Шоуто на Елен Деџенерес (The Ellen DeGeneres Show)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AnaKarenina, 2 декември 2012.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Шоуто на Елен Деџенерес е американско телевизиско ток-шоу водено од актерката Елен Деџенерес. Во шоуто гостуваат познати личности, но и сосема обични луѓе кои на јавноста не и се познати. Почнувајќи на 8 септември 2003, ова шоу станува мега популарно, а Елен досега добила многубројни награди за својата работа.
    Елен е позната по нејзината смисла за хумор, а за себе често вели дека ужива да ги засмејува луѓето. Освен тоа, таа е позната и по својата дарежливост и многубројните донации од милионски суми за луѓето кои имаат потреба од помош.
    Шоуто трае околу 38 минути, а во него досега гостувале многу познати актери, режисери, музички ѕвезди, спортисти, политичари...

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Елен е позната и по тоа што сака да им подарува предмети на своите гости со нејзиниот лик или лого. А освен тоа, често поставува скриена камера во гардероберот, или за време на интервјуто им приредува scary изненадување на нејзините гости.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Шоуто можете да го следите на официјалниот канал на YouTube каде Елен освен исечоци од емисијата, објавува видеа кои се компилација со најдобрите моменти.
    http://www.youtube.com/watch?v=apejTShfb5E
    http://www.youtube.com/watch?v=fHKxE7opwBU
    http://www.youtube.com/watch?v=ySAfInNYNiE
    http://www.youtube.com/watch?v=OfN9TG6RYxg

    Дали го следите ова шоу? Како ви се допаѓа Елен и нејзината смисла за хумор? :)
     
    На joelle и ludoto19 им се допаѓа ова.
  2. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.596
    Допаѓања:
    10.775
    Пол:
    Женски
    Ја следам на јутуб,и навистина и ја обожавам смислата за хумор.
    Посебно смешни видеа ми се кога ја праќа таа колешка и Ејми на мисија, да им зборува на луѓе низ супермаркет само со текст од песни. Со солзи сум се смеела. Има повеќе видеа, еве едно за пример:

    https://www.youtube.com/watch?v=AOy-mNEfCn4

    :D :rofl:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    И јас го следам шоуто и навистина ми се допаѓа смислата за хумор на Елен.Интересни ми се скриените камери кој ги прави со познатите личности или пак кога им кажува на познати личности што да кажат на обичните луѓе.Ги имам гледано со Џенифер Лопез, Дејвид Бекам, Софија Вергара итн.Исто така интересни ми се маите слатки девојчиња, Софиа Грејс и Роуси, ги обожавам
    https://www.youtube.com/watch?v=bERu3kZ ... ature=plcp
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Луда е Елен! :D
    Толку е опуштена, оригинална, си се зеза со ѕвездите кои и доаѓаат во емисија.
    Интересна е, ја следам на youtube, како и на нeјзината страна, таму ги има цели емисии - http://www.ellentv.com/
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    најмногу си ја сакам :l: во летото до 1 часот навечер (некогаш до 2) останував на компјутер и ја гледав.. од ко ги изгледав скоро сите малце престанав ама кога имам време ја гледам.. мислам дека таа е една од причините поради кои почнав луѓето да ги делам на добри и лоши, а не стрејт и хомосексуалци.. oмилени ми се со Софиа Вергара кога се заедно -
    https://www.youtube.com/watch?v=4udYP7s8p8Q и
    https://www.youtube.com/watch?v=mUr5KxtKZQk
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    41.028
    Многу ја поштувам Елен, префина особа. Жената не само што е интересна и смешна, ами многу хумана, им помага на уличните животни, благодарение на нејзе, многу од нив нашле домче.
    Несебично донира за нив, а и таа самата има вдомено еден куп :) Живее со својата партнерка, со која се долго во врска :)
    Се на се, фина жена, мила, интересна, и многу смешна пред се :)
    Многу е популарно ова шоу во САД
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Елен го има нај интересното ток-шоу.секој ден ја гледаме со ММ,се отепуваме од смеење.ептен беше јако околу Халовин кога ги плашеше гостите ха,ха..
    Отворено зборува дека е Геј,и нема ден да не си ја спомни сопругата Порша.
    Од Елен можиш да дочекаш све и свашта да видиш,ама никогаш не очекувај да ја видиш во женствено издание или облека,ама пак оној стил што го има ептен и одговара.
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Ја обожавам Елен, толку ми е мила и позитивна, и има стварно добри досетки.
    Ми се свиѓа тоа што не е напумпана атмосферата од типот Еј кој ни дојде во емисија, ми се свиѓа што и гостите кои се нели селебрити се приземјени барем во ова шоу, се чувствува колку се опуштени оти самиот склоп на емисијата е таков.

    И покрај тоа што ми е преслатка, тука малце се избрука со непознавањето историја, па и географија. Ако ништо друго, муж и (бивши) беше (е) од Франција, барем основно познавање да имаше.
    http://www.youtube.com/watch?v=o7uii87LNgU


    http://www.youtube.com/watch?v=nIrP5G6WUF4

    http://www.youtube.com/watch?v=-hxhh2frVkU

    Нормално :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=JTgFnALbM6c
     
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    3.714
    Допаѓања:
    34.980
    Елен е царица! Сестра ми си ги симнува сите клипчиња и ги пушта дома, неминовно е и јас да ги гледам.

    Ми се допаѓа што е непосредна, има истенчена смисла за хумор, а и сама на своја сметка често пати си прави пародии.

    Скоро сите гостувања на славниве личности сум ги гледала, а врв ми беше кога на сите во позадина им пушташе танчер да изведува глупости, и гостиве вчудоневидени мислат намештаљка е, а она мртва ладна! Кул жеМска е, ептен си ја почитувам.
     
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.854
    Ѕверка е женава, поништува стереотипи дека жена не ја бива за комичар.

    Ах, златен да е ЈуТуб за сите клипчиња на кои се имам изнасмеано. Интересни разговори има, не е само типична комерцијала. И имам чувство дека сите гости се многу комотни околу неа, баш изгледаат како другари на кафе излезени.

    Само ми е криво што ги немам гледано Оскарите кога беше водител, кој знае дали има да се симнат. :^)
     
  12. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Женава ми е идол! Невозможно колку е харизматична со нејзината смисла за хумор. :)
    Баш вчера го гледав интервјуто со Софија Вергара, од срце се изнасмеав.

    http://www.youtube.com/watch?v=1WqX-szM6WA

    Лом прави и со твитовите.
     

    Прикачени фајлови:

    • Ellen D.JPG
      Ellen D.JPG
      Големина на фајлот:
      17 KB
      Прегледи:
      102
  13. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    4.358
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    48.924
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам женава значи. Најбоља е на цел свет.
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Елен прослави 2000 емисии :party:


    Многу ми се интересни овие јубилејни видеа :)
     
    На sanja.burgundy и Marossa им се допаѓа ова.
  16. Ivana J.

    Ivana J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Дали знаете на која страна можам да го гледам шоуто, освен на Youtube ?