Форумџика на годината

Што е потешко, да се пишува добра проза или добра поезија?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Tanjamm, 8 август 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    12.881
    Порано мислев дека да се пишува проза е потешко, но кога добро ќе размислам, тешко е да се пишува и добра поезија, и добра драма, и добро хаику, ама се е тешко и бара талент. Инаку, гледав една српска емисија, зборуваа за добри книги, како се создава добра книга, при што една од гостинките истакна дека таа пишува поезија и дека тоа е потешко, таа мора да услови читатели на прва со емоција, затоа што не е тоа роман па да привлече со добра приказна. Кое е вашето мислење? Фемина читателки ајде да се размрдаме малку и да размениме мислења.
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda и Anah им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека да се напише добра поезија е многу, многу потешко. Многу е важна играта на зборови што ќе ја употреби поетот за да привлече внимание и да остави впечаток, а да не биде сакам кажам, не знам речам. Да има суштина пишувањето. Не е секој надарен за пишување поезија. Посебна уметност ми е поезијата :l:
     
    На _beautyy_, minne992, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  3. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    11.352
    Пол:
    Женски
    Поезија би рекла.
    Мораш соодветно да се изразиш користејќи многу помалку зборови.
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.319
    Пол:
    Женски
    Според мене најтешко е да се напише поезија. Треба голем талент да се има и инспирација за тоа.
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. bambina carina

    bambina carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    :rofl:


    За да се пишува треба креативност и љубов кон работата.
    Ако ти е тешко, подобро не пишувај ништо и најди си друго хоби или професија.
     
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Поезија
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    12.881
    Не зборувам за мене, туку општо, што според вас е потешко како жанр. Ако човек нема талент може да напише и 10, 20 книги, и нема да допре до никој. Јас сум инаку страствен читател, па реков ајде една ваква тема.
     
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.332
    Пол:
    Женски
    Зависно од талентот. На некој му е полесно да се изрази со стихови, на друг со реченици. И двете се тешки за човек без талент, а тој што го бива едноставно сама му тече мислата. Затоа не може секој да биде поет или писател. За поетот е полесна поезијата, за писателот прозата, за останатите двете се тешки :) збораме за добра проза или поезија
     
    На Tanjamm и Осе им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.230
    Допаѓања:
    181.488
    Проза.
    Поезија ко поезија, ќе склепаш една страна зборови.
    Оди одржи приказна, наратив, да изградиш карактери, да пренесеш мудрост за да биде роман. Сум чула дека се учело пишувањето, ама некако не ми се верува. Мислам да, може да има структура и форма на роман, ама дали секој роман има вдахновение? Како разликуваш добра од лоша книга? Ако не ми остане во главата со години, веројатно не била сензационална. А малку се такви, оти е тешко.
     
    На ane.bella, Angie1432, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bronx Gang

    Bronx Gang Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2022
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Поезија.
    Емоцијата се пренесува преку ритмичност во стиховите во лимитирана форма. Поетот мора да допре до читателот преку изразена сентименталност.

    Прозата пак не е лимитирана, може да се развлекува, изборот на зборови е послободен, нема ритмика.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    Не е тешко на оној кој умее да се изрази, било проза или поезија. Пишаниот збор (треба да) настанува природно, без форсирање. Впрочем во тоа и е убавината. Не може секој да биде поет ни писател. И богат речник не значи и дарба за пишување. :)
     
    На Iv531, Dumbledore, _beautyy_ и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    23.509
    Пол:
    Женски
    Поезија. Вешто напишана поезија го има моето срце. Игри со зборови, многу метафора, емоција, двосмислено значење кое секој различно може да си го откопча... that's my shit.

    Но, морам да кажам дека не го замислувам процесот на пишување како нешто тешко или лесно. Кога ќе се поврзеш со својата креативност и имаш инспирација, тоа само си доаѓа, душата ти го пее она за кое е створена. Одговарам чисто поради тоа што мене поезија многу повеќе ме воодушевува и допира.
     
    На st-el, _beautyy_, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.200
    Допаѓања:
    8.929
    Пол:
    Машки
    Некако... двете ми имаат подеднаква тежина. А со помош на соодветна мотивација двете се подеднакво лесни.
    Кога пишувам поезија, ритмичките стапки, римата и групирањето на стиховите ми доаѓаат природно и брзо.
    Прозата, од друга страна, ја сакам бидејќи може да долови поголема слика.
    Инспирација генерално ми доаѓа од негативни чувтва, немир или болка, така да не секогаш ја имам за да напишам нешто сериозно.
     
    Последна измена: 9 август 2022
    На Tanjamm, Ugly Duckling и minne992 им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    12.881
    Точно е дека денес има многу работилници за креативно пишување. Според мене само некоја основа ќе се даде со тоа и толку. И точно е дека богат речник сам по себе не значи и дарба за пишување. Сум читала писмени автори, ама неталентирани, стерилно пишуваат. Секој жанр си има своја тежина. На 12 години читав македонски драми и тие не се лесни за пишување. Но, за добро дело талент мора да има било поезија, проза. Сум читала романи каде има само благ почеток, некој површен влез, заплетот е растегнат до степен да го нема и крајот нема никаква врска со почетокот, буквално како да искорнеш бор и даб и да ги накалемиш едно на друго.
     
    Последна измена: 9 август 2022
  15. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Што и да пишуваме е тешко ако не знаеме да се изразиме, ако е знаеме кој конкретен збор да се употреби. Треба да се има голем речник за да може да се пишува проза и поезија, а притоа да биде интересно и примамливо.

    Би избрала поезија, бидејќи во прозата имсм некако поголема слобода, во поезијата како да ми се поставени граници.
     
  16. Ekvador

    Ekvador Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2022
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Машки
    Poezija e potesko, proza moze sekoj, ama poezija treba da si inventiven
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Ако не си талентиран и едуциран за пишување, и едното и другото е тешко.
     
    На Аргентина *, _beautyy_, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.192
    Пол:
    Машки
    Поезија е „ловење“ на вистински зборови во дадениот момент, борба за тоа да ги усогласиш внатрешните импресии со соодветните зборови, иако бара осмислување, отпосле, како постпродукција на мислите, проза е како да градиш катедрала, потребна е цела статика, мерење, и премерување, дејство, ликови, рамнотежа, почеток и крај. Роман дефинитивно е најтешка прозна форма за пишување. Ама најтешко, убедливо, е да напишеш книга што е возбудлива како роман, ама не е фикција.
     
    На poenta, st-el, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  19. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Потполно се согласувам особено кога станува збор за нешто што ќе те одвои од толпата, роман по кој ќе се рече е ова е дело на Виктор, а не да се стопи со повеќето прозни дела напишани и извадени како до калап, колку само да се напише нешто.

    А способноста за пишувањето нешто што ќе остане како уметност, како некое врвно дело е вроден талент, ама и да го имаш ако не го негуваш и развиваш е џабе, независно дали станува збор за пишување поезија или проза.
     
    На Tanjamm и Vikktorr им се допаѓа ова.
  20. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.935
    Пол:
    Женски
    Ако си талентиран ќе нема да биде тешко ни едното ни другото.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.