1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шминка за на училиште, факултет, работа

Дискусија во 'Лице' започната од stefi556, 11 октомври 2012.

  1. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Како се шминкате за на училиште/факултет/ работа? :)
    Јас ставам само маскара и сјај за усни. :)
    Побарав, немаше ваква тема, ако не сум видела дека има избришете ја.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Зависи од времето со кое располагам, а богами и расположението. :)
    Секогаш преферирам поприроден и ненападен изглед, бидејќи сепак се работи за образовна институација (студент сум), а не корзо.
    Обавезно ставам пудра, руменило и маскара. Ретко ставам некое моливче или туш на очите, а сенка во никој случај. Изгледа неприкладно, а јас и не ги сакам многу сенките - ставам поретко и само за вечерни излегувања. Ставам и карминче во некоја така да кажам поприродна, бледорозева или крем/nude нијанса, ама најчесто лабелото ми врши работа и секогаш си имам едно-две во чанта. :lol:
    Како и да е, во никој случај не можам да се откажам од првите три кои ги наведов; сакам секогаш да бидам средена, мислам дека тоа ми е и најголема мана. :wasntme:
     
  3. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Минимално се шминкам.
    Додека бев средно знаев и без грам шминка да отидам понекогаш,тоа често се случуваше прва смена :$
    А во глобала ставав маскара и малку моливче или само маскара и лабело.
    Сега како студент,со некои мали додатоци. Покрај маскарата,карминче со нежна боја,руменило малце и коректор. А пудра не ставам на мене,освен на некои посебни евенти (мислам на вечерни излегувања) :).
     
  4. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Исто маскара , сјај за усни понекогаш туш .Во ретки случаеви
     
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Јас ништо не ставам.Само еднаш ми се има случено да ставам маскара. :)
     
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Додека бев средношколка не ставав ништо за на училиште, на факултет секогаш имав пудра, руменило и маскара. Кога почнав да одам на работа почнав и да користам и сенки за очи, но секогаш во некоја нежна нијанса,и задолжително туш на очите.
     
  7. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Во средно ништо не ставав,апсолутно ништо.
    А на факултет-зависи ако не ме мрзи ставам маскара само.
    Неможам у 7 сабајле да се замарам со шминкање. :)
     
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Во однос на шминката било да е тоа за на училиште или за некое друго место (исклучувајќи ги во мојов случај факултетот и работата), имам тенденција кон минимализмот. Што помалце впечатлива шминка - толку подобро. Сепак, малце не делува убаво да дојдеш во школо пример со апла арапска шминка од еден крај на окото до другиот.

    Јас веќе рутински при секое мое излегување од дома(еве конкретно за во школо) ставам коректор околу подочњаци и чат - пат низ лицето да прекријам нешто ако има за криење (пудра не користам, поради специфичноста на лицево ми мое), nude боја на кармин и моливче за устата, ставам и сосем малку бел хајлајтер(некогаш и бело моливче - се постигнува истиот ефект) во пределот кај почетокот на очите и повлекувам тенка линија со туш за очи. И за крај изгледот го финиширам со мала, но сепак доволна доза на римел. Не сакам кога некои упорно трупаат римел на трепките мислејќи дека со тоа постигнуваат ефект на поволуменозни и поголеми трепки, они уствари постигнуваат еден контра ефект - состоен од залепување на трепките меѓу себе. А исто така, еве во последно време знам и сјај за уста да ставам, иако не настојувам на тоа постојано затоа што така побрзо ми ,,бледнее'' бојата од моливчето и карминот.
     
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Пудра со лесна текстура,хајлајтер на внатрешниот агол на очите,малку маскара,руменило кога како во некоја праска/корална боја,без седефасти ефекти или други светлечки реклами.На усните обавезно корални нијанси кармин.За вечерно излегување плус сенки и туш и појако руменило.
     
  10. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    Во принцип не се шминкам многу али без пудра, перли и лабело или карминче не излегувам од дома :)
    За на работа ставам пудра во мала количина (за да го изедначам тенот и за да прекријам некоја флека или акна), перли и кармин. Римел не ставам, мнооогу ретко.
    Мојата шминка е од ист состав и за навечер само нормално во малку поголема количина. Сенки јок. Никогаш не сум користела а баш фино ми изгледа на туѓо око :clap:
     
  11. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Пред некое време за школо почесто се шминкав онака само римел креон и пудра ама сега не си ставам ни пудра ни ништо само понекогаш пудра и мислам почисто ми е лицето од тогаш уште сега ако се мачкам разни хемикалии за 3-4 год ке станам како баба :D
     
  12. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.516
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    За на факултет пудра, маскара, туш и руменило. И лабелце.
     
  13. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Порано повеќе обрнував внимание, ставав коректори, пудри, сјаеви, римели, креони.. |(
    Сега само камена пудра и римела. Друго ништо.
     
  14. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Стандард: пудра, маскара, лабело и/или нежен кармин. :)
     
  15. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    На почетокот од средно практикував пудра,римел,лабело/сјај.. ама сега нишхто.. за на училиште мислам дека нема потреба од шминка. ;)
     
  16. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Сакам да сум си средена.. Обавезно си ставам пудра, маскара и лабело. А и многу ме нервира една колешка што никогаш не дошла на факултет, а да не изгледа како последниот Мохиканец, ама знае да упатува остри коментари кон нас "зацементираните" во фаците. Се прашувам зошто нема мерак да се придотера/поднашминка малце? Некои луѓе упорно глумат природна лепота, а се премногу грди за да го одиграат тоа.
     
    На sweet-star, crimson и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  17. KittyT

    KittyT Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    112
    За на факултет само крем и маскара, понекогаш малце пудра доколку имам некое црвено бубуљиче на лицето, ама само во тој предел и лабело.
     
  18. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Не се шминкам за на училиште мислам дека не доликува.Има и девојчиња што на моја возраст идат на школо како за на модна писта.Во зимно време само ставам лабело :)
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Во средно воопшто не ставав шминка зошто сум претежно за натурал лук, можда еднаш имав појдено и тоа само со моливче, а во основно крајот на осмо, кога почнав да се шминкам неколку пати пудра ставав(знаете тинејџерски маки, мозолки ова-она и мислев дека ги кријам со пудрата). :tmi:
    За на факултет ставам пудра и римел и нежен кармин или лабело, а ми се случува од сабајле и без ништо да појдам, ама ќе гледам барем пудра и римел да ставам зошто сепак е установа на повисоко ниво, па и да појдеш несреден не оди. Туш не се научив да ставам, а баш убаво ми стои и многу убаво ми изгледа кога некоја е нашминкана со тенка линија, ептен му дава финиширан изглед на окото. :wasntme:
     
  20. MarcheloGirl

    MarcheloGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    13
    за на факултет пудра, маскара, креон и лабело .. и тоа сега.. претходните години само пудра и лабело :)