Па девојки, тука ќе ги споделуваме нашите тинејџ мејкап производи и ќе ги споделуваме искуствата со истите. А исто така и совети од повозрасните феминки Барав ваква тема, но не можев да најдам. Ако ја има слободно во канта.
Има тинејџери и од 13 и од 19 години Јас ќе коментирам за оние првите Главна грешка што тинејџерите ја прават со шминката е што забушаваат кога треба да ја вадат. Барем моја забелешка е тоа. Штетна е за лицето, незнам од колку природни состајки да е, во секој случај е некоја хемикалија која не може "убаво" да влијае на лицето. Она после, утре, покасно, еј ме мрзи може да ви направи последици понатака. Втора грешка, на почетокот повеќето експериментираат со сенките додека фатат конци како иде, што иде. Ма интересно е дур се шлакаш Барем јас така се зезнав Имав портокалова сенка... леле луѓе неможам да ви објаснам колку си ја сакав Можете да замислите каков фрик бев. И си ја носев во школо комотно! Добро не беше толку нападно колку што изгледа вака ама пак - портокалова бе... Мој совет користете си вие козметика, прво ако навистина мислите дека ви треба, а не затоа што другите се шминкаат. Особено мислам на пудри, коректори и сл. Има широка палета на тинејџерски производи. Немојте одма да се затрчувате на макс фактор, менхетан и слична тешка козметика. Да совршено покриваат, ама па никој не е совршен со 7мо одделение. Избегнувајте ја и онаа пазарџиска козметика особено на пудри или други работи за лице, зашто таа може највеќе да ви го расипе лицето. Моја препорака е young derm козметиката за лице. Особено лосионите. Од пудри мој избор е deline. И ден денес си ја користам и мислам дека е супер за младелачка кожа, а и евтина е. Уште едно креонче имајте си и тоа е се А, да, и сјај за уста обавезно! И лабелце
Незнам баш кој е најдобар римел за тинејџери,ама јас си ставам од тој на голден роуз.А и сите сјаеви ми се од голден роуз и некои од јуник. Инаку јас користам young derm лонсиони за лице и супер се,а и не се нешто скапи.
Јас вака од лично искуство можам да кажам дека од сета таа шминка моето лице стана со ситни бубуљички и некои такви точкички. Ставав на почетокот дебел слој пудра,коректор мрсен тежок за стара кожа,креон кафен и римел... После сфатив дека се тоа само ми ја уништува кожата која уште ми е млада и дека личам на кловн..Со кој памет сум се шминкала така незнам Сега пудра во никој случај,коректор скоро никогаш..ја ставам BB кремата на Garnier па roll-on-от на Garnier за подочњаци,римел и понекогаш за вечерни излегувања туш на крај на окото. Кожата ми е исчистена,не личам на мачкана со паштета и не оставам трагови со пудрата веќе
Најчесто користам маскара,сјај и др. Инаку и јас користам young derm лонсиони за лице,и задоволна сум.
Јас имам сретнато тинејџерки (15-16год) кои купуваат макс фактор ластинг перформанс пудрата и останав ваква Значи немате потреба да се мачкате со толку тешки пудри и да ставате шминка толку мнг уште сега. Ако веќе сте се решиле да користите пудра тогаш прво информирајте се која за што е . За млада кожа ви препорачувам да ја користите Time plus на Seventeen, пудрата е со пчеличен восок и е за сите типови кожа и е oil free. Или Mејбилајн или Буржуа хелти миксот тие се доста лесни пудри. И обавезно вадете ја шминката секогаш пред спиење и чистете го редовно лицето. И исто имам приметено мнг девојки за проба на руменило во продавница ги користат четките што се по штандовите ставени. Тоа ви е најголема грешка. Да знаете само кој се со какво лице става од нив ќе се згоризте, не знаете колку се полни со бактерии и од нив може комплетно да си го уништите лицето. Ако веќе сте решиле да пробате од руменилото/пудрата во прав на лице носете си од дома или со прст колку да видите. Ни случајно со тие четки!
Јас имам 13 години и само по некугаш за вечерни излегувања си ставам малку римел и креон чисто како да не сум бес ништо инаку имам сретнато многу девојчиња кој што не ја вадат шминката пред спиење но јас кога и да си ставам шминка гледам пред спиење да ја отстранам
Имам 11ипол години и не се шминкам.Но, кога би се шминкала би користела пудра СПЕЦИЈАЛНО наменета за млада кожа (во прав),потоа туш и сјај/лабело.
зависи на која возраст од 12 до 15 доколку се користи пудра (иако сметам дека нема потреба) доволно е некоја лесна за млада кожа најубави се на Young Derm и креонче или маскара а за оние над 15 години пудра некоја исто така лесна,за млада кожа и туш креонче и маскара
На мои 14 години навечер ако излезам користам многу ама многу малце пудра (и тоа би била некоја за млада кожа,како што кажавте, и ставам само на некои места каде што мислам дека треба да ставам малце), маскара и понекогаш креон,толку за очите, на устата ставам сјај или лабело и тоа е тоа.Видов во Скопје Сити Мол девојче (порано се дружевме) има 12 години , нашљапано со туш , креон и некоја си темна сенка како теткица цела,кармин некој си од времето на дедо ное, и некоја си пудра, кај бледа , па и светкава,мислиш дух беше,а и тие што беа со нејзе не беа помалку нашминкани.
И како тинечџер а и сега користам една иста пудра таа од севнтин за тинејџ кожа и не ја менувам навикната сум и совршено ми одговара ! Инаку уште од тинејџерка се шминкам прво со малку маскара, па пудра, понекогаш и туш ( се вежбав многу додека не ја доведов линијата до перфекција) дури и со сенки но не премногу нападно. Се сеќавам никогаш за во школо не се шминкав, само за излегување, па родендени, журки и сл. А и ден денес ми е смешно за во школо.. Сама си купував козметика и тоа мошне скапа се сеќавам .. Ја користев пудрата на 14, па и ден денеска, едноставно ми одговара
Јас секогаш си ставам пудра,маскара и сјајче.Пудра користев Јанг Дерм,па сеа се префрлив на Макс Фактор фејс финити,ми рекоа во парфимерија дека за секаква кожа е,за сите возрасти,и не штети.Ептен ми е супер. Сјајче од Есенс,исто само маааааалку ама ептен малце нијанса само дава,и убаво е. Маскара Голден Роуз. За навечер ако одиме во парк/на свирка,ставам црн креон на долниот дел од очите,или некогаш туш. Тоа би било