Шминката и акните

Дискусија во 'Лице' започната од doll, 3 февруари 2010.

  1. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Од како знам за себе се шминкам! Посебно задоволство ми причинува шминкањето, ми ја зголемува самодовребата и слични работи. Меѓутоа никогаш не можам за себе да речам дека сум имала беспрекорно лице. Тенот ми е океј, задоволна сум, меѓутоа на едниот образ имам мали ситни подкожни дамки, кои толку многу ме нервираат, додуша само со еден тенок слој на пудра успевам да ги прекријам но сепак многу ме нервираат! :x Не планирам да користам козметички препарати зошто поодамна ги користев и не се нешто којзнае колку ефикасни. :? Брат ми ми кажа дека тоа излегува од секојдневно користење на шминка, но јас сметам дека не е така бидејќи денес на пазарот постојат лесни течни пудри кои не ги затвораат порите и се богати со витамин Е што ја потхранува кожата. Освен тоа знам девојки кои се шминкаат, а сепак имаат чисто лице. Мое лично мислење е дека тоа е резултат на хормоните. На пример кај едно машко кога да видиме акни, дали и нему му излегуваат од шминкање?? :lol: Сметам дека шминката има улога во појавувањето на акните само доколку не се отстрани пред спиење, па ме интересира ваше мислње? Поздрав.
     
  2. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Па дамките на лицето се уствари флеки од акни,сами по себе бавно поминуваат.Ако ти се флеки пробај со некој крем што содрзи магдонос,знам дека магдоносот е ефикасен за флеки.А инаку шминката колку и да е лесна сепак ги покрива порите,затоа навечер чисти го лицето со тоник или млеко и остави го да дише
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нема врска тоа какво ти е лицето,ја имав чисто лице,стакло,почисто амин.Но дојде време,сега какво со ми е,имам бубулици не многу две три,па нормално ги прикривам,но сепак претпоставувам имаат врска и хормоните.И обавезно чистење на лицето навечер пред легнување,и ке биде добро и да не се шминка лицето мноу,мислам ако не одиш некаде,а дома кога си,зошто да го замараш,остави нека диши кожата малку.
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    4.517
    Пол:
    Женски
    на акни не се препорачува пудра и ред други работи бидејќи не дозволуваат на порите да се исушат а со тоа само ќе си направите да ви излезат уште повеќе акни и црвенило по лицето
     
  5. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    21
    Шминкај се без проблем,само обавезно значи пред спиење со лосион исчисти го лицето , пробај со chloramphenicol ако не згрешив во името го има во аптеки многу добро ја чисти кожата посебно ако имаш мрсна кожа со акни.Или пак со млеко или знам дека и многу помага ракија.И кога си дома исчисти си го лицето нема потреба да дремеш со пудра и такви ствари остави го нека дише
     
  6. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.517
    Допаѓања:
    8.192
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека шминката е иницијатор на акни но сепак треба да се чисти и мие лицето редовно и се ќе биде океј :)
     
  7. Desapointed

    Desapointed Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    6
    Ако знае некој да ми каже каква шминка т.е. пудра треба да се користи доколку имаме акни???
     
  8. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    103
    Најдобро е да се користи некоја полесна пудра, пудра во прав или пак коректор. Јас имам проблематична и мрсна кожа и за таква кожа и си побарав пудра. Ми ја препорачаа Мах factor lasting performans и ОК е прикрива и не е тешка... Многу е важно пудрата да не ти стои долго на лице, да не користиш пречесто и задолжително да правиш пилинг на лицето. И не штеди пари барем на пудра најважна е кожата ;)
     
  9. carpediem

    carpediem Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Би ве замолила ако некоја била на некој од третманите што ги нудат дермамедика и др.Анчевски за чистење на лице од акни и лузни од акни,
    сериозно сум заинтересирана да пробам...
    благодарам
     
  10. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Да, шминката има големо влијание врз појавата на акни, но кога веќе ги имаш, НЕ МОЖЕ А ДА НЕ СТАВАШ ШМИНКА! Едноставно се чувствувам неудобно, неубаво, црвено...а толку сакам да не ставам пудра...
     
  11. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Секогаш користам пудра и давам големи пари за неа! :@
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се шминкам да, ама сега поретко
    и не користам пудра, и знае да ми се појави по некое мозолче но тука е лосионот Јанг дерм кој и те како ми помага :)
     
  13. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.046
    Било која шминка по години користење го оштетува лицето. Нема пудра што не затвора пори, колку и да рекламираат така. Кафе и цигари лошо влијаат, лоша исхрана, дремење пред пц (е тука ни ја не сум цвечка за мирисање) - и те како лошо влијае, мускулите околу очите "работат" сето време додека се зјапа во монитор и после се уморни и темни кругови од каде...

    Козметичар (уште поубаво дерматолог) што не стиска со одбивање од земја |( , препарати што тој ќе ги препорача, редовно чистење со истите, вода многу и долг сон + рибино масло - убава кожа. Бар кај мене. Имав во пубертетот проблематична кожа и акни (Т зона), а многу чисти образи.
    Обожавам шминка, но ставам малку. Чиста фаца имам, знае да се избаци по некоја бубуљица чат пат (хормони, циклус) и ја покривам со пудра иако не треба, но не можам да ја гледам. :swear:

    Дури и познативе шо ги глеаме по слики немаат перфектна кожа, и покрај најскапите креми. Би имале близу таква, доколку не ставаат шминка во килограми за спотови, емисии, фотосесии. Не е ништо ова дома пудра и маскара што ќе ставиш, професионалната шминка за на камера... Само подлогата е у сто слоја.

    Па и на Викторијас Сикрет си кажаа манекенките дека само на телото 20 слоја шминка имаат. Затоа не се трескам од земја колку и да гледам совршени луѓе на слики, знам дека има "обични" жени што изгледаат поубаво и здраво без шминкерај. :)
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Додека не почнав да ставам пудра секојдневно, имав многу чисто лице. Веќе не е така, си имам проблеми со акни и црнки, не премногу но сепак ми се појавуваат од време на време и не е исто како порано. Многу ми е мака кога ќе се сетам колку чисто лице имав. Секоја шминка влијае негативно на кожата, но тоа е веќе нема назад.
     
  15. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Шминката штети на лицето :worried: Пудрата ги затвора порите и ми се појавуваат по неколку акни. Ама преку неделата исчезнуваат :) Се шминкам само за викенд, а преку недела не. За на училиште ме мрзи или па користам само маскара
     
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво драга дол, еве ако можам да си кажам што мислам и јас. Точно е дека акните се појавуваат пред се како резултат на исхрана, хормони, начин наживот и надворепни услови (загаденост итн), меѓутоа верувај ми шминката има огромна важност тука. Еве зошто, поголемиот број на препарати за лице вклучувајки креми, пудри, серуми и др. во својот состав содржат силикони и нафтени деривати кои ја запушуваат кожата. Па дури и таканаречените лесни пудри го имаат тој ефект доколку во нивниот состав се наоѓаат овие штетни состојки. Целта на нафтените детивати а особено силиконите (со кои се богати скоро сите пудри, сенки, кармини, маскари) создаваат еден вид на филм на кожата, како маска, поради кој таа не може да дише и да разменува вода со надворешната средина, а тоа доведува до зголемена влага која е идеална за создавање на голем број на бактерии и инфекции кои потоа водат до акни на лицето, бубуљици и потешки проблеми. Значи доколку една девојка има акни и нормално користи пудра за да ги сокрие, силиконите во пудрата ќе ти дадат лажен мазен ефект и девојката ќе мисли дека се е супер. Кога ќе ја отстрани проблемот е сеуште тука а со редовна употреба и се зголемува. Така да девојката ќе биде приморана да стави дупла доза од пудрата, па тродупла и така станува зависна од тој производ, незнаејќи дека истиот е прилината за проблемите на кожата. Козметичките компании (секако не сите, за среќа) ги користат силиконите затоа што се ефтини и со малку пари прават производ кој потоа скапо ни го продаваат. Џабе им е ако стават и дијаманти во пудрата доколку на првите позиции се наоѓаат парафинум лквидум, или диметиконе или чиклопентаксилоксане кои се едни од најчесто употребуваните штетни состојки. Е сега, џабе е ако некоја девојка се грижи за кожата, ја негува со најдобри природни препарати и домашни маски ако потоа ја запуши со вештачка пудра полна со силикони. За среќа на пазарот се продаваат и природни пудри, органски кои во својот состав содржат масла кои ја негуваат кожата, витамин Е, етерични масла и слично. Контролирајте ја секогаш декларацијата на производите, колку една состојка се наоѓа повисоко на листата *односно на првите 4 места), толку нејзиното присуство е позастапено во самиот производ. Ако ти купиш пудра и веднаш по водата (аква) стои диметиконе, таа пудра е на база на силикони и не е воопшто добра, или пак ако пишува парафинум ликвидум значи дека е на база на течен парафин кој е нафтен дериват и е еден од најштетните за кожата. Исто и со сенките и останатата козметика. Како што реков има и природна козметика како шминките на алверде (во ДМ), потоа шминките на лавера (во Космо), значи избор има, само треба да ја рашириме вистинската информација за сигирноста на производите кои ги користиме.
    Се надевам ти помогнав. Веќе многупати ги имам ставено овие линкови од мојот блог, ама верувај ми ќе ги ставам уште милион пати се додека не ја проширам вистинската информација.
    http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_35.html
    http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_4.html
    http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_12.html
    http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_97.html
    Наскоро ќе пошнам со рецензии на добри пудри и шминки со слики и начин на нанесување, така да се надевам дека ќе ви биде мило да видите каков ефект може да се постигне и со органската козметика. Поздрав

    п.с. од огромна важност како што рекоа и некои е вадењето на шминката пред спиење и доброто чистење на лицето. Од пудри постојат и во прав и течни, според мене течните се подобри за оние со посува кожа или нормална, додека за девојките со масна постојат минерални пудри кои го прекриваат сјајот. (секако чисти без штетни состојки).
     
    Последна измена: 9 април 2015
    На s.T.e.F.i му/ѝ се допаѓа ова.