Што ако го сменил неговото мислење?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Kikk-i, 24 март 2011.

  1. Kikk-i

    Kikk-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    ќе ви раскажам на кратко како стои ситуацијата...почетокот на декември се запознавме со едно момче, цел месец се допишувавме, т.е. тој насекое прв ми пишуваше :) потоа неколку пати се сретнавме во кафиќ, па после долго убедување од негова страна и труд излеговме и на кафе.. и така се почна :) има два месеци каде што излагаме заедно навечер во чаршија, и тој навистина се труди за да биде работава како што треба, но јас не му возвратив..едноставно само излагав, и како да бев отсутна, ми рече дека му изгледа како со сила да излагам со него а баш е спротивно..многу ми е убаво кога сум со него, но како да очекував дека тој ќе ми ги чита мислите и не му покажував колку ми значи..сега, веќе три недели не се гледаме бидејќи тој е скопје а и не се слушаме. денеска се враќа и треба да направиме муабет, но многу ми е страв од тоа што ќе ми го кажи, ми е страв дека веќе сменил мислење и ќе ми речи да не продолжиме, а воопшто не го сакам тоа..сега сум свесна за тоа што го правев и спремна сум да се поправам и да му возвратам со иста љубов и милост како тој што ми се покажа мене.. како да постапам за да не дојде до тоа да се разделиме, ве молам помогнете ми :/
     
  2. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    ве молам, дадете ми совет..

    Ако тој решил да ја прекине врската , ондак let it be.
    Можеш да се потрудиш и да го направиш она што требало претходно.
    Кажи му дека ти требало време да сфатиш што ти значи, да се опуштиш и кажу му дека сакаш да се држите заедно и да се борите за Вас :) Но, ако тој решил да ја прекине врската..ти си немоќна тука. Па среќно.
     
    На Kikk-i и peperutkaa им се допаѓа ова.
  3. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    ве молам, дадете ми совет..

    Епа види вака, ислушај го што има да ти каже, а потоа кажи му дека си свесна како си се понашала со него, дека сакаш да ја исправиш работава и дека ти е стало до него. Отворено зборувај си нема потреба од срам и страв, па што биде нека биде.. Ај со среЈќа, ке ти треба мислам ;)
     
    На Kikk-i му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    184
    ве молам, дадете ми совет..

    Мислам дека овој пат треба да постапиш различно од другите, кога ќе се видите пречекај го насмеана, речи дека ти е многу драго што го гледаш после толку време и дека во тој период си размислувала за тоа што се случувало.Кажи дека ти било многу убаво и исполнето времето поминато со него и потруди се на некој начин да му објасниш дека сакаш да продолжите и гледај во иднина да му ги покажуваш резултатите на неговиот труд бидејќи во спротивно мислам дека ќе се одкаже. :*
     
    На Kikk-i му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    281
    се согласувам со Форготен еве и мој совет ти е прави се на неудрена ко со викаат, поцни со позитивни мисли биди срекна сто го гледас позитивна без да го показувас стравот во тебе кази му отворено дека без него некако не ти е убаво демек паузата е добра да сванес со цуствувас сеа не толку наеднас и он да падне у несвест туку полека ама топло и позитивно па незнам како се одлуцил ама сигурно ке сака да проба усте еднас со тебе.со срекја и спусти малку таа глава еднас да попустис у твојот слуцај да показес малку цуства ке го имас у марамце врзан..поззз
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Ако го сменил мислењето со здравје да му е. Тоа е што е. Никако само немој да го молиш и колиш ако е навистина така. Можеби е само привремено и не би сакала доколку пак се смирите да те гледа ко очајна девојка. Е сега се согласувам до девојките дека кога ќе се видите треба да му покажеш повеќе внимание, нека те почувствува за поблиска. Биди позитивна кога ќе се видете, кажи му дека ти недостигал деновиве, дека си го мислела, едноставно биди нежна и фина со него. Ако сепак и ова не го омекни можеби се случило нешто во мегувреме кое му ги сменило чувствата. Искрено се надевам дека не е така и дека ќе добиеш шанса да му покажеш дека ти значи. :*
     
  7. Kikk-i

    Kikk-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Фала ви многу на сите, ќе се обидам со тоа да бидам позитивна кога ќе се видиме и кога ќе разговараме да не му префрлам за се, да бидам љубезна... Па се надевам дека сеуште важи тоа што досега ми го кажуваше. Денеска или утре ќе биде, па ќе ви пишам што се случило :) :) ако има уште некој предлог, слободно нека пиши..