1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шарпланинци

Дискусија во 'Дом' започната од macamaca24, 22 март 2016.

  1. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ја нема темава... Па ајде да споделуваме мислења и искуства за оваа наша гордост
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Дико од Македонија- најубав шарпланинец во Европа!

    30.10.2014 10:57
    За најубав шарпланинец во Европа пред неколку дена е прогласен Дико од Македонија-и не само сега-тој за своите две и пол години ги освои сите можни награди на сите домашни и меѓународни изложби...



    [​IMG]

    Две и полгодини стариот шарпланинец Дико, чиј сопственик е Владо Каравилоски од Прилеп, пред неколку денови ја доби титулата најубав шарпланинец во Европа, на европскиот шампионат кој се одржа во Чешка. Каравилоски вели дека е многу горд на тоа што има најубавиот шарпланинец на целиот континент. На Дико ова не ми била прва изложба.

    „Во Македонија има учествувано на над 20 изложби, во Грција во Солун има учествувано на голема цацип изложба, а лани на европското првенство во Женева исто ја освои првата награда каде стана млад европски првак“, истакна Владо Каравилоски, одгледувач на шарпланинци.

    Љубовта на Каравилоски кон кучињата е огромна, освен Дико тој има и своја одгледувачница на шарпланинци кои ги продава дома и во странство. Вели дека за да се освои ваква награда потребно е голем труд околу кучињата.

    „За подготвување за еден ваков настан е потребно многу работа. Потребна е голема физичка подготовка, потоа треба да се научи кучето да се покажува, на кинолошки јазик тоа се вика хенд лијнк или водење на кучето, кое што е најважна работа од се. Затоа што ако едно куче незнае да се покажува, тоа колку и да е убаво судијата нема да може да ги види убавите страни. Исто такам многу битна е и исхраната која треба да биде богата со минерали и витамини, без која не може да се извлече максимумот од едно куче“, додаде Владо Каравилоски, одгледувач на шарпланинци.

    Ова е единствениот шарпланинец во македонската кинологија кој за само 2 години освоил две вакви значајни награди, малд и зрел европски првак.

    За наредната година на светското првенство кое ќе се одржи во Милано, Италија, Каравилоски планира освен со Дико да настапи со уште неколку други свои шарпланинци.



    Дарко Штаргоски
    http://mrt.com.mk/node/16130
     
    На Freyja и MiloMalo им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Географската положба на Република Македонија, нејзините природни ресурси, убавите планински предели богати со вегетација, високите брдовити рамнини и големите пасишта, допринеле луѓето кои живееле и се населувале во овие краишта од дамнешни времиња се занимаваат со сточарство. Одлгедувањето на овци била една од најразвиените сточарски гранки во минатото која допринела и за развитокот на една од најхаризматичните раси на кучиња ШАРПЛАНИНЕЦ.
    Историјата на оваа раса според многу сознанија и пратпоставки почнува уште во многу дамнешни времиња. Овие краишта се познати по многу археолошки локалитети. Археолошките локалитети се доказ на цивилизациите кои некогаш живееле на овие простори. Анализирајќи ги остатоците од овие стари населби од кои некои се неолитски, пронајдени се предмети, украси во форма на кучиња и тоа не било какви, туку со молосоидна форма, кои до некаде ја докажуваат тезата дека тука живееле кучиња, претци на денешиот ШАРПЛАНИНЕЦ.
    Мислења и претпоставки на некои историски аналитичари се дека родоначалниците на денешните шарпланинци ги донел Александар Македонски (Велики), повлекувајќи се од Азија, што се надоврзува со пронајдените слики од опкружувањето на владетелот Александар Македонски (Велики), каде се прикажани молосоидни кучиња кои наликуваат на денешниот Шарпланинец. Некои претпоставки се дека предците на шарпланинецот се донесени со големите преселби на народите од Азија, но по новите истражување покажале дека тој води потекло од Балканскиот Полуостров, поточно од планинските масиви на Македонија (Шарпланина, Кораб, Стогово, Бистра и Маврово).

    Во историјата од минатите векови од времето кога со Македонија владеела турската империја, се воделе таканаречени книги “Дветери” во кои се запишувала популацијата на домаќинствата: луѓе, стока и кучиња. Овие книги служеле за водење на евиденција за собирање данок во тоа време и тие се заштитени во историскиот архив во нив може да се прочита дека само во Галичник во 1901 година имало 12000 овци и 700 шарпланинци. Во дваесетите години од минатиот век кога Македонија припаѓала во Кралството СХС бил формиран и кинолошкот сојуз на СХС и од тогаш почнале првите кинолошки испитувања на тлото на Македонија во врска со тогаш се уште не признаената раса ШАРПЛАНИНЕЦ, се до 1939 година кога под бројот 41 шарпланинецот и официјално е признат од страна на FCI.
    По завршувањето на Втората светска војна Македонија е една од шесте Југословенски републики во тогашна повоена Југославија кога кинологијата добива посериозни размери. Во тоа време полека и расата шарпланинец почнува да се одгледува помасивно, со тоа што многу елитни примероци од планините се симнати во урбаната средина, кадешто се направени обиди расата да се модернизира и урбанизира, што придонело за нејзина популаризација.
    Популарноста на шарплнинецот допринесува за да од шеесеттите па се до деведесттите години многу шарпланинци од бачилата на планините се однесени во останатите републики во тогашна Југославија и земјите на Западна Европа. Многу елитни примероци завршиле во центрите на Југословенската народна армија каде биле одгледувани како службени кучиња. Армијата во тоа време била една од клучните фактори во одгојот на Шарпланоинецот.
    По распаѓањето на Југославија во раните девдесетти години во Македонија и Србија се регистрираатв повеќе одгледувачници за Шарпланинци, овој тренд е пропратен и пошироко во светот. Југославија беше матична држава на Шарпланинецот и уште неколку раси на кучиња кои по распадот на државата од страна наFCI еа доделени на државите кои настанаа со распадот на Југославија. Така Србија и Македонија ја добиа матичноста на расата Југословенски овчарски пец ШАРПЛАНИНАЦ.

    Високите институции во Македонија сметаа дека шарпланинецот е национална гордост па така решија куваницата од еден денар да ја посветат на Шарпланинецот кои заслужено се најде на оваа монета. Исто така ликот на Шарпланонецот се наоѓа и на поштенската марка издадена од Македонски Пошти. Битно е да се напомене мислењето на некои стручњаци кога се зборува за шарпланинецот од Македонија, притоа значајно е да се истакне: “Клучните својства се наследени од песот што на подрачјето на Македонија постоел пред многу години”. Оваа раса и ден денес изворно е присутна и распостранета во ареалот на високо планинските пасишта на планинските масиви од Македонија. Шарпланинецот најбројно бил застапен на Шарпланина по која го носи и своето име.
    Шарпланинецот е силен е добро граден пес. Обраснат е со долги густи и груби влакна, со силна конструкција, мирен темперамент, доста добро ќуден, но по потреба многу остар.
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Општ изглед и карактер: Шарпланинецот е снажен, со добри пропорции, со големина која е далеку над просекот и со дебело, долго, прилично грубо крзно . Со цврста конституција, добар темперамент, сигурен, заштитник, непоткуплив и верен на својот господар.

    Висина и тежина:

    Висина до гребенот:
    Мажјак: 62 cm
    Женка: 58 cm
    Мажи под 56 см и женки под 54 см не треба да се пуштаат во приплод.

    Тежина:
    Мажјак: 35-45 kg
    Женка: 30-40 kg.

    Должина на телото: Должината на телото е малку подолго од висината до гребенот; односот е околу 8: 10 за мажјак, 10: 12 за женка.

    Глава:
    Главата е пропорционална со телото. Нејзината тотална должина е околу 25 cm, што кореспондира со 40% од висината до гребенот. Черепот е нешто подолг од муцката (односот е 57: 43%). Черепот има благо испакната горна линија. Носната коска е права. Линиите на двата профила се конвергентни.

    Череп (горен дел на главата) : Широк со добро означена бразда. Гледан во профил, како и одозгора, черепот треба да изгледа благо испакнат и малку заоблен. Веѓите се само малку означени. Тилот е незабележлив, невидлив.

    Стоп: Благ.

    Муцка: Пократка е од черепот, широка и длабока во основата, леко се стеснува кон носот. Носната коска е широка и права.

    Нос: Широк и црн.

    Усни: Умерено дебели и стегнати; горната усна само малку надвиснува врз долната усна.

    Заби: Маказаст загриз, сите заби на број.

    Очи: Бадемасти, ниту големи, ниту длабоко поставени, темно или светло кафеава боја, со тивок, но продорен поглед кој никогаш не покажува страв. Капаците и видливото сврзно ткиво треба да се црни.

    Уши: Поставени се на линија која иде од врвот на носот до внатрешниот агол на окото или нешто подолу. Тие се во облик на буквата ,,V’’ и паѓаат, блиску до образот, покриени се со густо, кратко влакно.

    Врат: Гривата е благо испакната или права. Линијата на грлото е права. Вратот е средна должина, но поради големината и дебелината на крзното изгледа помал од неговата вистинска големина. Широк, длабок и мускулест, се спојува рамно во главата и рамениците. Да се носи во одреден степен над грбната линија. Кожата е дебела и без висечка кожа. Влакното е густо, долго и грубо, со означен набор на спојот на вратот и главата.

    Тело:

    Општ изглед: Грбната линија е хоризонтална или леко наклонета кон сапите. Кучињата одгледани во планините може да имаат сапи кои се поставени повисоко од гребенот, но ова не е пожелна карактеристика. Вкупната должина малку ја надминува висината до гребенот.

    Гребен: Средно развиен и широк. Припојот со вратот е моќен, а преминот тешко забележлив.

    Грб: Прав и широк, не премногу долг. Кај слабината е пократок, широк и мускулест.

    Задник: Средна должина, наведнат и мускулест.
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Гради:
    Длабоки, достигнуваат до лактите, средна должина, со благо заоблени ребра. Предградите се широки и мускулести. Обемот на градниот кош треба да ја надминува висината до гребенот за најмалку 20%.

    Стомах:
    Вовлечен и мускулест. Долниот профил нежно се подига од предниот кон задниот дел. Слабините се прилично кратки со нагласена вдлабнатина.

    Опашка:
    Опашката е долга и достига барем до скочниот зглоб. Горната линија на задникот е наклонена постепено и рамномерно во опашката. силна во основата, се зашилува кон врвот, со перја по долната страна. Се носи во блага крива како сабја. Кога кучето е возбудено, кривата е нагласена и опашката може да биде подигната над линијата на грбот.

    Екстремитети:

    Предни:
    Општ изглед: предните нозе се прави и добро пропорционални со телото. Лактите се околу 55% од вкупната висина до гребенот. Различните делови на нозите се добро пропорционални едни со други и со телото. Рамењата се прилично долги и широки, рамни, наведнати и формираат агол од 65° со хоризонталната линија. Надлактицата ( хумерусот или рамената коска) е во одреден степен покосо поставена од лопатката, аголот со хоризонтална линија е од 55 °. Се присоединува со предните нозе во агол од 145°. Зглобот на лактот е широк, ниту надвор, а ниту навнатре и е поставен на само мало растојание од градниот кош. Подлактицата е рамна, долга, со добро развиени мускули и перја долж задната страна. Дошапјата се широки и јаки, малку коси. Нозете се цврсти, овални со добро заоблени и затворени прсти. Ноктите силни и црни. Стапалата се тешки, но еластични, црна боја.

    Задни:
    Гледани од назад, нозете треба да се поставени еднакво, маку пошироки од предните екстремитети. Гледани од страна, треба да се мошне добро аглувани. Бутот е мускулест, заоблен, косо поставен, аглот со хоризонталната линија треба да биде ист со тој на рамењата. Коленото е нешто помалку аглувано од зглобот меѓу лопатката и хумерусот (околу 125°). Коленото е силно и широко.
    Потколеницата е косо поставена, силна, со долги мускули и многу густи перја.

    Движење: Чекорот е долг и еластичен. Највообичаеното движење е касот со високо и умерено испружување. Во галоп кучето се чини дека е малку тромаво но скоковите се долги и покриваат многу на теренот.

    Кожа: Кожата е умерено дебела, еластична и затегната на целото тело. Без висечка кожа. Сите видливи слузокожи се црни или длабоко пигментирани.

    Крзно: Главата, ушите и предната страна на нозете, се покриени со кратко влакно. Околу вратот, на бутот, на задната страна на нозете и на опашката влакното е долго, скоро рамно и малку грубо. Под надворешниот слој, изобилното подвлакно е кратко, густо и со фина текстура. На гребенот влакното треба да биде помеѓу 10 и 12 см; тоа не треба да биде пократко од 7 см.

    Боја: Шарпланинецот е солидно обоено куче. Сите бои се прифатливи, од бела до темно кафена што изгледаат речиси црни. Посакуваната нијанса е зеленкасто сива (железо сива боја) и темно сива боја. Бели ознаки не се дозволени. Пигментираните кучиња можат да покажат ситни бели ознаки на градите и прстите, но тие се непожелни. Горниот дел на главата, вратот и телото е во потемна нијанса која се губи во валкана бела или жолтеникаво сива кон екстремитетите. Промената мора да биде постепена.
    Грешки: Секое отстапување од горенаведеното се смета за грешка и се зема во обзир во зависност од интензитетот на отстапувањето.

    Мали грешки:
    • Недоволно широк череп
    • Предолга муцка
    • Недоволна ширина и длабочина на градите
    • Рамни или претерано заоблени ребра
    • Секое мало отстапување на усните од правилната позиција
    • Влакното нешто пократко од посакуваното, се додека перјата се во ред
    • Бели ознаки на градите и стапалата
    • Пократка опашка
    • Зајачки нозе и други незначителни физички отстапки
    Сериозни грешки:
    • Предолга муцка или заострена
    • Уши поставени премногу високо или не висат доволно близу до образите
    • Клештовиден загриз
    • Седлест грб
    • Опашка странично свиткана
    • Лимфатична конституција и други физички отстапки (дефекти)

    Елиминациони грешки:
    • Агресивност или претерана плашливост
    • Недостик на предкатник
    • Воочлива нескладност помеѓу должината на телото и висината до гребенот
    • Недоволна висина до гребенот
    • Влакно пократко од 7cm
    • Депигментирана видлива слузокожа и очи

    **Мажјаците мора да имаат два очигледно развиени тестиси спуштени во скротумот...
    --- надополнето: 12 август 2013 во 17:21 ---
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На mimi**** и macamaca24 им се допаѓа ова.
  6. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Исцрпно :)
     
  7. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае нешто повече за паразитарни инфекции на кожата кај оваа раса?
     
  8. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Moite lepotani: sarplaninec-Aron,kangal-Oskar i azijat isto Aron:D 20150101_173646.jpg
     
    На theowndemon и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 22 март 2016
    На theowndemon, India и okcenzi им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Совршен е
     
    На macamaca24 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Arnisa

    Arnisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Медо мој бара женска за озбилно има 5год и сака да создаде фамилија така да ако има заинтересирани женки расположени сме за дружба, иначе сме бели, дебели, убави и среќни.
     
  12. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Види го прикачениот фајл 247171
    Eee жениве се недостижни... Арон имаше еден обид ама неуспешен.. Не се бендисаја хахах нема искусено прва љубав :D
     
    На Arnisa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Arnisa

    Arnisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    И Медо мој му однесовме една ама не ја бендиса, бегаше од нејзе му смрдеше хахахха
     
    На macamaca24 му/ѝ се допаѓа ова.