Шолји за кафе и чај

Дискусија во 'Дом' започната од Mishela, 6 ноември 2021.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.861
    Допаѓања:
    81.104
    Пол:
    Женски
    Еве тема за сите обожаватели на шолји за кафе, чај и сите други топли пијалоци. :coffee:

    Отсекогаш сум била манијак за убави шолји за кафе. Ептен ми е убаво кога наутро си правам кафе, си одбирам некоја убава шолја (се бира шолја строго во зависност од моменталното расположение :D ) и го пијам со мерак така.

    Истото важи и за чај, какао и сè друго. :D

    Денес си купив нови шолји за еспресо и по не знам кој пат си кажав - епа толку веќе, овие се последни што ќе ги купиме, готово.

    И тоа трае отприлика до следните кои ќе ми фатат око и сè така. Ама навистина многу ми прават мерак убави шолји за кафе. Во секунда ми се крева расположение кога си пијам кафе од омилената шолја. :D

    Често купувам и ни се насобраа доста низ годините. Само штета што зафаќаат премногу место, па се трудам да се контролирам во последно време и секогаш кога некаде ќе видам интересни шолји си се потсеќам дека не ми требаат. :worried:

    Пишете што ви е битно кога бирате шолји за кафе, имате ли омилени дуќани за вакви работи и практично сè друго што ќе ви падне на памет поврзано со шолји.

    Може слободно да се споделуваат и фотографии од вашите омилени шолји, нека биде забавна темава.
     
    На ane.bella, Ugly Duckling, Love 83 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Преубава тема. (y)
    Обожавам убави чаши. :inlove:
    Најчесто во Џамбо, Базаро си купувам. Евтини се, а и има убави и интересни чаши доста. Па, битно ми е да ми се свиѓаат и да немам таква слична чаша дома, да е нешто поразлична. Плус и мене дома доста ми се собраа, немам више кај да ги чувам, па ептен бирам ако купам некоја чаша сега да е стварно толку добра што не можам да одолеам да не ја купам. :lol:
     
    На Ketchup, Amelia, sunshinebabe и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.861
    Допаѓања:
    81.104
    Пол:
    Женски
    И јас најчесто купував од Џамбо. Имаше еден период кога стагнираа со носење нови шолји, па сите други ми беа некако слични на тие што ги имав, па почнав и онака да купувам кај најдам. Малите онлајн продавници за вакви работи за по дома ми се ептен релакс на умот.

    Потоа почнаа да ме нервираат шолји со подебели рабови, па почнав да барам потенки.

    Во Ла Сој има прекрасни шолји. Тие што одат по две во пар се прекрасни. Штета што се малку поскапи, но кога ќе размислам и подобро така, инаку досега плакарот со шолји во кујна ќе беше накрцан со нив. :D
    Колекцијата со дела на познати уметници ми е врв и ептен ми се убави и за гледање и за пиење. :)
     
    На f.girl, KittyAgnes, Ketchup и 8 други им се допаѓа ова.
  4. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам шолји за кафе :inlove: Имам околу 10тина кои ги менувам во зависност од расположението, годишните времиња, корицата на книгата што ја читам, моменталната декорација итн итн :D
    Само сакам да си најдам/направам убав држач, сега не ми се прегледни. Имате ли некој предлог за убави држачи?
     
    На Dream-Girl, sunshinebabe и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    323.224
    Пол:
    Женски
    Мојот фетиш :D Имам над 40 различни филџани ,во секакви бои и дезени,големини.Новогодишните ми се омилени.Џамбо,Homax,Tinoski,Floris,Makedonska kniga,Coin casa..од секаде имам.Ако сакаш да ме напраиш среќна купи ми филџан :D
     
    На Ugly Duckling, KittyAgnes, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    11.662
    Пол:
    Женски
    Купував и сега баталив оти само една иста чаша влечкам по мене која не е нешто посебно, но ете. Ми лежи некако, што и да пијам ми е таман.
     
  7. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    9.183
    Пол:
    Женски
    Лелееее темава:inlove:
    Јас сум опседната со шолји, да можам секој ден во различна би пиела кафе.
    Купувам во Базаро, Џамбо, а често нарачувам и од инстаграм. Во Comodita Home има доста убави ама скапи се и немам купено од таму.

    Овие ги обожавам, ама гледам да не го отворам често профилов затоа што не можам да одолеам да не нарачам.

    https://instagram.com/zentangled_mind?utm_medium=copy_link
     
    На f.girl, sunshinebabe, Cherry blossom89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    3.507
    Пол:
    Женски
    Дали знаете како се движат цените за чаши во Џамбо? И дали има со интересни дизајнови?
     
  9. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    20.922
    Пол:
    Женски
    Купувам од Џамбо, Минисо, Базаро. Сега за Халовин се разочарав во Џамбо, немаше ниедна интересна. А што е најтрагично, буквално за украс ми стојат чашите, не пијам ништо во нив :D. Али пусти мерак.
     
    На cresa-jagoda, Dream-Girl, Amelia и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    Припаѓам во клубот :lol:. Дома ги имам премногу и немам веќе место кај да ги редам, па постарите ги користам како саксии :D.
     
    На cresa-jagoda, Dream-Girl, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    23.895
    Обожавам шољи, нонстоп купувам ако ми фати око некоја. Не сакам сетови, баш спротивно, убавината е во уникатноста на таа една шоља. Одамна размислувам дека сакам да научам грнчарство, да си правам мои шољи (и садови), да си ги дизајнирам. Најмногу ми се допаѓаат со рустикален изглед, не сакам многу шарени. Нешто во овој стил:

    Tumblr_l_1009862984332891.jpg Tumblr_l_1010169314362462.jpg Tumblr_l_1010393728250397.jpg Tumblr_l_1010412307501171.jpg Tumblr_l_1010419183516221.jpg Tumblr_l_1010445608734075.jpg Tumblr_l_1010452154176313.jpg Tumblr_l_1010477386034220.jpg
     
    На GirlVolley, Bebce1, *Лаванда* и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    9.183
    Пол:
    Женски
    И јас сум ко тебе, не сакам сетови ич. Сакам секоја шолја да ми е уникатна и различна од другите.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    11.660
    Пол:
    Машки
    Не сум некој колекционер на шолји, имам неколку од Џамбо и Базаро. Неостварена желба ми е да имам старински(vintage) шолји со широк отвор нешто налик на овие:

    images.jpg download (1).jpg images (1).jpg images (2).jpg download (2).jpg
     
    На NoirSerpentine, f.girl, calm-girl и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.861
    Допаѓања:
    81.104
    Пол:
    Женски
    Имам само еден сет од шест шолји, одговараат за секакво кафе. Маж ми запна - морало да имаме такви за кога ќе ни дошле гости. :D(facepalm)
    Мене тотално ми беше сеедно во какви шолји правам кафе, а па и едни гости кај нас...повеќе од две немам употребено. :D
    Намерно ги одбрав обични стаклени, сакав такви да си имам и големината ми е супер.

    Најголемиот дел шолји и мене ми се единечни, ама ми остана навика да бирам по две слични. Баш неодамна купив преубави сетови со по две шолјички, едни за турско и други малецки за еспресо. Периодов стално нив ги користам, уште не ми пројде мерак дека нови. :D

    И памтам пред неколку години сите маркети ги превртев за да најдам од оние култните црвени Нескафе шолји. Ко за беља немаше, или беа некои со безвеза мотиви од некое Светско првенство или што и да беше тоа тогаш, па со месеци ми траеше голготата. Кога конечно начекав од најобичните, тоа беше славје. Да биде иронијата поголема, турско си пијам во неа, ич не ми е убава за Нескафе. :D
     
    На Ketchup, cresa-jagoda и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.508
    Допаѓања:
    175.847
    Ова е одлична идеја(y):D, ама кое цвеќе го собира во такво саксивче ?:smirk: Од кактуси не се разбирам, да си кажам одма:tmi:.

    Он топик- сакам да си купам некој сет најпрекрасни шољи за кафе, ама во моментов немам кај да ги чувам. А и страшно пребирливи сме, сакаме со тенки ѕидови, со интересен дизајн, со вивидни бои (сет од семејни желби:D). Немам најдено нешто што ќе ми влезе во сите критериуми, not yet...
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    Се наоѓа по нешто :lol:. Всушност имам права саксија купена од продавница шолја, така ми дојде идеја да ги искористам вишокот дома и да отворам простор за нови :D.
    Како првото имам исто, алое ли како се вика не знам и кактуси.

    [​IMG]
     
    На NoirSerpentine, GirlVolley, *Лаванда* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Не се замарам со ова, постојано пијам само од 2 исти чаши. Не дека немам повеќе, туку навика. :D Пред скоро време баш размислував дали ми треба нов сет. :D
     
  18. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.235
    Пол:
    Женски
    Не ми е ич битно у каква чаша пијам. Имам обични еднобојни од икеа.
     
  19. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    Јас сум љубител на филџани, меѓутоа не сум колекционер. Имам неколку убави филџани, меѓутоа кафе пијам во еден стар ружен филџан бидејќи тој ми е совршена мерка за тоа колку млеко треба да додадам во кафето. Плус, не би сакал да ги уништам убавите филџани, кои најчесто се поклон. Омилениот што ми беше од Икеа, гости ми пиеја вода во него и ми го скршија. Затоа, убавите на страна.

    Мислам дека само бел(од убав порцелан:!:), минимален, со модерен дизајн филџан би се нафатил да купам.

    Иначе, убави филџани имате и во Супер Тинекс, малку се поскапи ама навистина се прекрасни. Исто така и во Рамстор има, ама ми се чини ко во Рамстор цело време истите модели да си седат.
     
    На Waverly Raven и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.315
    Пол:
    Женски
    И јас обожавам разни шолји, ама утринското кафе мора да ми е во една иста шолја, и тоа таа треба да е во смирувачки бои (на пример пастелни, ама задимено пастелни.... ќе дадам пример :D), затоа што самата рутина кога го правам кафето ми е како еден вид на медитација и така додека го пијам сакам да биде смирено, нежно.

    Долго време имав ваква боја на шолја:

    rose-gold-color-solid-background-1920x1080.png

    Ама ја скршив и сега ми е обична проѕирна со убав облик, ама сакам да ја сменам.

    За кафе во други часови од денот имам најразлични, со тоа што тие кои ги користам се совпаѓаат со годишното време... преку есен ги користам потемните бои, потоа новогодишните и во пролет најшарените, имам дреч жолти, цветни... шолји. :D И така.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.