Сите сме на некој начин поинакви од другите. Оваа тема е наменета токму за овој 'феномен'... Пишувајте ги вашите навики, желби, начин на живот, кои, во очите на другите ве прават - ЧУДНИ. Ќе почнам јас... чудна сум затоа што не пијам кафе, ниту пак некогаш сум пробала да пијам... Во моето семејство се пие кафе, во друштвото исто така... ама јас не пијам кафе! Без никаков повод или причина... А на некој начин и горда сум на тоа... Понатаму чудна сум затоа што не пцујам на глас... само во памет Понатака.... чудна сум, затоа што кога не ми се јаде, можам да измислам вкусови на јадењата кои се невозможни за секој друг човек... На пример, турли тавата може да има вкус на гума, а макароните на `рѓа... ...to be continued... И така.. си се вбројувам во групата на чудаци... многу се радувам на разликите меѓу луѓето, мислам дека не прават уште поубави, и ги сакам сите мали нешта кои се невообичаени и специфични за одредена личност... се разбира, се си има граници! И така очекувам дружба и во оваа тема, да прочитам многу интересни ваши специфични навики и lifestyles... и да се посмееме!
чудна сум им на луѓето кога во еден момент спрема едни луѓе сум темно како облак,(како светот да ми се срушил пред очи) а пред други сум насмеана и расположена како некое мало дете.....дечко ми вика не си близнак во хороскоп а имаш гадни две лица што те извлекуваат во секоја ситуација... а јас викам...имам многу лица кои ги употребувам за разни ситуациии,тоа ме прави чудна,во рок од 5 мин јас имам добра глума....друго лице друг карактер веќе 6та,се е различно... чудна сум му на луѓето кога така мирно и спокојно си препишувам на секој испит(пак игра улога она слако лице) чудна сум им на мојте дома што знаат дека за се што имам сонувано и посакувано ми се има остворено(и до крај да знам дека нема да се остваре јас го правам остварливо)сите соништа до сега во животот ми се реалност............и тоа ме прави многу среќна...... сега за сега толку може ќе ми текне понатаму
Чудна сум што ништо не ме интересира и кога ќе се зазбори цело друштво за нешто интересно јас летам со мислите, колку и да несакам. Чудна сум што некои јадења што ги обожава цела популација, јас неможам ни да ги мириснам Чудна сум што неможам течно да зборувам, туку некои букви и не ги изговарам, па често знам да го повторам истиот збор 10 пати додека не го трефнам како што треба Чудна сум што и цел ден да сум работела, не легнувам да се одморам, а и да легнам не ме држи место повеќе од 5 мин.
И мене ми се дешава тоа првото, многу често... најбитно од се, не летам за нешто битно... туку онака, за нешто без врска...
има премногу вакви теми што се однесуваат на нашиот карактер и особини,цело време се повторува и врти едното исто
Јас баш пред да ја отворам темава, погледнав да не има нешто слично... Нова сум на форумов, па може сум зезнала
Хах и јас како Аннни умеам толку вешто да препишувам па макар и на најстрогите професори, а притоа да се правам дека се е во ред. Иако не може по тоа да се наречам чудна. Не знам, мене темава ми е малку чудна
Чудна ме прави тоа што не носам ролки.Мислам дека ме гушат. Чудна ме прави тоа што не ја дигам косата и шишките во исто време. Чудна ме прави тоа што не јадам грашок, леќа, боранија ни некоја чорба. Чудна ме прави тоа што се смеам на се и сешто! Чудна сум.. многу
Не се шминкам,не идам у штикли у град не одам во град на кафе [глупо ми е седнале така 3 часа се гледаат едни со други кој што облекој со кој дошол глупости] Читам премногу книги со секое одење во библиотека зимам по 2 книги и ги читам за 4 дена..вљубена во книгите хахах Сакам да готвам по дома место да губам време по занимации што сите други тинејџери на мои години ги прават ...ЧУДНА СУМ
чудна сум по многу работи.... ....па вака чудна сум по тоа што сите можат да пијат алкохол ама јас и тој не се миришеме баш.... значи не го поднасам алкохолот чудна сум по зборот значи... ретко го испуштам... чудна ме прави тоа што не јадам праз... чудна ме прави тоа што многу ретко носам очила за сонце...и тоа кога носам се осекам глупаво чудна сум по тоа што сум голем инат....не попуштам!!.... и така ред други работи...кои не ми текнуваат....
Чудна сум по тоа што сумЕдниствена Чудна сум по тоа што не јадам грашок,боранија Чудна сум по тоа што сите околу мене ги расположувам,секогаш кога се тажни знам да ги подржам,да им дадам добронамерен совет или критика Чудна сум по тоа што сум многу директна-секогаш го кажувам тоа што го мислам Чудна сум по тоа што кога имам право не дозволувам да молчам Чудна сум по тоа што имам бујни фантазии, и секогаш им се допуштам на соништата да ме водат низ пречките на животот
И мене темава ми е чудна. За постот над мене: Што има чудно во тоа што не јадеш грашок и боранија? Се кладам дека пола и повеќе девојки на форумов не можат да ги смислат. Сите сме единствени. Нема ништо чудно во тоа што си ги браниш своите ставови. И се согласувам дека има премногу вакви теми низ форумот.
Чудна ме прави тоа што не пијам кафе и немам фејсбук! Чудна сум затоа што не се шминкам и не губам време на дотерување!
Тоа што ретко се шминкам, никогаш не носам штикли како и фустанчиња и суќни... (ама како што причитав не сум единствена.)
Можеби сум чудна што не сакам да одам на места каде што има многу гужва или места каде што излегуваат сите... Попријатно ми е да си седнам на кафенце..и да си правам на раат муабет