1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шерлок Холмс-Елементарно (Elementary)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од danichap, 19 декември 2012.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.994
    Допаѓања:
    279.277
    Модерна верзија на Шерлок Холмс која се одвива во Њу Јорк.
    ИМДБ 7.5. Сосема заслужено, би дала и повеќе.

    Англискиот актер Џони Ли Милер го глуми Шерлок Холмс, консултант на Скотланд Јард кој поради својата зависност со дрога ќе се најде во рехбилитациониот центар во Њу Јорк, каде ќе ја продолжи својата консултантска дејност после напуштање на клиниката.

    Неговиот асистент, или во случајов придружник за да остане чист, Вотсон е овој пат жена.
    Луси Лу игра улога на поранешен хирург кој од како ќе изгуби еден пациент ја губи дозволата и започнува со нова кариера. Им помага на поранешни зависници да го полесно надминат првичниот период после испаѓање од рехабилитационен центар и да останат чисти.

    Луси Лу на прва ме освои, а што се однесува до Џони...дајте му шанса.
    Типичен Шерлок, неконвенционален и необичен, па можеби ќе ви треба да се наикнете да него. Но вреди, после неколку епизоди и он целосно ме освои.
    Целосно го препорачувам.
     

    Прикачени фајлови:

    • images (2).jpg
      images (2).jpg
      Големина на фајлот:
      9,3 KB
      Прегледи:
      442
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      4,9 KB
      Прегледи:
      442
    На d.Darla, littleflower, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    ДаницаЧап, ме зарази :D

    Кога те прочитав вчера одма спуштив 10те епизоди и сношти стигнав до 7-ма (сабалево т.е.) :D

    Серијава е лудница, заразна е премал збор. Динамична, интелегентна, доза мистерија, малку повеќе ароганција а најмногу континуитет. Џони е бонбона, баш му легнала улогава. Jaс го знам од Трејнспотинг и воопшто не можев да го замислам како Шерлок. Ама изненади ептен, мислам дека човеков и сам се има изненадено од својот дијапазон на способности :D Тетоважите и акцентот му се плус. Луси не ја обожавам баш, многу ми е монотона, ама па ликот и е мн добро разработен.

    Прочитав дека американците ја добиле идејата од британците, од ланскиот „модерен“ Шерлок. И дека ветиле дека нема да имаат никакви копирајт нфриџментс. И успеале во тоа, редовно го следев (ам) и оној со Бенедикт и можам да кажам дека освен временскиот период, ништо друго не соодветствува. И другарчиња биле Џони и Бенедикт :)

    Баш ме интересира како ќе се развива серијата, дали Вотсон го ставиле женско за да развијат некоја потенцијална љубовна приказна (иако воопшто не ми одговараат двајцава како пар и плус ирене) или пак за да се долови поразлична перспектива на карактерот на Шерлок...

    Во секој случај, топло ја препорачувам серијава.
    Благодариме ДаницаЧап :)
     
    На d.Darla и danichap им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    И јас вчера побрзав да ја симнам :$ другиве се на распуст, па добро ќе ми дојде некоја нова да пополнам простор. Ама немав можност многу да видам, гости имав цела вечер |( . Ја гледав само првата епизода и ми привлече внимание. Сакам детективски приказни, загатки, разоткривања. Малце ми имаше предвидливи моменти во дијалозите Холмс-Вотсон, не ме изненади воопшто приказната на Вотсон за нејзината работа...освен ако не ја сменат во следните епизоди.
    Ми се допаѓа актерот, ме потсетува на некој веќе филмски лик :^) не сум сигурна на кој, ама дефинитивно му давам шанса. Вечер, се надевам, ќе погледнам уште некоја епизода. Штом вие две (над мене) го предлагате, мора да има нешто повеќе добро во филмов :)
     
    На danichap и Trnche им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    И зошто вака сега :| уште една епизода ми остана и после... :| давајте други серии :D
    Иначе ми текна, на некои моменти Холмс ми личи на Монк (беа тоа опсесијата со чистење). Иначе ликот е забавен. Случаите ми се искрено веќе видени, денес бар има еден куп криминални серии, тек па ако си ги гледал сите сезони и сите ЦСИ :tmi: Ама разликата е во начинот на разрешување на случајот, што е стварно забавен (којзнае може и јас ќе почнам да внимавам така на ситници :?: ) :D
    Мислам дека нема да се развие некоја љубовна врска меѓу овие двајца, а криво ми е што ја убиле Ајрин, очекував некоја феме фатал во нејзина улога. Луси Лиу е прекрасна патем
    [​IMG]
    [​IMG]
    Под сликава на тумблр напишале elementary is a show about a woman trying to take a nap but some goof keeps waking her up to make dumb faces :D
    [​IMG]
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ја ставив да се спушта. Ја даваат на AXN мислам, ама ме нервира така да чекам епизода по епизода.
    Како и да е, малку ми е сумњиво за Џони Ли Милер, го гледав во Илај Стоун, некако ми е мекичок за ваква улога. Мене ми е многу симпатичен и харизматичен, ама не ми е некако остар. Башка и кога сум го гледала Бенедикт, кој ми е совршенство за улогата на Шерлок. А и Вотон Луси Лиу...
    Сепак, нешто поинакво ми е, па ќе и дадам шанса. :)
     
  6. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Не знам дали некој од вас се` уште ја прати серијава, ама јас сношти ја изгледав 22 епизода, денес треба да има торент веќе за 23 и останува уште 24 од оваа сезона. И луѓенца...............
    Останав без зборови, се`, се`, ама ваков расплет/заплет не очекував, ќе се расплачев коа му ја видов фацичката на Џони....

    Не ви кажувам што како во случај некој да нема гледано, ќе си видите, едноставно само морав со некој да споделам колку ме опседна и изненади епизодава сношти :D

    Доколку некој прати, што сега? :D

    Се надевам дека не сум единствениот фрик навлечен на серијава :rofl:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    ^ Јас не ја гледав мн ми се спиеше...ама ја видов фацичката :D Пуста радозналост, мислев дека е задња епизода, битно ја видов битната особа. Денес мислам излегува последната, двете вечер ќе ги гледам :)
     
  8. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    И ти како мене, пуста љубопитност, и јас мислев дека е крај. Сеа гледам дека има као 24, ама за 23 и 24 датумот е 16 мај, значи сношти излегле. Дека финале, ваљда дупла епизода, што и да е, се надевам дека ќе дадат наеднаш, а не на делови, не можам, не за друго :D

    Ајде ќе гледаме вечер па утре ќе плачеме :rofl:

    Редактирам, две во едно, сеа најдов торент, ако те/ве интересира во спојлер.
    http://www.torrentfrancais.com/torrent/elementary-saison-1-episode-23-episode-24/10892231/

    Дека е на француски, кликнете на она телешарже ле торент :rofl: и одма се спушта, има доста сидери и личери.
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Има и на кикес торентс, kat.ph, само морам прво вампирине да видам што направија :D Густа недела, сите сезони на серии завршуваат...што ќе се праи летово :^)

    Фиги, само една е до сега комплетна излезена.
     
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    ^^^колку сезони има?
    пошто јас сакам да се бар повеќе од 3 за да почнам да го гледам :)
     
  11. G.G

    G.G Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    ^
    Вчера заврши прва сезона.Од септември продолжуваат со 2ра,а колку точно сезони ќе бидат не се знае.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Абе :D јавете се за финалево :rofl: Мориарти е крив што не влеговме во ЕУ :rofl:
    српрајз беше епизодава, освен делот со денарот, го згрешиле :D Некако, дали дека на недела две по епизода ми иде, се си мислам бавно се одвиваше и во 2 епизоди го убрзаа. Џони Ли Милер е супер, ама сценаристите тапкаат во место, навистина нема некои воодушевувачки загатки и заклучоци како за еден Шерлок, ама коа ќе видиш како се вика серијава :) валјда почнуваме од основата.
    Знаев дека Ајрин е од кај лошите :D не очекував дека и самата е Мориарти, а можеби и не е...можеби во сл. сезона ќе испадне дека лажела за да го прикрие. Се може да се случи.
    Иначе овој Басера (барем презимиња да истражиле во МК) на Грк ми личеше. И Јордан бе, Јордан :rofl:
    И дали тоа прв пат имаме плавуша Ајрин? :^)
    И така...ние не влеговме во ЕУ, Ајрин не се збогати од денарот, Гркот се самоуби...што не очекува следна сезона :?:
     
    На Hipster, Trnche и danichap им се допаѓа ова.
  13. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    ^ Потполно исто, Ајрин плавуша нјет. Првпат ќе да е. Делот со Македонија беше тотална утка, требало нешто покреативно, поточно и поверојатно да смислат :D

    Се` на се`, добра забава ако ништо друго, едвај дочекав да ја догледам, ќе гледам и следна ваљда (ако не ме удри бас евентуално :D ), ми мириса дека Шерлок ќе го спојат со Вотсон ама после 6-7 сезони, како со Боунс (Коски) серијата што ја влечеа..ако истераат толку.

    Заклучок - интересно, ама ББЦ го имаат приматот. Толку од мене сега засега :*
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.994
    Допаѓања:
    279.277
    И јас ги изгледав
    Се на се задоволна сум од серијава, успева да ми го задржи вниманието а еве според крајов на првава сезона дури и да ме изненади.
    Шерлок конечно успеа да се развие во моите очи како оној препознатлив типичен екцентрик кој е препознатлив за неговиот лик. Имав кажано дека на почетокот ми беше малку невообичаен но ја оправда довербата.
    Вотсон треба малку да и го размрдаат љубовниот, или барем сексуалниот живот :tmi:
    Сваќам со Шерлок окупирана беше, нова професија...ама треба да се оди на некст левел и да вмешаат некое убаво човече во следната сезона па да плакнеме очи а и да гледаме некоја сплетка и финта помеѓу неа, нејзината врска и евентуалното прифаќање/неприфаќање на истата од страна на Шерлок.
    За него не верувам некоја нова голема љубов да дојде во следно, но во секој случај интелектуалниот предизвик кој евентуално би го пружила Мориати во наредната сезона би бил подеднакво стимулирачки.
    Него си го замислувам како Др. Хаус, чат пат да си плати за некоја услуга од професионално лице :D , но не и нова врска на повидок.
    За со Вотсон, верувам дека доколку тераат повеќе сезони....можда би испробале и таа комбинација.
    Малку повеќе да се дознае и за нивните семејства, посебно за она на Холмс и фамозниот му татко истотака ме интересира.
    Можеби избрзаа со Мориати, можеби не.
    У секој случај добро што не влечат сто години како со Ред Џон на пример како кај Менталист.

    Тука знаеме кој се крие позади Мориати ликот(или веруваме дека знаеме доколку не ни приредат изненадуавње во иднина) и приказната продолжува со поинаков интензитет и друга насока.

    Ќе си го гледам и наредна сезона. Добар е за тепање време и ме релаксира.
     
    На Trnche и kravce им се допаѓа ова.
  15. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Јас пак во еден момент помислив дека самиот „фамозен“ мистериозен татко на Шерлок е Мориарти, дека го немаат покажано, нели Мориарти го откажал убивањето на Шерлок и сл. Се` некако натаму ме влечеше...ама ајде ќе видиме што ќе се случува. Интересно во секој случај. :)
    П.С. Ми се јавува сеа сестра ми да ми каже дека пред малку на некоја наша ТВ станица дале прилог како во позната американска серија се спомнува Македонија, Александар Македонски и денарот, прашањето со името, као абе ти за ова ли врескаше сношти дома :rofl: Е не можам да верувам значи. :rofl:
     
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Абе не го спомнаа Ацета :^) :D Иначе да, на повеќе портали има веќе пишано :)
    Иначе се слагам со Даничап за љубовните врски и на Ватсон и на Шерлок. Не би ги можела заедно, овој дури и чуден ми беше во кревет со Ајрин :D
     
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.994
    Допаѓања:
    279.277
    Леле и мене таму ми имаше отидено паметот, дека татко му е Мориати. :tmi: :o
    Едноставно да го става на тренинг и тестирање Шерлок.
     
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Абе ги покажаа овие двајца у кревет, јас сум ја пропуштила таа сцена :o ? Или она само си визуелизираш :rofl:
    Шала мала. :D
     
    На danichap и kravce им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    :D Не бе, не ми иде Шерлок така да го замислувам, чудно ми е :D ама имаше една сцена кај што лежеа во кревет, кога и ги броеше бемките на грбот :)
     
  20. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    ^ Аууу, да бе стварно :rofl: Го развлековме ли ова :rofl: Не, не, ботом лајн, на секој посебно некој нека му најдат колку да има динамика, љубомора и сл...па на крај овие двајца, така некако ми мириса :rofl:

    Се баба Ванѓи кај се најдовме :D