1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шангај бејби и Венчавка со Буда (Веј Хуј)

Дискусија во 'Книги' започната од zlatapetkova, 7 октомври 2011.

  1. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Шангај бејби е изразито експлицитен еротски роман полуавтобиографски на кинеската писателка Веј Хуј.Издаден е во 1999 год.Главниот лик е Нико 25 годишна девојка која сите ја викаат Коко по Коко Шанел.Работи како келнерка и се запознава со младиот Тиан Тиан кој е помлад е боледува од импотенција,затоа таа подоцна го запознава Германецот Марк кој е многу добар во кревет.Романот го прикажува односот према сексуалноста во Кина каде е продаден во 130.000 примероци а подоцна е забранет токму поради сексуалните содржини.
    Лично мене ме остави без здив. :) по истиов роман е направен и филм Шангај бејби во 2007.

    Венчавка со Буда е вториот роман на Веј Хуј и всушност продолжение на Шангај бејби во која главниот лик Коко сега има 29 год и живее во Њујорк каде се запознава со Муџу и по кратка романса почнуваат да живеат заедно.Можеме да ги видиме културните разлики помеѓу Њујорк и Шангај.Исто како и првиот дел изразени еротски содржини.
    Мене и првиот и вториот дел ме оставија без здив .Многу лесни книги ,писателката знае да те привлече и не можев да престанам да ги читам. :)
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Писателкава е ухх, зборови немам. Прејака, воодушевува со стилот, буквално толку е интересна не можеш да затвориш, и да втората книга е всушност продолжение на првата.
    браво за темава. Пак би ги прочитала со задоволство!
     
    На zlatapetkova му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    http://www.youtube.com/watch?v=7I3tbk4Qzzg
    eve го треилерот од Шангај Бејби морам да го симнам филмов само превод тешко дека ќе можам да најдам :)
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ батали филм, плус има доста ниска оценка. Земи си ја книгата т.е книгите. Плус во споредба со книга и филм секогаш давам предност на книга.
    Ептен ме бедисува стилот на Веј Хуј, многу убави книги.
    Има шанси да излезе трета книга не сум запознаена? :wasntme:
     
  5. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    финтата е дека ги имам прочитано и двете книги е сега ми е мерак да го гледам и филмот....и јас секогаш давам предност на книгата затоа и прво книгата ја прочитав.
    Инаку не знам ама и јас едвај чекам да излезе трета книга. :)
     
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Филмот е катастрофа! Јас се разочарав кога го гледав, а посебно ме нервираше актерката. :puke:

    Интересни романчиња, кои брзо се впиваат. Интересни сцени, многу љубов и еротика. И Коко ми се допаѓа како лик, либерална, страсна и интересна девојка. Посебно ми влијаеше Шангај бејби во мојот поглед и мојот став кон љубовта.

    Има и интересни quotes. Кога ќе ја најдам тетратката ќе ги препишам, но подобро прочитајте ја :P

    Се познава дека Ерика Јонг доста и влијаела на Веј Хуј. Има мн. примери за тоа, но мене не ми смета. Се гледа дека тоа влијание е добро искористено. :) Чиниш, книгите и мирисаат на љубов, секс и уметност. И јас си се надевам на трета книга :)
     
  7. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    морам да признаам дека и јас го гледав филмот и се разочарав....има многу работи кои во книгата ги има а во филмот не,а и актерката некако воопшто не ми се совпаѓа со тоа како ја ја замислував Коко додека ја читав книгата
     
  8. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Двете книги ги прочитав пред година дена и пак би ги читала без проблем.
    Веј Хуј има прекрасен стил.
    Љубов, копнеж, себеспознавање, експлицитни сцени на похота и сладострастие - сето ова предадено преку ликот на успешната млада писателка Коко, која со својот начин на живот и дејствување ги руши стеротипите и прангите на традиционалните норми во Јапонија.
    Одлични четива, за сите кои љубат ваква тематика.