Што е она што ве направи посилен верник?

Дискусија во 'Религија' започната од Mr.Limonko, 26 јуни 2025 во 00:49.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Машки
    Ја отварам темава за секој да може да продискутира, за она нешто што му се случило во животот и поради тоа почнал повеќе да се посветува на верата.
    Не е важно на која религија припаѓате темата е отворена за сите.
    Може да се дискутираат следниве прашања :
    1. Дали постои нешто што ви се случило и поради тоа почнавте да се доближување до верата?
    2. Дали сами решивте без причина да бидете поголем верник?
    3. Дали некој ви беше инспирација?
    4. Дали некој прочитан стих од света книга?
    5. Дали нешто од минатиот?
    ...

    Јас би почнал прв со својата приказна..
    Неколку години наназад бев атеист, славев празници бидејќи сите славеа и не ме интересираше зошто и како. Потоа запознав една девојка која беше верник, ја запознав додека таа постоеше велигденски пост, многу ме воодушеви тоа и колку повеќе ја запознавав почнав да верувам во господ. Повторно не бев некој верник, одев 2-3 пати годишно во црква, не читав библија, ама верував. Полека се засакавме со девојката и сеуште бев воодушевен како успева да ги испости постовите, јас постев последните 2-3 дена само.
    Откако дојде крајот на врската со истава девојка, јас многу бев скршен, немав никого и единствен спас видов во Бог. По испотен прв велигденски пост мислев Бог ќе ми ја врати, но не како уште повеќе да ја одалечи, бев гневен и лут. После зборував со свештеник и тој ми помогна многу, и ден денес зборувам со истиот свештеник.
    Ете сега читам Библија и се осеќам многу поубаво и психички и физички..
     
    На sonuvana, kuc и LocoCroco им се допаѓа ова.
  2. Freedom Fighter

    Freedom Fighter Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2025
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Како тема отсекогаш ме интересирала религијата и у друштво главно сме збореле за тоа и сме се препукувале а ја одувек сум бил на страна дека постои Бог.
    Од дома не се верници, татко ми повеќе накај агностик, другиве ради традиција мајка ми повише суеверна отколку верник е, дедо ми беше хц атеист, едино баба ми можда малку посериозно и посмислено ја сфаќаше верата,
    сестра ми не се замара со религија али као агностик е нешо.
    Не можам да се сетам на преломен момент имало многу ситуации кај што сум нашол утеха, сила и спас во Бог.
    Били Грејм почнав еден период да го слушам а пред неколку години се зачленив у српска група на христијани и со нив се водеа секојдневни разговори и читање Библија во кои се повеќе уживав да ги слушам

    и така..
     
    На El Proffessor, LocoCroco и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  3. Aleks.mar

    Aleks.mar Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Имав тешка сообраќајна незгода одамна која се случи на ден Велигден сабота спрема недела. Се разбудува од кома на 3тиот ден Велигден. Она што го "сонував" за тоа време е стварно језиво. Луѓе верници со кои сум разговарала сметаат дека сум се вратила од кај мртвите и дека тие не биле соништа.
     
    На Joanna28, sonuvana, El Proffessor и 11 други им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.727
    Допаѓања:
    15.386
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум го мислела ова вака, што би ме правело поголем верник (идеално за раѓање суети).

    Ако нешто сум научила, тоа е од човек ништо да не чекам и сум тој тип да оставам до крај (за било што) на Господ и пре би да чекам до последен момент. Не постои таков на кој во целост би се потпрела и секогаш сум со некој скептицизам оти сум видела доста превртливости и сум била шокирана за луѓе со кои би потпишала мижејќи. Од друга страна, секогаш ми се наоѓале (непознати) луѓе за да ми го побијат ова погоре и никнеле од нигде-негде. Не мислам дека е некоја светска рамнотежа или чудо, едноставно НЕ секој е изрод.

    ..би кажала дека тоа се должи на мнооогу пресвртни моменти и настани; од „човечки сигурности“ бегам ко ѓавол, исто и од луѓе кои се претставени и „наклонети“ лажно на било каква идеологија. Мразам кога вера се користи во било каква пропаганда и воошто не сакам такви кои зборат со еден вид побожност за некој над нив. Нема човек кој е над друг човек во повисока смисла. Скроз можам без луѓе, не сум фанатик да се клањам на „движечки“ фигури. Ни пропагирам нешто (сум на тоа дека на човек сам ќе му се даде и открие тогаш кога треба), нит па сакам некој да ми пропагира. Сметам дека нема потреба никому да се правдам за тоа како сум дошла до тоа да имам вера во Господ. Мое е, лично е.

    Стоење во православна црква во првите редови не е показател колку тоа некој е пред вас. Исто, тие што се позади не значи дека ќе бидат последни. И лицемерието од побожности е доста вкоренето во црквите, многу експонирање за ревности често завршува фатално кај верниците кои имале потенцијал за нешто повеќе. Можам да насетам прави верници и ако сум искрена дали двајца сум видела за сиве овие години.

    Сумирано, од луѓе нема ништо добро. Само е добро кога човек сам ќе си тргне, ќе си го исправи патот и помисли да тоа што го прави биде согласно божјата волја и сè во што ќе се стреми ќе му се даде.
     
    На sonuvana, kuc, mickey18 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.949
    Допаѓања:
    130.356
    Пол:
    Женски
    Не би го употребила изразот „поголем верник“, туку посилен. Тоа не треба да се мери по големина.
    Имав повеќе средби со смртта, од кои една беше баш преблиску. За малку можеше да биде готово.
    Не е дека ми треба посебна причина. Вербата ми дава утеха дека бар за некого од горе вредам штом многу тешки предизвици ги поминав иако немав јаки шанси.
    Не сум совршена, но и онака никој не е. Следам според сопствените убедувања, не одам целосно по шемата.
     
    На sonuvana, Aleks.mar, Eunoia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Машки
    Сега и јас мислам дека насловот би бил по добар да е така... Незнам само дали можам да го сменам сега и како да го сменам..
     
  7. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    4.352
    Пол:
    Машки
    Наредени ми се работите по ред во животот, верувам дека и понатаму...ќе биде така, затоа. :l:
     
    На El Proffessor, Eunoia и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  8. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Женски
    Седум-осум години имав проблеми за кои не би сега да зборувам, знаев дека постои Бог, ама лутав помеѓу верите, по нешто ќе читав за Ислам, за Јудаизам, Католицизам, за Протестантите, само од Православие бегав.

    Еден ден додека гледав емисија на Discovery, за Ерусалим, и слушав за молитвени правила кај различни вери нешто од внатре ме натера да барам и за православие и го најдов дневното молитвено читање на Псалтирот што монасите го практикуваат, кои Псалми, во кое време се читаат (се сеќавам и на форумов прашував). И како некоја виша сила да ме водеше две-три недели го правев и јас, и тоа без никаква потешкотија. Од тогаш се вратив на нашата вера, почнав и в Црква да идам. И проблеми веќе немам. Тоа беше моето второ раѓање :)

    Не дека и сега сум некој голем верник, ама се трудам колку можам да идам в Црква, да постам редовно и да си се молам (да си му кажам на Боже шо си ме мачи и ако може да ми помогне), кога како ќе можам. Ама дефинитивно втор живот живеам, на маките скоро и да не се сеќавам, како друг тоа да го живеел. Лекува нашата вера, само Божја воља е кога и како ќе се излечиме од страдањата кои ги имаме.

    Далеку ми е од совршен животот, ама друг живот живеам. Воопшто не личи на претходниот и нека не ми се враќа, зад мене нека остане се.
     
    На sonuvana, El Proffessor, Milobebence и 8 други им се допаѓа ова.
  9. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Имав тежок пост-породилен период.
    Мала скоро никаква поддршка, плус додатни непотребни стресови.
    Вербата ме држеше да го туркам денот. Да верувам дека страданието е со причина. Дека ќе излезам посилна.

    Излегов навистина посилна и сум благодарна. Многу сум благодарна, испадна дека имало зошто така било.

    Пред ова немав некоја причина да сум верник, празници славев стандардно.
    Ниту имав доживеано некој таков настан.

    Не следам постови и правила, само посилно верувам од порано.
     
    На eliesaab, Eunoia, Rozevata и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    9.386
    Пол:
    Женски
    Нема такво нешто што не прави поголеми верници или помали.
    Бог на сите гледа еднакво.

    Јас не знам дали би дала сведоштво на темава, и не знам дали "спаѓам во таа група верници".

    Сум имала доста бури во животот, што лични, што семејни, ама имав ете таква можност да се сретнам со Бог негде во тинејџерските години. И сум преблагодарна за тоа, затоа што после тоа сите тие бури што ми ги носел животот и кога станав посвесна и повозрасна постојано тоа ми беше единственото нешто што ме држело на мирно тло дека не сум сама, дека колку и да е тешко Бог е со мене, и кога сум мислела дека сум сама, дека немам никој, секогаш се сеќавав и се вртев кон Бог, и знаев и сеуште знам дека е тука, секојдневно.

    Што реков дека не знам дали спаѓам во таа група верници, тоа е затоа што ете јас не одам секоја недела на литургија, не ги постам големите постови...и др. Одам во црква кога јас осеќам потреба да отидам.
    За молитва гледам да практикувам секој ден да се молам и заблагодарувам воедно, библија најчесто читам кога барам некој одговор од Бог на мое прашање.
    И не сметам дека ова ме прави помалку верник од некој друг, затоа што си го знам срцето и душата, затоа што исто и Бог го познава моето срце и мојата душа, затоа што он ме љуби баш таква каква што сум.
    И тоа ми е најбитно во животот.
    И за крај би завршила со еден стих од библијата, што ми е врежан во мислите секогаш, а поврзан е со ова.

    Јован 3:16-17
    Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
     
    На sonuvana, Aleks.mar и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.247
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    Ако го прочитавте воведниот пост ќе видевте на што мисли авторот на темава. Го сменив насловот да биде појасно и да нема забуни понатаму.
     
    На Aleks.mar, Rozevata и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  12. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Женски
    И да, ќе заборавев. Ќе се самоцитирам за да се надоврзам.

    После сите случувања, и родителите, и брат ми, сите почнавме заедно да постиме. Но само јас и мајка ми идевме поредовно на Црква. И тоа некако не зближи, верувам сите најдовме мир каков што само Бог може да го даде.

    А најинтересно од се е тоа што долго време пред ова мене да ми се случи мајка ми редовно палела свеќи и се молела за мене да бидам добро и да се свртам кон Бог. Ја и не знаев дека иде на литургии, бидејќи не живееме заедно во ист град. И ете ме :)

    Последниов период нешто и не бев редовна во духовноста, дури и постот ми беше повеќе како диета, ме зафати малку овој земниов свет, ама еднаш со дечко ми ни текна да отидеме заедно на литургија. Претходната вечер мајка ми ме сонела в Црква како идам и како сме се расправале дали го сакам или не го сакам Исус Христос, а ништо и немав спомнато, се немавме слушнато претходно.

    Да се разбереме, не дека мајка ми е нешто света жена или има некое огромно смирение, баш напротив, најобични луѓенца сме, ама верувам во моќта на молитвата кога таа е од срце, зошто и мене ми се исполнувале кога биле по Божја воља и со најдобра намера.
     
    На sonuvana, Milobebence, kuc и 2 други им се допаѓа ова.
  13. UnderTheSun

    UnderTheSun Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    69
    Верата ме направи поголем верник. И бидење и сведочење околу луѓе кои навистина ја живеат. И строга дистанца од оние кои не. И увидување на резултатите од истото.
     
    Последна измена: 28 јуни 2025 во 12:26
    На eliesaab, Aleks.mar, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.