Од први септември, шахот станува изборен предмет за учениците од прво и второ одделение. Шаховската федерација на Македонија потврди дека постигнат е договор со Министерството за образование и информацијата за вметнување на шахот во наставната програма е веќе објавена. Според Зоран Стојчевски од Шаховската Федерација, на часовите би се изучувале основите на шахот, начинот на движење на фигурите, какви потези постојат и слично, а целта е да се подобри концентрацијата, меморијата, креативноста и критичкото размислување кај децата. Според очекувањата во секое училиште би требало да биде формирана барем по една паралелка од по 30 деца кои би ја посетувале наставата. Часовите по шах ќе ги водат одделенските наставници кои прво ќе поминат обука, а доколку има потреба во наставата ќе бидат вклучени и лиценцирани шахисти. Родителите пак со поделени мислења - додека за едни ова е одлична можност за детскиот развој, дел сметаат дека покрај обемниот материјал, шахот ќе биде дополнителна пбврска која нема лесно да ја совладаат. Целата настава е базирана врз искуствата во Полска и Англија каде шахот веќе се применува во образовниот процес како задолжителен предмет. Додека трае шаховската обука до почеток на учебната година , младинците од шаховската федерација по 10 дена учество на Олимпијадата во Индија забележаа извонредни резултати и се најдоа на 62-ро и 70-то место во конкуренција од 188 репрезентации. Кој е вашето мислење во врска со ова? Дали сметате дека е предност или вишок? Дали сметате дека едно дете од 6-7г е доволно паметно за брзо да научи или пак е потребна премногу математика?
Внук ми сега 2ро ќе биде и веќе знае шах да игра, бар основите и движењата на фигурите. И он ете многу се радува шро вовеле шах. По мене е супер секое дете што сака да проба. И мислам многу ќе им помогне во развојот понатака.
По мене е одлична идеја. Но ме плаши реализацијата. Ко секоја идеја и промена кај нас се спроведува без соодветна спремност на инволвираните. Инаку имам дете 5 год кое игра шах правилно и многу сака да игра (една година го чуваше татко ми и тоа правеа по цели денови).
Супер идеја, ама не би било фер да се оценува овој предмет. Нека биде изборен и чисто од забава каде што ќе развиваат логички стратегии.
Ми се допадна идејава. Само да не им биде како некоја присилна обврска за оцена, па да им се смачи и шах и се на децата. Точно, најбитно е како ќе се реализира идејава. Зошто како идеја е убава, но кај нас како ли ќе ја спроведат ќе видиме.
Аха. Карпов и Каспаров. Лично и персонално Се' си мислам дека и ова на дело ќе биде фијаско. ... ко и се' друго во државава.
Глупости, нека земат да ги научат децата да прават презентации, да отворат и напишат ворд документ, да напишат и испратат меил, да потполнат ексел табела, а не шах да играат.
Во 6то, 7мо на информатика ова се правеше. Дури за тоа не оценуваа, да пополниш и направиш табели во ексел. Доволна си е возраста за тоа, не мора порано, што ќе им е меил и ексел во прво одделение. Доста се децата пред компјутер и телефони од мали цело време, баш треба повеќе на спорт, шах, уметност да се насочат додека се помали. Не е ништо лошо тоа.
Јас па ко негде да прочитав дека иницијатива било на таа шаховската асоцијација и ќе имале свои предавачи онаму каде ќе има иницијатива од мин ученици. Ако се класните не верувам секој наставник да ќе си сфати сериозно , бар по мое мислење.
Вишок. И за таа возраст е несоодветно.Ако веќе се воведува како опција, треба да биде достапна за тинејџери.