Здраво на сите ... Пред некое време на нет налетав на интересна статија со наслов „ Every successful relationship is successful for the same exact reasons “ Ме интересира вашето мислење : Дали се сложувате со статијата? Доколку сте во успешна и долга врска/ брак кои причини и што ја задржало врската ? Доколку се упропастила врската од кои причини се упропастила ? Извор : https://qz.com/884448/every-successful-relationship-is-successful-for-the-same-exact-reasons/
Лојалност, посветеност и искреност. Овие три нешта се цврст темел за нешто неуништливо ако се практикува и од двете страни, односно обострано да е. Речиси секоја врска која пропаднала и недостасувало нешто од горенаведените. Според мое искуство ова, а и примери што сум гледала околу мене.
Пред се доверба, па после тоа иде лојалноста, добра комуникација, привлекување т.е страст кон партнерот(освен љубовта, се подразбира секако).
Најважно е партнерите да не бидат себични, да знаат да простуваат, да има компромис, баланс, добар секс и секс и секс и баланс, помагање еден на друг, заеднички афинитети..секс......
Стварно не знам... Можеби некој не е створен за заеднички живот? Со статијата сум некаде до пола, и генерално се согласувам, но во пракса е секогаш поинаку од сите можни совети што си ги читал...
Нема дефиниција, склоп од карактеристики и баланс на нештата, заинтересираност е можеби најклучната работа посебно на сам почеток. Понатаму се разграничува барањето на поседување на физички и менталитетен склоп кој може е бараниот, можеби нов и прифатлив или едноставно незадоволителен. Точно мерило нема затоа што сите сме различни. Ако капачето не е во комплет со лончето може и друго капаче изненадно совршено да се совпадне.
Најбитно во врската е партнерите постојано да комуницираат меѓусебе. Ако не успееш да воспоставиш добар начин на комуникација - ќе падне во вода и одличниот секс и довербата и сè по ред. Што ќе ми е добар секс, кога партнерот не умее да каже што му е проблемот во одредени ситуации кога се расправаме, избегнува дискусија или наоѓањето решение или компромис се сведува на неконтролирано урлање од двете страни. Налет и доверба и сè, ако не сте спремни да вложувате во меѓусебната комуникација или ако едноставно не умеете да воспоставите никаква комуникација и со отворени карти да разговарате за сите нешта кои се јавуваат како можни препреки во врската.
Многу фактори се пресудни за успех, но дефинитивно, арно велеле старите при честитање по свадби - да им оди муабетот на младите!!
За мојата долго годишна врска која прерасна во брак најважно беше довербата, почитувањето, разбирањето и големата љубов. И цел ден да бевме заедно малку ни беше. Исто многу е важно да нема инает, или да чекаш другиот прв да те побара,. Секогаш треба едниот да попушта малку.
Толеранција. Обострано прифаќање на доблести и маани на другиот. Да не очекувате и настојувате некој да се смени само поради вас туку да го прифатите таков каков што е
Со цел да ви го заштедам времето еве ви направив едно сума сумару од сите предходни мислења погоре во врска со тоа што ви треба за успешна врска: 1. Искреност 2. Посветеност 3. Лојалност 4. Да сте на инста фрекфенција 5. Добра комуникација 6. Доверба пред се' , 7. Привлекување т.е страст кон партнерот 9. Љубов меѓу вас 10. Искaжувaње нa емoциите 11. Верност 12. Да не бидете себични 13. Да си простувате 14. Компромис 15. Баланс, 16. Добар секс 17. Да ви оди муабетот 18. Почитување 19. Меѓусебно прифаќање на доблести и маани. 20. Нема некоја посебна дефицинија и ова е многу тешко прашање. Епа драги мои тоа е се, сега на вас останува да се фатите за работа и да ги развиете сите кличеви за успешна врска, Среќно, Keep it real, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
@Читател една замерка на погрешно место ти е љубовта.. мислам ако одиме по ред како шо имаш пишано и да во право си тоа е тоа..
Хмм, се сложувам со се што е погоре напишано. Но би додал, за успешна врска треба са си слеп за маните на другиот, што значи да ги гледаш добрите особини кај партнерот, но да ги игнорираш лошите.