1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што вели таа, што слуша тој ?

Дискусија во 'Врски' започната од irenna, 29 јуни 2010.

  1. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Што вели таа, што слуша тој ?

    Сигурно често ви се случило да се обидете да разговарате со партнерот за нешто што вам во тој момент ви било важно, а тој не изреагирал онака како што вие сте очекувале.
    Еве неколку најчести недоразбирања во комуникацијата:

    Вие велите: "Мислам дека твоите не ме сакаат!"
    Тој слуша: "Сите во твојата фамилија се лудаци и ти си виновен што не им се допаѓам!"


    "Жените сакаат да разговараат за врската, а мажите размислуваат во категориите кои ќе ги доведат до решението на проблемот", вели Тeри Орбах, авторот на книгата "Како вашиот брак, од добар да стане одличен".
    Кога тој ќе слушне како изговарате "ти" или "твоите", се чувствува загрозено и има потреба да се брани, дури и ако вие од него очекувате да ви помогне и да биде на ваша страна.
    Обидете се наместо тоа, да кажете нешто како: "Би сакала да бидам поблиска со твоето семејство.
    Што мислиш ти, што би требало да направам?", предлага Орбах.

    Вие велите: "Можеби би требало да ја смениш работата."
    Тој слуша: "Ти си неспособен, требаше да се омажам за некој кој заработува повеќе."

    Кога ја критикувате кариерата на својот партнер, тој тоа го доживува како загрозување на својата машкост.
    Наместо да жалите и да му префрлате што не е доволно амбициозен, подобро би било за тоа да пристапите на поинаков начин.
    Ако мислите дека трудот кој тој го вложува на работа не се цени доволно, тогаш тоа и кажете му го, но со убаво.
    Кажете му дека сметате дека неговиот труд не се вреднува доволно, и дека би требало да се обиде да најде работа во која повеќе ќе се ценат неговите квалитети.

    Вие велите: "Би сакала да поминуваш повеќе време со децата."
    Тој слуша: "Ти си лош татко!"

    Ако постојано го критикувате сопругот, тој нема да биде опуштен кога ќе биде со своите деца.
    Важно е да се согласувате околу основните принципи на воспитувањето, а тоа што децата ќе бидат извалкани со сладолед откако ќе се вратат од прошетката со таткото воопшто не е важно.

    Вие велите: "Јас постојано се грижам за куќата."
    Тој слуша: "Ти се пијавица."

    "Емпатијата на мажите не им е силна страна", вели Орбах. Тешко дека од нив ќе слушнете дека сте во право и дека навистина не е фер што само вие ги миете садовите.
    Но, ако размислите уште еднаш, ќе разберете дека во вашиот дом има и работи кои ги прави само тој.
    Бидете чесни, кога последен пат сте смениле осигурувач, сте ја одзатнале чешмата или сте го провериле нивото на масло во колата?

    Вие велите: "Никогаш ништо не ми кажуваш!"
    Тој слуша: "Имаме проблем во врската и ти си виновен!"

    "Жените се склони кон генерализација", вели Обрах. Општото тврдење дека "никогаш не разговараме за ништо" нема да ве доведе далеку.Ако нешто ве интересира, поставете конкретно прашање.
    "Делуваш како да си под стрес. Дали имаш проблеми на работа?" е подобар пристап затоа што со тоа му давате на знаење дека сте тука да го сослушате и да му помогнете ако тоа е потребно.
    Всушност, тајната на успешните врски и љубовта е во тоа секогаш да имате трпение и разбирање за оној кого го сакате.

    Преземено од : zazabava.com

    Во текстов има многу вистина, што мислите вие ?
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    :D Интересно, во нешто има вистина.
    ;)
    Мене сите машки досега ми рекле дека се плашат кога девојката ќе каже после караница само - Добро. :D

    *Тој збор не е ист очигледно во вашиот и нашиот речник. Никогаш не е добро. :lol: Се плашам од зборот Добро.
    (Исповед на машки другар на Трендафилка). :rofl:
     
  3. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    59
    Истото важи и за мене.
    Кога девојката моја само онака ќе го „тупне“ зборот ДОБРО, нешто не е во ред, big time :)
     
    На bacbac му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    има многу вистина,ама па не треба само ние да се грижиме на кој начин нешто ќе прашаме или кажиме ,треба и тие да прочитаат по некој ваков совет 8)
    а тоа ДОБРО ја секогаш го кажувам на крај од расправија :D
     
  5. Lastbreath

    Lastbreath Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки

    Да ти кажам право и јас многу се плашам од зборот Добро :D
     
  6. WesleyByrd

    WesleyByrd Нов член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Кога ја критикувате кариерата на својот партнер, тој тоа го доживува како загрозување на својата машкост.
    Наместо shearling coats да жалите и да му префрлате што не е доволно амбициозен, подобро би било за тоа да пристапите на поинаков начин.
    Ако мислите дека трудот кој тој го вложува на работа не се цени доволно, тогаш тоа и кажете му го, но со убаво.
    Кажете му дека сметате дека неговиот труд не се вреднува доволно, и дека би требало да се обиде да најде работа во која повеќе ќе се ценат неговите квалитети.