Дали правите ваква т.н шопинг листа? Дали кога ќе забележите дека пудрата ви е при крај, запишувате дека тоа е следно што треба да купите? Дали си поставувате определен рок во кој ќе ги набавите работите кои ви недостасуваат или оние кои се речиси потрошени? Не пронајдов ваква тема, доколку има, поздравете се од неа.
Не правам шопинг листа, барем не за козметички производи. Некојпат купувам нов уште кога стариот производ ми е при крај или до пола. А некогаш откако ми се потроши, не купувам некое време. Што од немање пари во моментот (кога се троши се' се троши наеднаш нели.. ), што од заборавеност..
Па да.. Незнам може на некој смешно му е,али мене ми е баш океј. Особено за тие позаборавените како мене Си правам,не секогаш ама ете така кога нема да ме мрзи си пишувам. Интересно ми е Плус полесно при купување,како што сум цела изветреана во умот ,и секогаш заборавам нешто и после се нервирам се до наредно купување. И да,за рокот исто така си правам листа,ама тоа во глава си правам не на лист Па знам од прилика што кога да си купам и така..
Јас не.. пример гледам дека ми е при крај пудрата и тогаш ми текнува дека е време за нова,исто и за маскарата кога гледам дека бојата на четкичката е бледо црна размислувам за нова
Не правам шопинг листа зашто не ми треба , чим имам некој денар во мене , како демек да разгледам што има ново... обавезно ги трошам парите на козметика . :/
Moжи на некој ќе му е смешно, ама јас секогаш си правам шопинг листа Интересно ми е така да си имам запишано што имам купено- козметички производи или облека. И кога сум ги купила
јас плачам за една шопинг листа на козметички производи како и листа на облека...арно ама буџетов ми е хаос во последно време така да ќе си почекам малку...ништо не ме кошта...а инаку си подкупувам вака 1 по 1 ама некој голем шопинг...малку ќе почека!
Редовно си правам шопинг листа. Гледам што ми е при крај,што ново сакам да си купам и сл.После разгледувам по Интернет за цени и квалитет. И одеднаш одам да си купам се што ми треба,така спречувам да купувам не потребни работи. Освен тоа целото тоа планирање ми е интересно.
сеа скоро коа ми се потроши маскарата ми текна дека ми фали и пудра и сјај и парфем и се хахахаха ја ошурив мајками со парите
листава е спремна за утре маскара моливче сјај пудра парфем сенки кармин туш четкички за сенки и нз што уште ама ќе ми текне кога ќе отидам во парфемерија
-регенератор за коса -маска за коса -крем за лице од нивеа -силиконски капки -лосион за тело Дали сето ова ќе го купам наеднаш не верувам али ова е тоа што ми е потребно.
Баш синоќа си правев листа на козметички производи што треба да си ги купам во скоро време и морам да признаам дека е прилично долга. Поприоритетните работи ќе ги купам деновиве а другите понатака. И онака не ми се итни сите.
Јас се извинувам вака што ќе ви влетам во темава, ама морам да си направам еден потсетник за што треба да купам, само разгледувам на форумов и заборавам, а ако го запишам некаде сигурно ќе го изгубам додека му дојде редот. Така да Нимерија, ќе си купиш руменило од Флормар, пудра Орифлејм и кармин Голден Роуз и Флормар, и гледај да си заштедиш што е можно повеќе. Периодов сум мањак од овие работи, наредна недела ќе ми стигнат пари и одам на шопинг.
секогаш купувам инцидентно, никогаш не сум направила листа, и после ми е мака што не сум избрала подобро ))