација. Денес чекам во банка ред (Комерцијална Банка конкретно) и една постара жена чека ред пред мене. Доаѓа женава на ред, ама видно има проблем со слухот и не слуша. Начув само дека нешто ја прашуваше шалтерушава за промена на адреса. Лелееее што да ви кажам, оваа од шалтеров кога и се развика на женава, кога почна да вика не сум ви јас должна да се грижам за вакви работи, тоа мене не ме интерсира, абе ја стресе цела зграда. Женава целата вознемирана пробува да ја смири , оваа се дере, вика.... Бог да чува. Среќа дојде друга колешка седна на нејзино место па и објасни. Значи неможам да ги сфатам, не дерат на чисто со провизии, живеат од наши пари и згора на се арогантни. И не само во банка ( ова ми се случило и во други интитуции).
Јас не сум имала проблем по шалтери , единствено ме нервира што ставаат да работат некои престарени тетки и се полжави кога пишуваат на компјутер. На толку млади со економски факултет овие бабите нашле да ги стават да работат со клиенти и да пишуваат на компјутер. Нека стават некои млади тие барем знаат брзо да пишуваат на компјутер, ете една млада една постара. И зошто никогаш не работат сите шалтери и во најголемите гужви кога и студенти се запишуваат и пензионерите истовремено земаат пензија и тогаш не работат сите шалтери. Единствено еднаш еден мрсен дебел во Комерцијална банка во Буњаковец ме украде 1200ден што го забележав дури дома , таму не забележав оти 3 саати чекав ред и одвај чекав да завршам работа и да си одам дома. Наредниот ден ко се бунев ми рече мене не ми излезе вишок, па имаше некои пензионери и тие се бунеа демек оти сум ги маткала, си чекав си дојдов на ред моја работа шо мака си имам. Од ко сум во Скопје сум станата алергична на пензионери и тетки на шалтери кои се пред пензионирање.
Јас еднаш во Тутунска идам да уплатам некои работи, и имаше редче од 4-5 души, и нели - јас кога дојдов на ред дојде таа од другата смена највероватно, и си се најдоа у муабет со оваа предходно што седеше на шалтеров и се заправија муабет како јако оваа си поминала предходната вечер ... и нели требаше сите да ги исслушаме прво, си позбореа едно 7-8 минути, а позади имаше една женаа што притоа ги замоли на неколку наврати да побрзаат дека на пауза е искочена ... али на молбите и беше возвратено со поглед попут , превртување очи и подсмевање .... па ја пуштив пред мене после жената ... ипак не се брзав ја до толку ... во комерцијална премногу избегавам да идам од аспект еднаш што брзав ме чекаа во кола на улица, и трчам да платам, чекам ред и ајде конечно стигнав ... и ме врати зашто прв пат сум плаќала или незнам зашто, да пополнам нешто прво сум требала .. ајде се тргнав на страна, пополнив, ПАК ред чекав, па кога дојдов на ред пак ме врати заради незнам што грешно што сум напишала па јово на ново ... и се напнав зашто ПАК ред чекав, а пензионери вриеше , и на крај и викам ок ајде молимте значи објасни ми што како треба и кај грешам, па се испостави не сум грешела, али на нова уплатница, нивна да го препишам тоа, И КОЈА Е ПОЕНТАТА ??? се изнервирав ептен, оидов кај другат на шалтер, и ми заврши работа .. значи 40 мин ги е*ав у банка за глупост ... и еднаш една беше видно изреволтирана , зашто јас тоа ја праашувам колку провизија ке ми земе нештото .......
Не сум имала проблеми со шалтерските работници.Факт е дека секојдневната работа со клиенти е напорна и тешка.Но,секој е платен за своето работно место,па треба да биде љубезен,културен и професионалец во својата професија.Иако се малку,ги почитувам оние што знаат да го остават приватниот живот зад себе со започнување на работното време.Професионалниот кодекс е еден од критериумите за успех во кариерата.
И мене не ми се допаѓа што така се однесуваат, напорно е, разбирам, ок, ама не треба така да се однесуваат према клиент.Па и да не им бил денот, не ни треба да си дозволат такво однесување, работа си е работа, а не ако не им бил денот, нема никого да трпат...Нема што да мешаат приватни проблеми, со работа.Треба да бидат љубезни, а не да се развикуваат така.Епа од што живеат од наши пари, затоа треба да се љубезни. А само кај нас е вака, во странство тешко да видиш некој службеник да ти се развикува, каков е човек, таков и како човек, клиент ќе го третира, од него зависи, а не пак уште да му се развикува.
Постари шалтерски работници мислам дека има само во Комерцијална и во Стопанска. Другите се понови и повеќе ротираат вработените во тие банки бидејќи поголемиот дел од нив се со факултет. За тоа што тебе ти украле 1200 денари, треба стварно да си сигурна дека таму ти ги зеле, можело да се пожалиш кај раководителката (бидејќи не се малку пари) и да видат на камера да проверат. Ама голема е веројатноста да не ти се украдени таму, пошто ако службеникот излезе вишок е исто голема одговорност како и да излезе мањак..мора тие пари да ги пријави ако се вишок и да се направи записник со потпис од раководител дека било така. Сите банки се со видео надзор, и може лесно да се види дали се украдени или не...тоа е право на клиентот да се проверат камерите. Ако е потазе проблемот..можеш да отидеш да провериш.
Моето искуство со шалтерски работници е претежно позитивно!!! Пред извесно време имав работа во Фондот за пензиско осигурување и бев пријатно изненадена со љубезноста на вработената на еден од шалтерите!!! Толку многу беше услужлива и сакаше да ми помогне да го решам мојот проблем што помислив дека не се наоѓам во Македонија!!! На истата љубезност наидов и во Агенцијата за вработување и во Фондот за здравствено осигурување, па си формирав ново мислење за шалтерските работници - времињата на нељубезни, намуртени и неуслужливи вработени на шалтерите се лошо минато!!!
Јас имам од стопанска банка картица и обично таму за се што треба плаќам. Ама сега оној системот што му е со бројки направен е ХАОС. На ред број 190 а јас вадам бројче и сум 250? И треба да чекаме 5 саати за да платaм една улатница? Сите бројчина му се извадени и после си одат луѓето неможат да чекаат. Денес имав повеќе работа и во меѓувреме да не чекам за џабе, заминав да завршам друга работа и кога се вратив бројчето ми поминало. И одам на таа на шалтер ми вика ти си број 260? Не и викам мене бројчето ми помина ама пошто за овој број никој не се пријави, дали можи јас да наплатам? Кога ми се пушти како будала бла бла бла таков ни е системот, треба да си чекаш, да си извадиш ново бројче. WTF??? Бог да чува бе се луѓево му даваш пари, уште и тие па не ти ги земаат. И викам немам време јас да чекам само за Една уплатница.. секако можеше да заврши работа, кога немаше никој пријавен на тој број. Ретардирани. Па уште и провизијата 35 ја направиле а беше 15. Уште еднаш ќе ме видат таму! На крај таму завршив работа бидејќи во пошта му паднал системот, во уни треба сметка да имаш абе само да си се шеташ по шалтери за 5 мин работа. Само за избори трчаат очи вадат тогаш ке ти завршат одма работа. Во милионските градови како функционираат како што треба овие овде седнале само на компјутери па уште ти се прават којзнае што се.
Еден систем, безвезен, за едно бројче човек ќе се утепа чекајки, а патем може и да си дремне чекајки.Можела да ти заврши работа, ама не сакала, едноставно, оти нели за едни тоа важи, а за други не, секако зависи за кого станува збор.Има и други луѓе кои се жалат, поради тоа, најчесто се откажуваат и си се определуваат за на друго место, да си завршат работа...Небаре една уплатница, две години ќе ја средуваат, ама ајде, 5 минути работа, само тоа е.
Мене ми е океј системот во Стопанска што им е со бројче, затоа што и во ред да чекаш ако има гужва тие луѓе ќе бидат пред тебе и ќе чекаш да завршат. Вака барем си знам кога сум, си седнувам и си чекам во суштина никогаш не сум чекала повеќе од 10 минути, обично брзо завршувале
Мене никогаш не ми се испонашал некој од шалтерските работници, без разлика каде. Можеби е и до мојот пристап, но колку и да не сум расположена се трудам јас да не бидам таа која ќе подлегне на некоја глупост или нечија некултура и ќе се развика. И засега се водам по оваа тактика, секогаш сум насмеана и учтива, уплатници и документи за пополнување пополнувам од дома, евентуално ако имам нешто нејасно прашувам на лице место и секогаш биле љубезни, дури и оние кои изгледаат најнамќоресто или оние кои со странката пред мене се искарале и се дереле како ненормални. Сум била сведок на секакви сцени, среќа моја што ете не ме засегало мене.
Имa мнoгу дрски штo рaбoтaт нa шaлтериве , јaс рaзбирaм декa е нaпoрнa рaбoтa aмa aкo не ти е денoт еднoстaвнo штo сум ти јaс кривa:/ Мoже ми се имa слученo мн пaти aмa се сеќaвaм пред 4 - 5 гoдини кoгa вaдев извoд зa мaжaчкa бидејќи прaшaв кaде е фoтoкoпирницaтa ми викa пa ете јa тaму тoлку ли не гледaш aмa се дереше кo лудa.. Акo не ти се рaбoти еднoстaвнo oди си кoлку сaмo млaди чекaaт зa рaбoтa :/
Пред некој ден бев во министерство, поточно тоа за наука и образование, и патем не ми е прв пат да одам таму, ама буквално кога и да одам се сум налетувала на дрски, скиснати фаци. Еј прашуваш нешто најнорнално, културно, срамота е да ти одговори со еден збор, одсечно да те откачи, притоа не те ни погледне ко да не зборува со човек... Не знам, кога вакви запослени се таму, во министерствата, што е врвот на јавни служби, што станало со другите. Срамота е тоа, јас никаде такво однесување немам видено освен во Македонија. Во помалите градови уште полошо. За вадење изводи тоа се пуши додека работи, зборува сешто на шалтерите, тук таму сељачки ќе се развика на некој оти оставил вратата отворена а него го мава промаја, чист простаклук. На секое работно место што имав, прво и основно работодавецот бараше љубезноста. Разбирам дека има и секакви луѓе, ама повторно не е нивно да се дерат. Има начини како да постапиш поинаку, ама до (не)култура е.
Има многу дрски што работат на шалтерите, и некултурни се. Ем со наши пари се хранат, ем уште. Живи глупости и уште викаат
Од моето скорешно искуство, презадоволна сум од шалтерските работници во Фондот за пензиско и во Катастар. Иако и на двете места ми се погодија Албанци, кои слабо го зборуваат македонскиот јазик, сепак се направија (без врски) да ми завршат работа. Во банка на шалтери не одам, се си плаќам електронски. Ако веќе морам да одам во банка, одам во Комерцијална и сум задоволна. Најнезадоволна сум од вработените во МВР (вадење на документи) и во Град Скопје (барака 16). И на двете места ОДМА би ги отпуштила сите што се на шалтери, ама сите-од прв до последен!!! Максимално се безобразни, не даваат информации, се расправаат помеѓу себе и со странките....катастрофа!!! Не знам зошто ги укинаа оние копчињата (жолто, зелено, црвено) пред секој шалтер, ќе се убиев од кликање на црвено! Не знам дали некој ги контролира вработените, а би требало!!! Или барем да имаат кутии за пофалби и поплаки, да може човек да си напише колку е незадоволен! Со ваква државна администрација ништо не правиме!
Тие со слаби нерви треба да ги упатат да си најдат некоја друга работа а не да се издеруваат на луѓе ни криви ни должни.
Ги има секакви, реткост е да се наиде на коректен и љубезен однос, претежно не им се работи и се трудат што побрзо да ги откачат странките.
Додека надвор се прават редици службеничка го шета својот пријател од шалтер на шалтер и самиот незнаејќи што сака,многу љубезно му пресметуваат девизи,кредит, па колку му останало од стариот кредит,па колку има нов кредит,па затвори ја оваа книшка,па отвора ја онаа,отвори ми нова,и на крај после пол часовно чекање решава да не отвори книшка.Кога дојде нова смена колешките не можат да се изнаправат муабет а јас стојам и чекам и чекам да направи фотокопија од лична карта.Иако процедурата трае најмногу 15 минути се утепаа од муабет која помада е по убава за рацете.5 минути стоев откако заврши процедурата со мене да се изнаправат муабет и да ја подигне мојата лична карта од скенерот,а па да ми ја даде и требаше уште 5,6 врсти помади да спомне.Надвор хаос,луѓето насобрани чекаат а од нив 5 само таа работи другите рачињата си ги мачкаа,и онаа со пријателот само носеше сметки од позади шалтер,да и бидат наплатени на нејзини пријатели преку ред.Иако некој ја замолеше да му наплати сметка лажеше дека уште не е во системот,а три пликоа со сметки и пари во нив поминаа пред мои очи.
Смени експозитура, или банка, али со оглед на понудата од расположливи банки кои ги имаме во мк, повеќе или помалку сите се исти (ова е најкултурно што можам да се изразам за банкарскиот сектор). Инаку за физички лица пак се по ,,ок" отколку за правни лица (за фирми), а од сите банки во земјава НЛБ е малку подобра од останатите, тоа ,,малку" ја прави разликата, Комерцијална е втора на моја листа, најлоша банка, убедливо најлоша банка е Стопанска, таму и гратис пари да ми дадат нема кај нив корисник да бидам. Останатите на пример, УНИ, Шпаркасе, ТТК, Халк, итн. се солидни но според мене се како ,,нож со две острици" ака Еуростандард...