За да изгледа убаво една невеста се разбира дека е најважна позитивната енергија и венчаницата која ќе ја носи. Но што е со шминката и фризурата. Тие и наједноставната венчаница ја прават совршена и елегантна. Кој сметате дека е доволно добар за да му го препуштите надворешниот изглед? Дали е подобро да се направи се на едно место или ќе одите кај фризерот кој секогаш ви прави фризури и ќе барате познат шминкер?? Кој ве шминкаше вас или некоја ваша блиска пријателка и ви остави добар впечаток?
Јас само сакав да личам на себе, а не на порцеланска кукла, па од таа причина не сакав ни познати фризери, ниту шминкери. Ми препорачаа една девојка која прави и фризура и шминка по многу поволна цена, доаѓа дома и на лице место те подготвува, што мене лично ми одговараше. Девојката си беше многу професионална, креативна и брза, немаше двоумење кај неа што и како ќе прави, ниту пак многу, многу експериментираше. Фризурата ми беше готова за 20 минути, а имав пократка коса, до рамена некаде; за шминката беше потребно исто околу 20-тина минути, и сето тоа за пристојна цена (2000 ден.). Кој сака број од девојката, пишете ПП. Ова важи за оние што се од Скопје
Девојки дали знаете колку зема Дадар за шминка и фризура и дали е точно дека ретко кога шминка он т.е најчесто ќе те шминка ,,ученик,,наместо Дадар?
5000 ден (или 5900ден не сум 100% сигурна ) беше летово пакет за невести (шминка, фризура и нокти). Не сум слушнала дека ученици шминкаат, само за секој случај потврди дека лично Дадар сакаш да те шминка (јас така направив).
Мислам дека две-три недели пред свадбата закажав (имав закажано на друго место па во последен момент се предомислив ) ама ако си сигурна дека кај него сакаш да се шминкаш закажи си и порано, за секој случај
5999 му е пакетот. Шминка (со вештачки трепки), пробна фризура, фризура и нокти. Нема ученици..барем не за невести Јас сакам на друго место фризура да правам , а кај Дадар шминка. дали некој знае колку му е цената САМО ЗА ШМИНКА???
Дали некоја од вас се шминкала кај Лидија Перчинкова или Љупка Арсовска?? Или дај кажете некој кој е познат ама да не е Дадар или Владо Георгиев???
Претерал малце..така и си мислев ама не бев сигурна. А Даниел Николовски да не знаеш колку зима? Многу убаво шминка има слики на фб видете и пишете ако знаете
А што ќе ми кажете за Зоки Диор од Штип? Мене ми е далеку Скопје,ќе правам во Штип,само гледам на сликите става бааги јака шминка на невестите,а цената му е 3000 ден чинам. Ми спомнаа и за Контеса
Девојкиии кажете дали некој се шминкал кај Лидија Перчинкова или кај Небојша Пешевски??? Помагајте веќе е време да се одлучам
Јас за шминка се одлучив за Ека, девојката што шминкаше на Македонски Идол. Ми ја препорачаа многу луѓе, бев лани кај неа еднаш и бев презадоволна. Инаку претходно се имам шминкано 2 пати кај Дадар, но од Ека бев презадоволна и се одлучив за неа без многу мислење. Ја има и на фејсбук.
Јас размислувам дали да почнам да шминкам како некои девојки што шминкаат или дома или одат кај тој што треба да се шминка дома со куферче козметика , ме прашаа повеќемина за шминкање бидејќи најверојатно виделе на блогот како шминкам и сеуште незнам дали да почнам со нешто такво
Сакав да правам фризура кај Дадар но не слушнав баш позитивни коментари.... дали некој може да сподели искуство ?
Јас фризурата ја правев кај Фоте во Panache. Невестинските фризури му се, според ценовникот од 2500 до 4000 денари, во зависност од фризурата. Во цената инаку спаѓа и пробна фризура. Кога бев на пробната ми кажа дека цената за тоа што го сакам е 3000. Јас сакав онака лабаво дигната виткана коса. Убаво ми ја направи, но не беше толку messy како што сакав. Битно ми издржа цела вечер. Ме шминкаше Виктор. Многу сум задоволна. Еве негов фејсбук. Цената му е 1200 ден. Колку што забалежав користеше производи од mac, dior и слични. Шминката не ми мрдна цела вечер. И добив многу комплименти. И старосватицата ја шминкаше, беше прекрасна, очите никојпат не и биле толку впечатливи.
Feminki Dali ke moze da mi pomognete vo vrska so sminka.Dali poznavate nekoj koj navistina dobro sminka vo Prilep ili Kicevo?Ako znae nekoj go molam da mi ostavi brojce za da stapam vo kontakt vi blagodarammm