Здраво девојки.. сакам да прашам дали има некој одено на шопинг во Лерин? и како се движат цените? Дали навистина е многу евтино?
Лерин - Грција Јас бев во Лерин претходниот Понеделник. Сега има попуст. Штиклите се по 20 евра, фармерки има по 25 евра ( во Стејшм Ван). Би рекла дека цените се пристојни со оглед на тоа што повеќето алишта се брендирани. Ако си во можност оди и купи си штикли, тоа се исплаќа. Јас влегов во неколку продавници ама немаше ништо посебно. Обични маичи по 10 евра, повеќе избор и подобри продавници има за машки
Лерин - Грција Извини може ќе ииспаднам смешна, но дали ги има бутиците што ги има во Солун? Како што се Bershka, Stradivarius, H&M, Pull&Bear?
Лерин - Грција Страдивариус знам дека има, има Стејшн Ван мислам дека има и Бершка и Теранова, а за останатите не сум сигурна
Има некој брзо појдено во Лерин, дали периодов има нешто поефтинко ? Или исто е како е и тука Кога што се кај нас попустите, тогаш се и таму?