Не најдов ваква тема, а мислам на форумов има доста материјал за истата. https://sr.wikipedia.org/wiki/Шовинизам Линков е на српски за да може да дискутираат и тие што не знаат англиски. Лично, мислам дека шовинизмот (и машкиот и женскиот) е многу позастапен на Балканот отколку на Запад. Што мислите, на кој начин би можело да се влијае за да се искорени? Оти да се плука е лесно, прости, вакви, такви, ама шовинистите некако станале такви какви што се, што би требало да направи општеството за да се смени ова? Мое мислење, квалитетот на образованието е клучен, не што, туку како се учи. Што ако има и сексуално образование и не знам ти какво ако не е квалитетно? Во образованието ни фали дебата, да се охрабрат децата да размислуваат со своја глава, да изнесат став, а не пиши-препиши. Контактите со други култури исто така, но тоа е многу тешко во нашата земја поради финансиската состојба. Секој просечен Германец може да си дозволи 2-3 пати годишно да шета низ светот и да ги прошири видиците, а некој во Мкд, не може да мрдне ни до соседното село што се вика, па ограниченоста во размислувањето е очекувана.
Еве типичен пример за женски шовинизам, мене ми се гади од песнава. Има доста различни ставови по нет за тоа дали песнава " is empowering women" или ги третира како сексуални објекти, јас сум за второто.
Како е ова шовинизам? Шовинизам и по дефинициите од линкот на Википедија горе убаво е објаснет како мислење дека одредена група е подобра од другата, конкретно на темава чисто ради полот. Во песнава нема таква порака дека жените се над мажите. Ако сакаше тема на дискусија да е објектификација vs. empowerment имаш погрешен вовед и наслов.
Темава не ја направив конкретно за песната, после ми текна да ја ставам. Во право си, јас погрешно сум ја сфатила дефиницијата за женски шовинизам, сега прочитав, се извинувам. Како и да е сметам дека песнава ги поддржува ставовите на машките шовинисти дека жените се сексуални објекти и дека добиваат нешта за своите сексуални услуги (let me tell you how I got this ring, дел од текстот), а во позадина постојано се зборува за курви (there's some whores in this house), збор кој треба да се забрани во секој цивилизиран речник.
По се' она што се случува околу мене сум станата апсолутен шовинист низ годините. Немам почит за мажи, додека не докажат спротивно.
Статијата од Википедија ја има и на македонски инаку, ама ај Меѓу другите работи што се најзастапени на Балканот, многу ми е смешно што најлесно е да го обвиниме образованието и немањето пари за луксузи. Као онака најлесно ни е да речеме образованието не е квалитетно, нема добар кадар незнам шо... Луѓе, образованието почиња од дома. Ако дома го воспитале детето на општи социјални, општествени и културни вредности, какво сака нека е образованието. Децата ги имитираат родителите. Дајте им пример. Дека треба да има промени треба! Ама ако сака некој нешо да смени, start with your children first, и тоа домче.
А да очекуваш од родители шовинисти, да ги учат своите деца да не се такви, не е можно. Циклусот продолжува од генерација, во генерација. Образованието треба да се смени.
Знам дека ја има на македонски, ама не е комплетна. Мој впечаток е дека во посиромашните земји е поразвиен шовинизмот, прашањето е зошто (и дали, нормално)? За родителот да го учи детето на вредности, треба и самиот да ги поседува, прашањето е зошто поголемиот дел од луѓето во Македонија се шовинисти и како да се постапи во врска со тоа? Ок, ако не е образованието, тогаш што е според тебе причината?
Мислам дека еволуциски не сме спремни. И да се смени образованието, ќе треба години за да видиме разлика.
Можеби е, ама јас не почнав прва. Мене ме силуваа, мене ме викаа курва, мене ми велат дека треба да раѓам и дека 'то мие должност', мене ме довикуваат на улица, мене ми велеле дека женско не треба да се образова. Две опции имав: Да се потчинам, или да ја кренам главата и да се почитувам себе си и да не ги слушам туѓите глупости Одлучив за второто. Сега од старт тргнувам со мисла дека некој е шовинист и во 'самоодбрана' сум on guard. ... се разбира, има исклучителни примероци на мажи кои ми докажале дека не се сите такви, ама сеуште се малцинство.. Промена во образовниот систем секако ќе ја подобри ситуацијата Само што за да ги видиме резултатите, ќе треба да поминат години, додека не излезат тие деца од клупите. Тој дел што го напиша за интерактивна настава и систем на дебатирање е клучен. Не можеш да ги научиш на ништо луѓето, ако само ги трупаш со податоци, имиња и бројки
Ах, да беше така... ама не е... имам заприметено дека голем дел од жените не ни препознаваат секогаш шовинизам.
Епа има доста ќерки на шовинисти кои се научени дека таквиот третман на жените е нормален, и уште пострашно, самите користат зборови како 'курва', го користат сексот за манипулирање и сл. Доста тешко е да се мрдне од тој маѓепсан круг.
Абе не ни знаат... Вицови на пример и шеги шовинистички колку се 'вртат'. Се смеат ко зелени, на виц што те потценува како жена... Веруваат во религии во кои не се практикува родова еднаквост. Шовинизмот е насекаде околу нас... суптилен, вкоренет, дел од 'културата' и 'традицијата'. Меѓу другото, затоа и не почитувам воопшто конзервативни политики. Политики кои по автоматизам ме ставаат во подредена положба.
Хм, ама и либералните политики се дискутабилни, баш ме интересира твојот став за песната на Cardi B-"WAP", ептен жешка тема беше по медиумите за тоа дали ги деградира жените или е empowering. Мој став е дека ги деградира, ако имаш време прочитај го текстот.
Добра идеја... само ќе го прочитам текстот ... пошто ја пуштив и ме изнервира то шо слушнав. Не сакам вулгарности.. Чеј да видам шо дрдорела.. *Едит: Не ми е импауринг делот шо вика 'за пари' Ама од друга страна, имам почит за жени кои зборуваат дрско како мажи. Тој дел.. го сметам за емпауринг. На страна тоа што сеуште е премногу вулгарно за мој вкус.
Еве два тотално различни ставови за тоа што промовира песнава. Јас не можам да сфатам како може да биде empowering кога во текстот има дека би имала секс само некој богат, делот со 'let me tell you how I got this ring' и во позадина оди 'there's some whores in this house'.
Да де... тоа со парите не е импауринг, импауринг е дрскоста да се биде 'безобразен' како маж. Ваков вокабулар е типичен за машката популација, не за женската. Еднаквоста е во тоа... или сите-или никој