Што ве прави среќни?

Дискусија во 'Психологија' започната од biggirlsdontcry, 22 април 2012.

  1. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    160
    Знам дека има тема „дали сте среќни?“ ,мојата идеја за темава е поинаква.

    Што ве прави среќни? Како да бидеме среќни? Примери,како до патот на среќата? Што да превземеме?


    Мене ме прави среќна мачорот,а и кучето,грижата за нив.
    Ме прави среќна кога дома ќе направам некое благо и на сите ќе им се допадне,и ми делат многу убави коментари. :)
    Ме прави среќна секоја нова прочитана книга.Интересна книга. ;)
    Среќна сум,кога ставам парички во касичката и знам дека се полни. :lol:


    Па така,ако не сте доволно среќни превземете некои чекори на пример:набавете си мачка/куче,направете нешто за да ги изненадите своите дома,или дечко/девојка,отворете си касичка сигурно ќе бидете среќни кога ќе ги броите паричките. :lol:

    Што ве прави вас среќни?
    Наведете примери,што да прават оние кои се несреќни или оние што не се среќни..

    се надевам не ја ус*ав темава и овојпат :tmi: се надевам нема да биде избришана
     
    На karmenka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    136
    среќна ме прави љубовта,вистинските пријатели..
    конкретно среќна ме прави кога ќе успеам нешто или пак кога некој ми дели комплименти. :)
     
    На karmenka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gingi

    gingi Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Искрено , најсреќна ме прави поминат ден со најблиските во опуштена атмосфера, како и пак малите нешта кои се случуваат во животот кога најмалку очекуваш и секако , некој убав комплимент , ама искрен и од срце . :wasntme:
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.957
    Пол:
    Женски
    хармонијата во семејтвото,љубовта помеѓу мене и дечко ми, успехот во спортот = тоа е среќата.
    А се друго е минливо и променливо
     
  5. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    317
    срекна ме прави коа на крајот од денот ке си легнеме со дечкоми и коа ке се гушнеме еден во друг тогаш чуствувам исполнетост и мир .....тоа ме прави срекна :)
     
  6. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    632
    Кога сите дома че се собереме, ќе правиме смешки... Кога се смееме со другарките...
    Кога се смеам од душа, и почнуваат солзи од очите да извираат :$
    Кога си плачам, кога ќе си олеснам...
    Кога сум пред пат, на аеродром, убаво се чувствувам и сум среќна...
    Кога сум самостојна :)
    Кога братчето ќе напреди
    Кога на сите други им оди добро и мајка ми е среќна :wasntme:
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    36.089
    Заеднички ручек со моите...
    Кога слушам добра музика, и пуштам мислите да пловат.
    Љубење. Со него. Точак, парк, лимонада и колаче во Апче.
    Другарките. Со нивните смешки и постоењето толку независно.
    Мачиња. Мали животинки. Планетата земја.
    Зеленилото во парк кај мене позади зграда. Зумбулчињата и јоргованите што цутат. Магнолиите и јапонските цреши на Максим Горки.
    Липите на Партизанска.
    Очите на насмеаниот човек.
    Шопинг со даде и шетање низ Чаршија.
    Вардар. Знае да ми даде многу енергија.
    Ме прави среќна секоја нова идеја. Сите бои од виножитото. Сонцето наутро кога си одам на работа и ме пече во грб. Ѓеврекот поделен со околните врапци.
    Бабичките што продаваат нарциси на пазарот кај Буњаковец.
    Сладоледот во 12 по полноќ со Иван.
    Бескрајните философирања со Фиши.
    Смеењето по улици со Биси.
    Гушкањето со него секогаш и секаде.

    Ме прави среќна секоја мала ситница што во калеидоскопот на животот, значи многу.
     
  8. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.975
    Среќна ме прави моето маче кое што ми ја влечи цела мегативна енергија од мене, моето момче и секој миг поминато со него,неговите прегратки, бакнежи,нежните зборови од негова страна, ме прават среќна миговите поминати со моите пријатели, секој пат кога ќе се смееме до бесвест со нив, потоа секој миг поминат со хармонија дома, но најмногу од се ме прави среќна животот значи тоа што постојам во него.
     
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    3.864
    Пол:
    Женски
    семејството и дечко ми
     
  10. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    962
    Пол:
    Женски
    Среќна ме прави кога го постигнувам тоа што сакам, кога сум задоволна од самата себеси, кога сите што ги сакам, и сите околу мене се среќни. Ме прави среќна љубовта што ја давам и примам од сите мои сакани.
     
  11. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    2.033
    Среќна ме прави кога ќе видам дека сум успеала да го направам она што подолго време сум го посакувала
    Среќна ме прави семејството
    Среќна ме прави готвењето
    Среќна ме прави неговиот глас, насмевка
     
  12. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    720
    Кога ќе успеам во нешто што одамна сум го посакувала.
    Фамилијата, заедничкиот ручек во природа кога сите сме заедно и се смееме.
    Родендените.
    Кога ќе видам некој што ми е многу драг, а не сум го видела веќе подолго време.
    Празниците, како Божиќ, Велигден, онаа празнична атмосфера.
    Добра музика.
    Глумата.
    Лудото смеење со другарките.
    Пролет.
    Зима.
    Кога имам можност да помогнам некому.
    Добра книга.

    Ме прават среќна многу мали работи, кои мене, многу ми значат. :)
     
  13. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    142
    среќна ме прави коа сум во позитивно друштво, коа слушам музика, додека се бањам :)
     
  14. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    200
    еден добар збор е доволно да ме некој направи среќна
     
  15. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    359
    Многу нешта можат да ме направат среќна,малку треба за мојата среќа.
    - Убав збор
    - Насмевка од личноста која ми значи.
    - Гушка
    Знам да се радувам на мали и навидум безначајни нешта,не ми треба многу не сум комплициран карактер па да барам бог знае што. Едноставни ситни мали секојдневни нешта знаат да ме направат среќна.
    Но често знам да бидам и несреќна поради,ситни мали секојдневни нешта,луѓето понекогаш навистина знаат и тоа како да те направат несреќна.
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    193
    Син ми, сопругот и целото потесно семејство , другарките ,а понекогаш и парите знаат да ме направат среќна. (значи ако имам пари ме прави среќна шопингот, патувањата со сопругот итн.)
     
  17. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.386
    Ме прави среќна кога сум со сопругот,се смееме,кога сме здрави,некогаш кога ќе го налутам,па да му престане лутината му правам десерт,кога му подарувам подарок без причина,
    Ме прави срекна кога куценцето ми е весело,скока,сака да се мази,
    Ме прави срекна моето мачорче кога ми се умилкува или вришти на мене кога е лут тогаш е најсмешен
    Но најмногу ме прави срекна кога ке помогнам некому кој е во невоља,или некому кому му е потребна помош,кога на гладна душа и го подарам мојот појадок кога ќе ја видам нивната насмевка тогаш сум најсреќна
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Во последно време ме прават среќна брат ми ( всушност секогаш ме правел среќна, ама особено сега кога сум по цел ден дома ), другарките и он. Ме прави среќна кога брат ми ќе ме гушне силно, силно, кога се смееме заедно, кога се шетаме заедно. Ме прават среќна долгите разговори со другарките, излегувања, кафиња, трачарења. Ме прави среќна кога ќе добијам порака или повик доцна навечер од него.
    Ме прави среќна тоа што конечно оваа година ми се подредуваат коцките, се‘ ми е толку убаво. Тоа ме прави особено среќна.
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.631
    Допаѓања:
    232.931
    Љубовта и хармонијата во врската.
    Стабилното здравје, моето и на моите најблиски.
    Исполнувањето на сопствените цели, планови и соништа.
    Друштвото и моментите со моите најблиски.
    Универзитетска диплома.
    Добра работна позиција.
    Шетање низ државите.
    Удобен живот.
    Вкусна храна или некое коктелче.
    Дебело конто.
    ......многу секојдневни ситници
    но најчесто погледот во неговите очи е доволен за да почуствувам спокој и среќа.
     
  20. mid

    mid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    11
    Моето семејство, кога сме сите заедно и насмеани
    Мојата љубов без која не можам да се замислам ниту еден ден!
    Друштвото со моите другарки!
    Кога знам дека сите што ми значат се здрави, среќни и успешни!
    Одмор од соништата!
    Добра забава
    Убава кола
    и сега најсреќна би била кога би ја положила матурата!!!