Попустите за вас се шанса за добар шопинг? Одвај ги очекувате за да го истрошите вашиот џепарлак и да се вратите со многу кеси дома со одлична и квалитетна гардароба, која ја посакувате со месеци. Но многумина не можат да останат имуни на новите колекции и да си купат неколку парчиња во сезоната, секако со повисоки цени. Таа страст на шопингување неможе да се остави за неколку месеци Потоа може да ни е жал кога ќе ги видиме чевлите за 50 до 70% поефтини, а битно први сме ги купиле и сме ги носеле веднаш без да чекаме. Иако чекањето не мора секогаш да е успешно. Може нашето бројче ќе го купат, па ќе си пукнеме од мака што не сме си го купиле. Иако кај нас често одредена гардероба никогаш не доживува попуст, зашто или некои продавници имаат лажен попуст со накачени па смалени цени или некои парчиња гардароба вечно се на рафтовите за нова колекција. Тоа е причина плус што ако нешто ми се свиѓа одма го купувам и не ги чекам попустите и ретко ги практикувам. Вие практикувате шопинг на попуст или на нова колекција?
ако е на попуст сигурно ќе биде на крај на сезоната, и што јас за другата година ли ќе ја чувам таа гардероба, која тогаш може да не биде веќе во мода? така да купи си додека е во мода, не чекај намаление на крајот на сезоната ... може само да си купиш нешто што ќе можеш да го носиш и другата сезона (на пр. некоја летна блуза, која можеш да ја носиш врз некоја ролка во зима) .. тоа е моето мислење
Јас искрено си чекам попуст. Ама ако нешто многу ми се допаѓа тогаш го купувам веднаш за после да не ми биде мака ако го нема или нема бројче за мене.
А ти по 1 сезона ги носиш работите? Сигурна сум дека НЕ! Така да пола гардароба дома ти е ланска, преланска... значи помината им е модата? Не! Модата не поминува за една сезона. Тоа поминување на мода ни е само во главата. Јас пример не купувам чизми во март најчесто, само затоа што истите тие пари сакам да ги истрошам на кондури/сандали во април. Си велам што ако немам пари за 1 месец и не си купам нови сандали? А не зашто чизмите нема да се модерни и идната година
добро не ги носам по една сезона, се разбира дека по повеќе, ама сега ново во продавницата, сите го купиле и износеле веќе, а јас ќе ги купам на попуст и ќе чекам другата година, за да го носам
Кога идам надвор од нашата држава таму не знам како ама се попусти начекувам хаха па пошто кај нас стига модата малце покасно така да ја веќе на попуст сум си го купила тоа што кај нас е ин, освен оваа година баш и не ми се погодија, сум го утнала времето...А кај нас не чекам попусти зашо и нема па си купавам нова колекција...едино чекам попуст кај нас во мај зачто тогач се толку дигнати цениве кај нас за матура, па си чекам да поминат матурите....
Ова со модава нема врска. Ептеен ако се работи за нешто специфично, што е екстра екстра необично и е приметливо и карактеристика на таа сезона, па тогаш да. А инаку за фармерки, панталони, кошули, маички, палтенца... тоа си носам по неколку сезони. Не се менува баш така брзо модата. Додека да се смени и така тоа парче ќе биде излитено и износено. Инаку дали купувам на попуст или нова колекција, кога како. Ако налетам на нешто што ќе ми се засвиѓа, си го купувам, не чекам попуст. Обично си купувам работи кога ќе налетам на нешто, поретко излегувам специјално на шопинг. Башка не ни купувам екстра скапи работи па да морам да чекам попусти. Освен за чизми, јакни/капути и понекогаш фармерчиња, кои ми се поскап дел од гардеробата.
Кога нешто ми е потребно го купувам без разлика дали е на попуст или не, а за останата гардероба и аксесоари си купувам на попуст ако најдам нешто убаво и евтино супер ако не здравје
никогаш не гледам дали нешто е на попуст или не е, а всушност мислам и дека никогаш не сум излегла специјално за мене да одам да си купам нешто, па да појдам некаде каде што има попуст, од причина дека веќе ни место немам во шкафовите, а и на брат ми му присвоив еден шкаф, обично ќе одам со мама, да и помогнам да си одбери нешто, и ќе влезам "да видам што има" во некој бутик од каде што купувам јас и ете ме со кесите , не дека јас не можам да воздржам без нешто да купам и да се издржам некое време без него и да чекам попуст, туку мајка ми ќе ми вели види колку убаво ти стои, нема да го најдеш друг пат и јас сигурно нема да се бунам, ама затоа ич не сакам да му помагам на брат ми да си купи нешто
Често чекам да започне попуст па да развалам со шопинг, кај нас цените се толку нереални, ме фурстрираат ! Вистинската цена на призводот е всушност онаа кога е на попуст, а сепак продавачот има заработка. Ако нешто ми се допаѓа навистина не размислувам дали е скапо или ефтино, дали е на попуст или не веднаш купувам
Па ако сакам дома да се вратам со полни кеси дефенитивно попуст Едни фармерки ако ги купам на попуст значи дека догодина нема да бидат во мода? дајте не претерувајте џемперчиња исто, капут,летни маички и сл. Не сме ние во холивуд па секоја сезона со нова гардероба Што да кажат оние кои носат облека од нивните мајки зашто не можат да си дозволат нова? Дека не се модерни? Нив баш им е гајле Јас си преферирам попуст зашто знам да си одберам парчиња кои ќе ги носам не една сезона туку 3,а не само да го купам и да ми дреме у плакар
Доколку ми се допаѓа нешто и можам да си го дозволам, не тргнувам од фактот дали е на попуст или е нова колекција.
Интересно прашање... факт е дека купувам нови колекции, ама уживам да купам кога ќе видам некое парче што коштало ужасно многу и сум сакала да го земам спуштено на „ич пари“. Да... обожавам аутлети и не ми пречи ако е одмината колекција... освен ако не е нешто што скроз станало демоде... ко оние шалварите што се носеа бррррр ужас, ги мрзев.
Чекам попуст ама чисто онака да си направам поголем шопинг, да се израдувам на многу купени работи , а доколку си видам нешто било што да ми се свиѓа и е од нова колекција не чекам попуст веднаш си го купувам (сега нормално ако нема некоја енормна цена )... После може ќе го видам тоа нешто на попуст, ќе ми биде жал може дека сум дала дупло повеќе ама тоа е... Не чекам никогаш специјално попуст на нешто (ако многу ми се свиѓа и сакам да си го купам) од причина што после може да го нема или број да нема или сеедно што..
па вобичаено си го чекам попустот тогаш ке си изнакупувам се и сешто од глава до пети е сега не дека не купувам и од новите колекции ако нешто ми се допадне ке си го купам нормално цената да не е многу висока.
Чекам попуст...ама во некои случаи не го дочекувам коа ќе ми влезе нешто во глава и крај, ќе го сонувам додека не го купам и нема да издржам. Ама тоа е така поретко, кога нешто ептен ќе ми се засвиѓа, или нешто ако стварно ми треба сезонава (еве на пример ако немам чизми неможам да чекав до пролет да ми помине зимото) ама онака шопинг со еден куп ќеси е најчесто на попуст (јануари и август во Солун ) Кога нема попуст и има нова роба се враќам со по едно-две парчиња дома, толку шопингот
Јас скоро секогаш купувам работи по потреба,никогаш и не сум била на масовен шопинг,ако масовен шопинг подразбира да се вратам дома со 20 кеси облека. Најмногу две до три парчиња можам да купам и тоа секогаш по потреба.Инаку,кога станува збор за купување на нешто толку сум нестрплива што сакам веднаш да го имам.Еве последен пример,сакав кремасто џемперче.Ми кажаа да почекам еден ден бидејќи на пазар е поефтино и се изнервирав до максимум ама кога увидов дека е 400 денари поефтино како да купам од бутик? Во Солун никогаш не би отишла,ја мразам Грција,не би оставила пари таму. Најчесто си купувам облека од градот кај што си живеам или од Скопје.Секогаш си начекувам ефтини парчиња,речиси никогаш немам купено нешто екстра скапо или нешто од марка па ете уште ги носам,што ако не се многу скапи. Да одговорам на прашањето.Да,обожавам попусти и најчесто си купувам џемперчиња и фармерки на попуст.Фармерките можат да се носат лете-зиме па кога се на попуст си ги купувам и можам да ги носам уште одма.
Релативно е.Ако нешто ми се допаѓа на попуст, го купувам.Доколку нешто ми е потребно купувам и од нова колекција
Купувам и нова колекција и на попуст. Но морам да кажам дека не е исто кога ќе купиш 20 парчиња на попуст и 2 од нова колекција. Па побогу сигурно ќе бидеш позадоволен со тоа што ќе дојдеш дома со полни кеси облека за помалку пари , него ли со 2 кеси за повеќе пари. Ама ако нешто ми се свиѓа многу тогаш додека не го купам не престанувам зошто којзнае дали после ќе го има на попуст.