1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ако тој се заканува со самоубиство/самоповредување или евентуално се самоповреди/самоубие?

Дискусија во 'Врски' започната од HarleyQuinn, 27 мај 2015.

  1. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Не најдов ваква тема, простете ми ако е двојна :)
    Ми се нема случено но мислам дека им се има случено на доста девојки и бар според мене е застрашувачко нешто. Што да се превземе?
     
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Најчесто ваквиот тип ,,заканувачи'' се психолошко лабилни случаи кои треба да се лечат. Не би рекла дека станува збор за претерано емотивни особи, туку просто кај нив отсуствува рационалното расудување. Доколку познавате некој кој е во било каков тип на врска со ваква особа, важно е да го предупредите да не чувствува вина ради неговите постапки. Воедно, да ги охрабрите да стават крај, макар и по цена исходот да биде кобен. Впрочем, факт е дека повеќето од нив важат за добри манипулатори, а служејќи се со ваквите алатки, од останатите очекуваат да станат нивен плен.

    Имено, порано имав познаничка која извесен период се забавуваше со дечко кој прекумерно конзумираше алкохол и наркотици, но после официјализирањето на врската, тој и вети дека ќе ги остави пороците само поради неа што реално се случи. Краток период беа во добри односи, а тој се држеше до ветеното, се до моментот кога поради некоја банална причина оваа не му прекина. Е откако тоа се случи, тие епизоди со предозирањето перманентно почнаа да се повторуваат. А тој играше на истата карта, со самоповредување. Ја убедуваше дека ако не продолжат неговиот живот ќе изгуби смисла и ќе се самоубие. Така оваа немоќна, некако подлегна на уцените, се сожали и продолжи. Но, после неколку месеци не можејќи повеќе да ја трпи тортурата повторно му прекина, но овој пат засекогаш. И погодувате што се случи? Да, тој се самоуби. Ваквиот настан иако на неа остави длабоки последици, на крајот сфати дека сепак не е нејзина вина.

    Затоа, мој искрен совет до оние кои имаат во близина вакви личности, е во најмала рака да се тргнат на страна, или да ги убедат да побараат психијатриска помош како би сфатиле дека животот е многу по вреден кога конците би ги држеле во свои раце.
     
    Последна измена: 31 мај 2015
    На karak, ebola, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    You let him do it :d::drunk:
     
    На Emotional123, martine, Rose96 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Ќе го пренесеш муабетот на неговите најблиски.
    Евентуално ако се самоубие или повреди , не си преземај вина на себе.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. popovich

    popovich Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    533
    Двајцата ми се закануваа со истото. На првиот кога му отидов пред зграда од прозор се гледаше дека DoTA игра дур наводно е на прозор и ќе рипа.
    Ништо повеќе од блеф, девојки.
    (Со исклучок на екстремни случаеви, да не биде после - Абе ај не глуми прочитав на фемина дека е блеф, а јаден дечкото жив колку кактусот што ми е на тераса две години заборавен.)
     
    На eloves, galapce, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Пред месец дена познаник се самоуби ( се обеси ) поради девојка.
    Така дознав дека било , не ги дознав сите детали.
    Се е можно, бирајте зборови, акции, дела.... светов е луд и секакви луѓе постојат.
     
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.208
    Пол:
    Женски
    Ако се заканува со самоубиство ништо нема да си напраи. Кој до сеа шо се самоубил кажал некому дека ке се самоубива? Никој!!! Тоа е момент на слабост, те удара филм, се пукаш, фрлаш од зграда, од мост.. сеедно... нема да бараш мислење од пријател дали да го сториш тоа или не бидејки и самиот си свесен дека никој не би ти рекол оди фрли се.
    Имав еден ваков пријател,во средношколските денови, после секоја кавга со девојката идеше кај мене ми кажуваше дека ке се беси, ке се труе ... А јас будала по цела нок го тешев, му држев мотиваиони говори, му вртев често да видам дали се е ок. Еднаш решив да кажам на член на неговата фамилија, да не биде после дека сум можела да спречам а не сум спречила... И овој само се изнасмеа и рече не се секирај, штом прозборел за тоа биди сигурна дека нема да го напраи. И ете денес му е помината таа желба да се самоубие... :D
     
  8. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Тој што планира да се самоубие не кажува. Тоа му се само фори за да задржат некој кој веќе решил да ги напуште. И бившиот на другарка ми и викаше ќе се самоубие и слични работи па ете уште е жив :)
     
    На galapce, crazylady и Nausicaa им се допаѓа ова.
  9. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Или психички нестабилна личност или манипулатор. Едно е!
    Што да се превземе? Ништо. Неможе некој со сила да те држи до него ако не ти е убаво.
    Ех колку се заканувале така, па еве уште се живи...
     
    Последна измена: 1 јуни 2015
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Темава ме врати во студентските денови, ах носталгија....

    Другарка раскина со дечко и, фраерот се закануваше дека ќе се отруе со апчиња, поминаа години, тој уште си е жив и здрав и неотруен.

    Другар се скара со женска му, два часа после кавгата му се јавува другарка и, оваа (као) се заклучала во вц, ќе пиела седативи за да се убие па да дошол да ја спасува. Причина за претходната расправија- цурата многу правела драми за ситници:rofl: Другаров не отишол, дотичната не се отрула а другарката „соучесник“ на крај му се извинувала за целата драма.

    Мој совет, ако некој ви се заканува со самоубиство- веднаш кажете кај неговите/нејзините родители. Во исто време на себе си правите услуга со тоа што си ја смирувате совеста (ете сте превземале нешто) и им правите услуга на сите негови/ нејзини идни бивши-откако несудените „самоубијци“ ќе бидат поштено изџвакани од родителите, нема да им текне другпат да прават такви глупости и да се обидуваат да манипулираат со туѓи емоции.
     
    Последна измена: 1 јуни 2015
    На HarleyQuinn, Aquarius21 и Valerin им се допаѓа ова.
  11. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    То што вели дека нешто ќе направи, никогаш нема да направи, зошто нема храброст, па затоа зборува да не речам лупа напразно.
    Плашете се од тој што само молчи, не знаете какви мисли му се вртат во глава.
     
    На crazylady и Spidy им се допаѓа ова.
  12. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    За среќа мене ми се нема случено вакво нешто. Но се има случено на мои поблиски луѓе, ама се' заврши со среќен крај. :sweat: (Повеќе не би сакала да образложувам за случајот, сепак не е моја лична случка, а ова е јавен форум)
    Можам да кажам само дека нема правило кај ваквиве случаи. Има луѓе кои велат дека ќе се самоубијат ако ги остави девојката, но не го прават тоа (како што рекоа повеќе членки погоре). Има и такви кои се закануваат со самоубиство и го прават тоа (и таков пример имаше погоре). Оние на кои навистина им е тешко и помислуваат на самоубиство, навистина не го кажуваат тоа. Претходниве два вида на луѓе очигледно го кажуваат/прават тоа во афектна состојба, водени од импулсот. Пострашни се третиве. Но факт е дека сите три категории се психички лабилни личности. Кај првите две, при прва караница може да се открие тоа и според мене најправилно е тогаш човек да се оддалечи од таквите ликови и евентуално да поразговара со нивни блиски, за да се спречи можна трагедија. Страшното е што кај тие што молчат, тешко е да се забележи таквиот афинитет и лабилност. Ако имате среќа да го забележите тоа - направете го истото (во случајот што јас го знам, стануваше збор за човек од овој вид). Дефинитивно се луѓе кои треба да побараат лекарска помош.
    Така јас би постапила (теоретски, зашто праксата често знае да покаже и нешто друго, за жал).
     
  13. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Мене еднаш така ми се деси со бившиот. Велејки ми:Ако не ми се смири LadyInTheDark,не јадам! не пијам! ќе си направам нешто!..Потоа другарка ми ми велеше уништен е прости му и ајде јас улава му простив се смиривме.Не беше нешто сериозно што не може да се прости(многу го сакав,го сакам и ќе го сакам:(;()...Сега гордост не убила,што да се прави кога се те боли одвнатре:@ ни јас него сум го побарала ни тој мене;(..Од гордоста нема поголем убиец:( збираш се во себе и само тонеш во бездна..неиздрлжливо чуство!Сега мене ми иде да си направам нешто,не го искажувам тоа ама од внатре вријамм!!!:envy:
     
  14. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.945
    Допаѓања:
    30.781
    Пол:
    Женски
    На дечко ми, предходната девојка си ги исечила вените што тој и раснинал. :rofl:
    Да ви кажам, од оваа заканување и уцени поголема глупост нема, дечко ми ми велеше дека откако таа тоа го направила тој се стресил, значи буквално не да ја жали, уште толку многу го сменил мислењето за неа, а и таа била малце повеќе шарена. :)
    Да не испадне сега дека го мразам девојчето или слично, но веќе ако на ум ти дојде таква идеја, тој/таа за мене се луѓе без мозок. Досега ми се нема случено вака да ми рече некој бивши, но да се случи тоа, мислењето за него ќе ми се смене 360 степени и назад.
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    83.696
    Пол:
    Женски
    Ми се закануваше дека ќе се убие,ќе се обеси,ќе се труе,ќе се пукал,ќе скокал од незнам каде и еве го уште дише колку што знам ...
    Само слабите,оние кои неможат на никаков начин да те задржат до себе, оние кои пробале со се,не успеале па мислат дека со вакви закани ќе успее да се спаси врската прават и кажуваат такво нешто.
     
    На eliesaab и HarleyQuinn им се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Јас за ваквите сум немилосрдна. Во 99,9 % од случаите се работи за класичен блеф и реакција во паника. Не ми се случило лично на мене, туку на една другарка. Целата беше преплашена, не знаеше што да прави. И дадов совет да не се замара со неговите глупости, а и да си направи нешто да не се чуствува виновна. Ако тој нема памет и се убие за едно раскинување, ја ли треба да го жалам? Или да останам во пекол од врска само за да му го спасам животот. Како да не. Ако нема памет нека не живее.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Вие што се смеете и потсмевате на тие па и ште не ги сфакате сериозно размислете малку што зборувате.
    Што праиме бе со тие што навистина го исполниле тоа? Што да праиме со тие кои си го одземале својот живот после раскината врска или брак ? не дај боже вам да дојде до тоа и да ви прелетаат такви мисли па ќе ве прашам дали сте толку силни како што се праите сега.
    Од страна е лесно да се зборува, иди биди во таа кожа да ве видам како ќе се справите. Или вам дечко ви или девојките ве чуват како солза па сте сигурни дека нема да дојде до додатни драми така размислувате.
    Во мојот град имаше случај со една која не можеше да издржи психички од кога нејзиниот дечко ја оставил. Немаше ничија подршка, беше оставена од другарки, домашни и блиски луѓе, затоа што сите велеа еј за еден дечко ке се замараш. Еве ја сега гние 3 метра под земја. За слаба ли ја сфакате бе? Од кај знаете низ што поминува секој тој период? Ако не знаете не зборувајте на празно.

    Така да, пред да треснете некоја глупост и да мислете дека тие што се закануваат дека ќе се самоубијат и ке си направат нешто размислете прво пред да почнете да се подсмевате.
     
    На stiki18 и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @JustFun Дали треба некој да остане со некоја будала во врска само за да таа не се самоубие? Нивни живот, ако сакаат уште од првиот мост нека скокнат, ама ништо, ама апсолутно ништо не им дава право психички да вршат тортура и притисок врз некој со закани дека ќе си го одземат животот. Ако не можат да се справат со едно раскинување, нека се обратат на семејството, пријателите или кај стручно лице, а не да одат и да се закануваат на бившите и да ги малтретираат!
    Значи не е во ред ако никој нив не ги сфати озбилно, а во ред е тие да се закануваат и вршат психичка тортура врз другите со заканување. Не знам баш кој овде треба да се чукне во главата.
     
    На ebola, Annath, Viktorijaaa5 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Тие што се закануваат со самоубиство никогаш не извршуваат самоубиство ниту помислуваат на такви нешто, тоа го прават со цел да ги држат во заложништво оние кои наводно ги сакаат. Даки е љубов ако некого држиш со сила? Размислете кога некој ќе ви се закани со самоубиство дали ве сака или всушност се изживува со вас. Ако е толку решен тоа значи дека вие ќе треба целиот живот да останете со него за да тој не се убие. Вреди ли да си го жртвувате животот заради нечии закани кои никогаш нема да се реализираат?
    Но јас мислам дека поентата е во друго, дека им годи тоа на оние кои сакаат наводно заради нив да се убијат па тоа го користат само како оправдување и понатаму да останат во таа врска. Сум слушала многу пати вакви приказни и особено ме фасцинира среќата на оние кои го доживуваат тоа како нешто возвишено дека они се во центарот на вниманието и ете некој сака да се убие поради нив.
     
  20. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    11.357
    Пол:
    Женски

    Еве јас ке кажам искрено ДА, за слаба ја сфаќам.
    Е сега точно дека не знам низ што поминувало девојчето, но самата рече дека е поради прекин на врска што е никаква причина за самоубиство. Единствена ли е на која дечкото ја оставил? На која и се случиле лоши работи? Какви поголеми проблеми има во животот. А ако блиските и викале да не се замара со дечко не значи дека БИЛА ОСТАВЕНА и не биле покрај неа.
    И за болдираното ќе кажам, имам помислено на тоа еднаш кога ми беше претешко, но не поради врска или дечко (причините ќе ги задржам за себе), не сум направила ништо зошто фала богу сум знала како да се спревам. Сеуште минувам низ МНОГУ тежок период скоро една година веќе, без ПОДРЖКА од родители но не сум се убила. Не сакам да осудувам и да се правам многу силна ама искрено тие личности ги сметам за доста лабилни.